ДАТАЛАБ МК на советувањето на Агенцијата “ПРО АГЕНС“
13-11-09 10:31
Агенцијата “ПРО АГЕНС“ нуди високопрофесионални консалтинг услуги на своите клиенти. Поради веќе усвоените измени во прописите и новнонајавените измени во законската регулатива на Р.Македонија, “ПРО АГЕНС“ имаше стручен мотив да организира Советување за Даночни теми, новините во работните односи, моделот на пресметки на плати во 2010, новите финансиски извештаи за 2009 согласно со IAS 1 (наместо БУ и БС) и друго.
Советувањето се одржа од 17 до 21 октомври на островот КРФ во Р. Грција. На Советувањето беа присутни околу 100 сметководители од различни компании и книговодствени бироа.
Даталаб МК со цел да биде навремено информирана за сите законски промени кои се случуваат во Р.Македонија, присуствуваше на Советувањето. Даталаб партиципираше и со своја презентација на PANTHEON, кој се карактеризира како најмодерно софтверско решение кое постојано се надоградува и во кое се интегрирани сите промени од законската регулатива.
PANTHEON беше промовиран како софтвер кој може да одговори на специфичните потреби на сметководствените сервиси и интерното сметководство на компаниите. Присутните беа воодушевени од она што се PANTHEON им овозможува на компаниите од оваа област. После презентацијата се разви дискусија за современите трендови во сметководството, и беа поставени многу прашања во врска со PANTHEON и неговите функционалности.
|