PANTHEON Accounting

Стабилен, сигурен и законски соодветен

Заштедува време на сметководителите при впишување на податоци. Сите законски промени во програмот автоматски се освежуваат по пат на интернет, со што во секое време ќе бидете во склад со прописите. Сметководствениот програм PANTHEON овозможува развој, деловни советувања и финансиски анализи и сите додатно поврзани услуги.

Računovodenje v podjetjih

 

Сметководствени претпријатија

Со PANTHEON можете да ги можете да ги покриете сите работни процеси во претпријатието: набавка, продажба, производство, сервис и дополнителни процеси: кадри, финансии, сметководство, планирање, развој. Со вас е од самиот почеток кога вам ви е потребен за издавања сметки, до поголемите претпријатија со повеќе филијали и меѓународно работење. Се прилагодува на вашите потреби и работи со други програми како основа на вашиот информационен систем. Поради тоа ви се на располагање поголем избор на верзии со многу функции, кои ги нудиме. Покрај останатите информациони функции нудиме и бројни алатки за полесна работа на сметководителите. 

Основни функционалности

Računovodski servisi

 

Сметководствени сервиси

PANTHEON сметководствениот сервис нуди ефикасен, стабилен, безбеден и моќен сметководствен програм, кој е едноставен за употреба. Со работната аналитика, сметководствените сервиси на своите странки може да понудат деловно советување, има можности за деловни извештаи, кои од PANTHEON се извезуват во PDF, MS Excel или епошта, извештаи и преноси на биланси АПР директно преку интернет. Со помош на хостинг можете да користите без вложување во инфраструктура и оддржување.  Список на сметководствени бироа

Основни функционалности
Certificirani računovodja PANTHEON

Сертифициран сметководител PANTHEON

Сертифициран сметководител PANTHEON, заврши го успешно комплетното образование – и положи ги сите испити од областа на Сметководството, ДДВ и Плати.

  • Со PANTHEON имаме одличен преглед над работењето со своите добавувачите и купувачите (партнери). Имаме увид кои документи сме ги размениле, колку промет сме оствариле со нив, колку им должиме односно колку ни должат,
  • Предефинираното книжење нам ни помага, да не размислуваме за книжењето на сметките и истовремено да ги избегнеме неправилностите при книжење,
  • Автоматските задачи се задолжени, сите деловни промени ажурно да се книжат,
  • Платниот промет содржи готовинско и безготовинско работење, припрема на компензации, извоз на датотеки со платни налози кои ги увезуваме во избраната банка, и увоз на изводи и нивно автоматско книжење, што заштедува време,
  • Голем број на прегледи за побарувања и долгови (отворени ставки, доспеани ставки, најголеми купувачи и добавувачи по промет…),
  • Функционалности (стандардни), опомени, камати и наплата ни помагаат во наплатата на побарувањата на купувачите, кои не ги подмириле благовремено своите обврски.
 Во напредните верзии на PANTHEON е вградена моќна деловна аналитика, која овозможува преглед на работењето на сите нивоа на претпријатието. Така сметководството постојано има увид во работењето на своите клиенти, клучни информации, поради што не е потребно да се пребарува на повеќе места. Информациите и анализите исто така може да се извезат со еден клик на епошта или во MS Excel табела. Податоците може да се прикажат во едноставен облик или во повеќе специфични облици. Значајни податоци од анализа за сметководителите и директорите:

 

 

 

 

 

  • Преглед на сработеното по проекти,
  • Колку пари се на сметките отворени или затворени ставки,
  • Побарувања и обврски,
  • Месечни резултати од работење.
porocila_drz_inst
  • Преглед на резултати од работата на повеќе бази, пресметка од работата во сервис, и пренос на податоците во периодично фактурирање,
  • Контролни исписи на главните книги за повеќе бази на претпријатијата на едно место,
  • Контролните исписи се испраќаат дневно на епошта,
  • Можност за отварање документи и исписи од други бази по пат на кратенки,
  • Можност за автоматско книжење на издадени, примени или ПОС сметки,
  • Подесување сопствени кратенки до функционалностите во програмот,
  • Со авторизации го ограничуваме корисникот да има пристап или преглед на одредени делови во програмот,
  • Корисникот може да извезува податоци, шифрарници, книжења и извештаи во PDF или Ms Excel, од каде произволно ги користиме и обликуваме,
  • Едноставно само со двоен клик на одредена вредност од бруто билансите добиваме позиции, од кои е таа вредност составена, или отвараме сметка со клик на документ,
  • Корисникот покрај бројните веќе предефинирани стандардни извештаи има можност да изработи и сопствени извештаи и анализа,
  • По сопствени потреби изработуваме предлози за автоматско (повторувано) книжење на деловните промени.

