Основни функционалности на системот PANTHEON Претпријатие (SE, ME)

Широкиот спектар на функционалности овозможува системот PANTHEON Претпријатије да го користат сите во претпријатието, од раководството до набавки, сметководството и кадровската служба. Додадена е поддршка за сервис и едноставно производство. Претставените функционалности важат за сите PANTHEON верзии од SE па до сите поголеми лиценци.
Благајничко работење

Blagajniško poslovanjeВо продажба или понуда на услуги, Благајничкото работење е неопходно. Можете да ги користите предефинираните исписи за сметки и на тој начин секоја сметка да се направи по сопствените потреби. Со едноставна употреба на рачните терминали и бар-код читачите, времето значајно се заштедува. Се креира каса прими, каса исплати како и благајнички дневник по различни критериуми. 

Содржина
Електронско работење

Elektronsko in spletno poslovanje

 

Корисниците на PANTHEON ги користат сите предности, кои ги нуди електронското работење – на располагање се сите облици на работење со сметководствените сервиси, други деловни субјекти.. Работењето на овој начин е брзо и ефикасно, пред се претставува помал трошок за корисникот. Електронското работење е интегрирано во деловно-информациониот систем и на дофат е со еден клик. Корисникот на пример прави профактура, и избира >>Извоз во ПДФ<<, па го проследува до својот купувач/клиент. Во последните години многу брзо расте популарноста на on-line трговијата и останатите услуги. И за овие индустрии PANTHEON е одличен избор. Бројни партнерски претпријатија нудат сопствени или откупени on-line технологии, кои го надоградуваат деловно – информациониот систем. Доказ за добрата работа се бројните претпријатија, кои го користат PANTHEON за бек – енд програм во своите on-line продавници, аптеки и тн.

Содржина
Складиште, залихи, царина

Skladišče, zaloge, carinaPANTHEON ги поддржува сите клучни процеси во складиштата и овозможува потполн преглед над вашата благајна. Прегледот на залихата и нарачките е брз и едноставен, одреден вид на автоматизирани постапки се грижат за оптимална состојба на производите и залихата. PANTHEON исто така ги поддржува и останатите процеси во претпријатието, складиштето е поврзано со другите одделенија во претпријатието (на пример: продажба, производство, сметководство, и тн). 

Содржина
Царина PANTHEON овозможува целосно складишно работење. Поддржани се складишта од типот Д и потребните евиденции за нив. Како и другите модули, така и модулот царинско складиште работи на принципот на видови документи. Така имаме единствена поддршка за повеќе царински складишта и за произволен број различни законски дозволени промети на нив. Основниот принцип на модулот царински складишта е обезбедување евиденција на приемите и издавањара по документите. Користиме поедноставен или проширен модел, во зависност од потребите што ги има претпријатието. Со поедноставниот модел ги следиме само приемите и издавањата по ЕЦД. Овде важи принципот, за секое издавање од царинското складиште да направиме царинска пријава, така што ќе можеме производите од царинските складишта да ги пуштиме во слободен промет или да ги извеземе. Проширениот модел претставува поддршка за неделно или месечно царинење. Во тој случај на една царинска пријава впишуваме повеќе издавања односно книговодствени впишувања. Покрај тоа програмот содржи и за сопствено царинење и за сопствени декларации, вклучувајки обликување на ЕЦД испис. Поддржана е и функцијата на увозни декларации и поедноставно декларирање на увоз и извоз. Покрај тоа, постои и вид на анализи и пресметки, со кои ги следиме производите во царинските складишта. 
Содржина
Пресметка на ДДВ

Obračun DDVPANTHEON овозможува следење на даночната евиденција во склад со важечкото законодавство. Даночните книги во програмот се обликуваат автоматски на основа на податоците, кои претходно сме ги впишале во модулот материјално. Податоците во даночните евиденции се примени во координација со избраната даночна стапка и начинот на набавка односно продажба, со тоа мислиме на домашната односно странската набавка или на продажба на крајните купувачи. Во книгата на сметки спаѓаат: книга на издадени сметки и примени аванси за домашнии здавања, и книга примени сметки издадени аванси за домашни набавки и увоз. Даночните книги можеме за потребите на различни анализи и контроли да ги испишеме и за период, кој е различен од даночниот период, на пример за една седмица, за поединечен партнер, одделение… И пресметката на ДДВ (ДДВ 04) во програмот се обликува автоматски. Можеме да ги испишеме директно од програмот. Така обликуваната даночна пријава во програмот се книжи автоматски. 

