
Имплементациски партнери
Имплементациските партнери извршуваат бројни клучни активности кои го следат купувањето на соодветна Pantheon верзија.are responsible for a number of crucial activities that are indirectly carried out following the purchase of a suitable version of . Прво, мора да биде имплементиран системот, а потоа неговите идни корисници треба да го добијат потребното знаење и да се извршува неопходното одржување.
Имплементацијата е важен прв чекор реализиран од страна на нашите партнери. Во оваа фаза, се поставуваат параметрите кои го одредуваат работењето на апликацијата во рамка на конкретна компанија; се активираат модулите кои покриваат различни бизнис процеси, и се дефинираат процесите потребни за правилно работење на апликацијата заедно со одговорните лица. Поради комплексноста на процесот, соработката меѓу корисниците и партнерите е многу значајна.
Втората фаза претставува обука на корисниците. Оваа услуга исто така ја извршуваат Datalab партнерите кои се запознаени со работењето на Pantheon апликацијата и системот на операции во компанијата, и кои секако знаат што е потребно да научат крајните корисници. Обуката на корисниците емногу нзачајна, бидејќи ова е единствениот начин да се искористат сите предности кои Pantheon ги нуди.
Последната активност која ја извршуваат имплементациските партнери е одржување на системот. Некои активности за одржување се изведуваат on-line во Datalab центарот за развој, додека други ги извршуваат нашите партнери. Бидејќи одредени услуги за одржување се плаќаат од страна на индивидуланите нарачатели, корисниците потпишуваат договор со партнерот и ги утврдуваат деталите за одржување.
Станете партнер

Нашите Партнери
БРОНЗЕН ПАРТНЕР | СРЕБРЕН ПАРТНЕР | ЗЛАТЕН ПАРТНЕР | Бронзените Партнери се продавачи кои се развиваат во посилни имплементациски партнери и специјалисти за подршка. Тие се високо квалификувани консултанти , обезбедуваат имплементација и подршка, и соработуваат со Сребрените и Златни Партнери. | Сребрените Партнери имаат знаење и експертиза во продажба и имплементација на ERP системи и подршка на корисници. Тие имаат најмалку 4 членови на PANTHEON тимот, сертифицирани кадри и надпросечно задоволни корисници. | Златните Партнери имаат силен, искусен и високо квалификуван PANTHEON тим. Тие се способни да работат со клучни клиенти и нивните корисници се најзадоволни. |

|