
Datalab Партнери
Претпријатието DataLab е насочено исклучиво кон развој на деловни апликации. Тоа подрачје ни е блиско, тука сме добри, а тоа го докажуваме со постојаниот пораст на бројот на корисници, како во Македонија, така и во сите оние држави каде што сме присутни. За да можеме да го постигнеме тој раст, мораме да се поврземе со партнерите, кои изведуваат различни услуги поврзани со PANTHEON™-от. Партнерските претпријатија со своето знаење и стручен кадар, како и со технолошките ресурси, ги изведуваат сите потребни активности кај крајниот корисник, т.е. кај оние, на кои специфичната апликација им е навистина наменета.
Партнерите во основа ги поделивме во четири поголеми групи – а тоа се:

| Имплементациски партнери Имплементациските партнери го покриваат својот локаленпазар во поодделни држави, каде што ги водат претпродажните дејности, ги имплементираат апликациите кај крајните корисници и истите ги одржуват низ целокупниот циклус на употреба |  | Сметководствени партнери Сметководтвените партнери на своите странки им пружат сметководствени услуги, а истите ги изведуваат на програмската опрема PANTHEON™. |
|
Развојни партнери Развојните партнери се оние кои на јадрото на PANTHEON™-от развиваат дополнителни апликации, кои по правило не се дел од стандардниот ERP програм, но се нужно потребни за нормално работење на некое претпријатие. | | Образовни институции и студенти
Работиме со образовни институции и студенти бидејќи сме свесни дека поврзаноста на теоријата и праксата е клучна за идниот економски развој. |

| Станете и вие Datalab ПАРТНЕР! |
|
|