Надоградба и оддржување на PANTHEON

Деловно-информациониот систем е ‘жив организам’, кој постојано треба да се менува и прилагодува. Споредните барања (на пример: законските промени) навестуваат нова верзија на програмска опрема, додека уште повеќе промени и подобрувања на основа на сопствениот развој и напредок на информациониот систем, кои го прават уште подобар, пофункционален, постабилен и ефикасен. Истовремено се менува и технлогијата, која е основа на инфомациониот систем.

Надоградба

Поради сето наведено потребно е да се надоградува програмата на нови верзии. На надоградба имате право, доколку имате вклучен договор за надоградба односно договор за освежување.

Надоградувањето на PANTHEON излегува на секои три месеци. Надоградувањето можете да го направите сами, или да го препуштите на Вашата поддршка – овластените партнери, или Даталаб. Цените за надоградба на PANTHEON зависат од бројот и типот на лиценци, кои корисникот ги има и се пресметува како одреден процент од вредностите на постоечките лиценци.

Оддржување

Поимот оддржување ги подразбира сите активности, кои се потребни за правилно работење на програмот, поради тоа што опфаќа помош за подесување, надоградба и миграција, општа поддршка при употреба на програмот и слично. Исто така нудиме и повеќе пакети за поддршка и одржување со кој добивате и додатни погодности.


Постапка на надоградба

1. Чекор – Идентификација

При стартување на надоградбата Даталаб PANTHEON праќа податоци на мрежниот сервер која верзија е инсталирана. Корисниците може да имаат различна фреквенција на корисници, така што корисникот А надоградува програмската опрема на еден месец, корисникот Б се враќа на претходната верзија, а корисникот Ц последен пат има надоградена програмска опрема пред шест месеци.
PANTHEON не испраќа ни еден податок на мрежниот сервер освен системските податоци од инсталираната програмска опрема. Заштитата на корисничките и деловни податоци при надоградбата е загарантирана.

b

2. Чекор – Посредување на регистрациски кодови и список на промени

Мрежниот сервер од посредуваните податоци за подесени верзии кај корисникот составува список на промени потребни на корисникот за подесување на нова верзија.
Доколку корисникот добил нови лиценци (на пример: зголемување на бројот на лиценци, постоење на договорот за надоградба или нови модули или промени на лиценцни модели), мрежниот сервер пресметува нови шифри на авторизација и ги праќа во PANTHEON.

3. Чекор – Пренос на промени

PANTHEON на основа на списокот на промени бара од ftp серверот пренос на новите верзии на програмата и ги поставува истите во директориум за надоградба на локалниот сервер, кои потоа ќе се инсталираат на корисничките единици во претпријатието.
Со оглед на тоа што, интернетот знае која верзија корисникот ја има инсталирано, не пренесува комплетна надоградба од првата верзија па натаму, туку само список на промени, кои се релевантни за крисникот и верзијата која во моментот ја има инсталирано. Така наместо да се пренесува 60 МБ податоци, потребно е да се пренесат во просек околу 10 МБ податоци. Трошоците на корисникот за надоградба на тој начин неприметно се намалени.

4. Чекор – Ажурирање на базата на податоци

PANTHEON по преносот на новите верзии, започнува со надоградба на структурата на податоци. За време на надоградбата ја поправа структурата на база на податоци, ги ажурира облиците на испис и SQL- постапките, кои се снимени на SQL серверот.

5. Чекор – Инсталирање на корисничките единици

Обично се повеќе единици во претпријатието на кои работи и функционира PANTHEON. Да се избегне надоградба кај секој корисник посебно, PANTHEON при своето стартување проверува дали е на располагање нова верзија и автоматски прави промена кај секој корисник.

Така е администраторот на информациониот систем растеретен, а управувањето на нови верзии е централизирано. Администраторот знае дека со надоградбата на системот на својата единица истовремено ги надоградува и сите единци во претпријатието.

 

Договор за надоградба Цена на услугите

Повеќе информации

За сите додатни информации и прашања побарајте не на 02 3079 231 или на е-пошта: info@datalab.com.mk.

info@datalab.com.mk