ДАТАЛАБ MK Академија - Едукација и Сертифицирање
05-10-09 10:46
DL MK Академијата стартува со активности.
Во текот на месец октомври ќе биде организирано првото едуцирање и сертифицирање на повеќе теми.
Во рамките на активностите на Академијата во октомвриската сесија на сертифицирање ќе бидат опфатени теми во четири групи. Согласно со капацитетите, бројот на пријавени членови за сертифицирање е ограничен. Текот на обуките и сертифицирањето ќе се одвива според даден распоред на теми и термини, и различни предавачи од соодветната област.
Ве информираме дека во првиот пакет на теми за кои ќе се врши едукација и сертифицирање, се вклучени:
Едукацијата ќе биде спроведена на ден: 12.10.2009 /понеделник/, по следниот распоред:
08:00-10:30 Нарачки
10:30-11:15 Пауза
11:15-13:45 Материјално
13:45-14:30 Пауза
14:30-16:00 ПОС
Цената на едукација за целиот пакет изнесува 50 евра, во кој е вклучено:
- Обуки во просториите на Даталаб МК
- Едукациски материјали во електронска форма
- Кафе/Сок/Сендвич
* Доколку сте заинтересирани само за одредена тема, цените за едукација се следни:
- Нарачки / 20 евра
- Материјално / 20 евра
- ПОС / 10 евра
* НАПОМЕНА: Бидејќи понеделник, 12.10.2009 година е неработен ден, за сите оние кои имаат потреба за втор термин, обука на истите теми ќе се врши на 13.10.2009 /вторник/ по истиот распоред . Со оглед на тоа дека бројот на учесници е ограничен, право за избор на термин ќе имаат членовите кои први ќе се пријават. Доколку капацитетот на максимален број на учесници во двата термини е надминат, запишувањето ќе се одвива по принципот “прв дошол-прв услужен“.
Сертифицирањето за првиот пакет на теми ќе се одржи на 14.10.2009 /среда/ според следниот распоред:
09:00-10:00 Нарачки
10:30-11:30 Материјално
12:00-13:00 ПОС
Цената на сертифицирање за целиот пакет изнесува 100 евра.
* Доколку сте заинтересирани само за одредена тема, цените за сертифицирање се следни:
- Нарачки / 40 евра
- Материјално / 40 евра
- ПОС / 20 евра
*НАПОМЕНА: За пријавените членови во вториот термин ќе биде организирано сертифицирање на 15.10.2009 /четврток/ според истиот временски распоред.
Во рамките на Академијата може да се врши сертифицирање без претходна посета на обуките, иако тоа не го препорачуваме. Ве потсетуваме дека како Партнер на ДАТАЛАБ, имате обврска да добиете сертификат.
Сите заинтересирани можат да се пријават на е-маил: ema.tosevska@datalab.com.mk или на телефон 02/3079-231.
При пријавувањето во електронска форма ќе ве молиме да наведете Ваше име и презиме, и контакт телефон. За сите дополнителни информации ќе бидете информирани од страна на одговорните лица од Даталаб Академијата.
Пријавувањето треба да го извршите најдоцна до среда /07.10.2009/, а плаќањето ќе го извршите најдоцна четврток /08.10.2009/ по профактура која ќе ви биде доставена од наша страна, со што ќе го потврдите вашето присуство.
* За Едукацијата/Сертифицирањето може да биде променет датумот на одржување. За тоа ќе бидете известени најмалку 5 дена пред одржување на едуцирањето, и најмалку 2 дена пред одржување на сертифицирањето.
** Услови и обврски за откажување: Може да го откажете вашето присуство на едукацијата/сертифицирањето во писмена форма во било кое време пред истекување на роковите. Рокот за откажување на присуството на едукација е 5 дена пред одржување на курсот. Рокот за откажување на присуството на сертифицирањето е 2 дена пред неговото одржување. Доколку не не известите во предвидените рокови, го задржуваме правото да ви го наплатиме целиот износ.
*** Цените се без вклучен ДДВ.
|