Деловниот информационен систем е жив програм кој мора да се менува и прилагодува. Самата промена на законите бара непрестанато обновување на програмската опрема. Секоја промена и подобрување допринесуваат до развивање на програмот, и го прават подобар, постабилен и брз. Поради погоре наведеното, потребно е програмот да се освежува со нови верзии. Освежувањето на PANTHEON се врши преку интернет, се освежува најмалку еднаш во три месеци, а на располагање се нови верзии на програмската опрема со поправки, промени и подобрувања. Кога се значајни законски промени (на пример: промена во пресметка на ДДВ, воведување фискализација) програмот се оспособува на истиот ден, кога настануваат промените. За освежувањето да биде поедноставно, целата постапка е автоматска и се врши по пат на интернет. Безбедноста и сигурноста на корисничките податоци при освежување е загарантирана! Стручњаците за развој во Даталаб се грижат за подобрувањата на програмот, ќерките претпријатија го пратат законодавството, во склад со измените го освежуваат програмот и го преведуваат на локалниот јазик. Така програмот е во секое време ажуриран.

Во напредните верзии на PANTHEON е вградена моќна деловна аналитика која овозможува преглед на работењето на сите нивоа на претпријатието. Така раководството на претпријатието секогаш има преглед на работењето. Клучните информации нема повеќе потреба да ги барате на повеќе места.

Повеќе за бизнис аналитика

Е-Сметководство на Cloud

Во склоп на PANTHEON Хост имаме направено договор со најголемиот оператор – Телеком Македонија, каде што се чуваат вашите бази на податоци на програмот PANTHEON. Серверот е секогаш активен, така што податоците се секогаш достапни.
Повеќе за PANTHEON Хостинг

Како да започнеш со употреба на PANTHEON Сметководство?

Контактирајте не

Побарајте ги нашите вработени на број 02 3079 231 или испратете прашање на епошта: info@datalab.com.mk

Испробајте демо верзија

Пополнете го образецот и превземете ДЕМО верзија, на која потоа може да направите надоградба.

Пријавете се за обука

Проверете го списокот на предвидени обуки, кои за почетници и напредни корисници ги организира Даталаб Академија.

Цени на програмската опрема PANTHEON сметководство

PANTHEON ME

ден67.443/2.159/месец
  • Благајничко работење
  • Издавање и прием на документи
  • Работа со еСметки +Залихи и складишта
  • Патни налози
  • Кадровска евиденција
  • Работење со странство
  • Сопствено сметководство
  • Пресметка на плати
  • Бизнис анализа
  • Едноставно производство
  • Основни средства
  • Сервис
  • Бизнис Интелигенција – предефинирани контролни табели
  • Бизнис Интелигенција – контролни табели по специјални барања
  • Бизнис Интелигенција – анализа, извештаи, планирање
прашање

Обидете се со PANTHEON под наем (Хостинг)

Податоците кои ги внесувате во програмот PANTHEON (на пр. фактури, залихи, сметководство, плати и слично) се зачувани на база на податоци, која се наоѓа на посебен сервер. Серверот е секогаш активен, за податоците во секое време да бидат достапни, а на серверот додатно се наоѓаат и сигурносни услови што одговараат да не се случи губење на податоци, пред се со креирање на сигурносни копии и програмска заштита. PANTHEON Хостинг се подмирува на месечно ниво и вклучува употреба на програмот, законски промени, архивирање на податоци и простор на сервер.

Повеќе за PANTHEON Хостинг

Купување на PANTHEON

Доколку се одлучите да имате сопствен PANTHEON програм, истиот е подесен на вашиот компјутер/сервер и во тој случај, сами водите сметка за редовните надоградби на нови верзии (законски промени и нови функционалности), како и за архивирање на податоци. Трошоците настануваат само еднаш, програмот станува ваша сопственост, додека во годината еднаш се пресметува надоградба (освежување) на програмот.


Без PANTHEON станува незамисливо функционирањето на нашиот бизнис, а хостингот претставува можност за развој во 2 правци. Намалување на неопходното време за опслужување на еден клиент кое пак би се искористило за опслужување на нов од една страна и подигање на нивото на грижата за корисници од друга страна. Со Хостингот, средбите со клиентите може да ги остварувам на било која локација, а со notebook-от во чанта ќе ги носам со себе сите информации кои може да ми бидат потребни . . .!

Маријана Андриќ

Сопственик, ТП МАРАНД КОНСУЛТАНТИ

PANTHEON Cloud беше наш избор бидејќи моментално е најдобрата понуда во Р.М. и овозможува воведување на новини во сметководственото работење. PANTHEON Cloud работиме поефикасно, имаме подобри резултати, повеќе приходи и повеќе клиенти.

Марија Димовска Гроздоска

Управител, БОМАР-КОНСАЛТИНГ

Очекуваме дека со новитетите во технологијата, пред се со употребата на хостингот, ќе може да го оствариме посакуваниот раст. Ефикасното искористување на ресурсите, намалувањето на непотребните трошоци, ќе допринесат да бидеме во можност да опслужуваме поголем број на корисници, со највисок квалитет на услугата!

Соња Зафировиќ

Сопственик, ВЕГГА ДОО

Побарајте не на 02 3079 231

Побарајте не заедно да го избереме најдоброто решение за оптимизација на вашиот работен процес во вашето претпријатије!

info@datalab.com.mk