


Пракса и вработување
Нашиот основен производ PANTHEON, се користи во повеќе од илјада компании во многу земји од регионот. Нашиот оддел за развој е еден од најголемите во Словенија, се стреми кон постојан развој и бара различни начони за подобрување на софтверските решенија.
Бидејќи сме амбициозни и имаме желба за развој на најдобар производ од овој вид во светот, истото го очекуваме и од тебе. Значајни барања за вработување во Даталаб се познавање на англискиот јазик, тимска работа, и силна мотивација за развој и учење - ние веруваме дека успешните луѓе никогаш не престануваат да учат.
Работната атмосфера вклучува соработка со врвни експерти од сите области и најдобра ИТ технологија. Ако сте заинтересирани дојдете и придружете ни се!
Испратете ни кратка биографија со назнака за позицијата за која аплицирате преку e-mail!
|

Студенти!
Вие сте амбициозен студент, жеден за знаење? Би сакале ли да стекнете искуство и да заработите пари во исто време? Многу студенти од компјутерски науки, економија, бизнис менаџмент најдоа работа во Даталаб. Можете да ги приспособите работните часови во зависност од вашите обврски на факултет, а истотака имате можност за изработка на проекти или дипломски работи. По дипломирањето на најдобрите им се нуди работа.
Контактирајте не!
|