Содржина
Основни средства

Osnovna sredstva

 

Во основните средства ги евидентираме работните промени во врска со добивање, користење и отпишување на основните средства. Регистарот на основни средства содржи податоци за поединечните основни средства, нивното активирање и сите промени до отпишувањето. Историјата на промени на состојбата е секогаш достапна. Значајна е евиденцијата на вредносните промени на основните средства, која покрај пресметката на амортизација може да содржи и промени поради ослабување или зајакнување на основните средства. За определено основно средство ги следиме промените на локација во врска со податоците што ги имаме во шифрарникот на субјекти и промените на задолжување во врска со податоците за вработените. За основните средства, кои се истовремено и средства за работа, можеме да водиме евиденција за задолжување и раздолжување. При пресметката на амортизација истата ја реализираме за избраните или за сите, а со потврдување на податоците тие се заведуваат во регистарот. Пресметката на амортизација програмот ја извршува со земање во предвид на измените поради ослабување или засилување. Книжењето на сите случувања (промена и пресметка на амортизација) во главната книга проаѓа автоматски, по конта, подесени во шифрарникот на аморизациски групи односно регистарот на основни средства и ситен инвентар. Можеме да книжиме автоматски по одделите и носителите на трошоци. Барањето по регистарот на основни средства е брзо и прегледно, поради што е овозможено пребарување по различни критериуми. Пописот на основни средства уште го олеснува интегрирањето на програмот со бар-код читач. Програмот овозможува и автоматски пренос на набавките на основни средства и ситен инвентар од документите на прием во регистарот на основни средства и регистарот на ситен инвентар. 

Содржина
Пресметка на плата

Obračun plač

 

Пресметката на плата во системот PANTHEON се одликува со голема прилагодливост, што овозможува пресметка за различни видови на претпријатија, работни односи, основни и додатни исплати. Како втора карактеристики, би го потенцирале едноставната пресметка на плата и еднократен внес на податоци, по припремени подесувања за првата пресметка. Податоците за плати програмот ги превзема од персоналната мапа на вработените и шифрарникот на работни места, како и од останатите поврзани шифрарници. Програмот автоматски ги пренесува и податоците за отсутност од работа, како и присутност на работа, кредити, синдикални членства со вид на заработка што одговара. Во склоп на пресметката на плата, на располагање ни стојат сите пропишани образци (…) како и голем број на извештаи, кои нас ни прикажуваат рекапитулација на приносите, заработка, пресметка, кредити, годишен картон на вработените, картон на вработените, платни ливчиња и сл… Програмот ни овозможува креирање на налози за плаќање директно од форма, во која сме ја припремиле и пресметале платата. Исто е и со книжењето, поради тоа што платите автоматски се книжат во главната книга. Заштитата на личните податоци е осигурана, поради тоа што пристапот до доверливи податоци може да се подеси со авторизациски механизми. 

Содржина
Едноставно производство

Enostavna proizvodnjaPANTHEON ги поддржува сите процеси на едноставно производство. Центар на производството се нормативите, на кои ги имаме сите податоци за материјалите и операциите,  и работните налози, преку кои издаваме материјал и примаме производ. Работата ни се поедноставува со воведувањето на сериски броеви, со кои можеме детално да го следиме производот. PANTHEON е одличен избор како за сериско производство така и за производство по нарачка. Алатки во програмата овозможуваат креирање на работни налози на основа на различни критериуми, покрај тоа, програмот врши контрола, со што е оневозможен повеќекратен пренос на одредени нарачки во работни налози. При обработка и изработување на работните налози, бројот на документ на купувачот има функција на врзан документ и овозможува во секој момент да видиме статус и степен на реализација на нарачките. 

Содржина
Нарачки на купувачи и добавувачи

Naročila kupcev in dobaviteljemВо модулот на нарачки можеме да ги следиме нарачките, понудите и профактурите до купувачите, како и добиени понуди од добавувачите. Нарачките се дефинирани со статуси, така што можеме да ги следиме низ целокупниот животен циклус. Отпремната листа го поедноставува работењето во поголемите складишта, истовремено има можност за >>цврсти резервации<< – овозможува доделување на производи на точно одреден купувач. ЦРМ механизмите ни овозможуваат тековен пристап до сите документи, поврзани со купувачите. Нарачките може да бидат основа за фактурирање и издавање на производи и за работни налози во производство. Со многубројните и едноставни функции можеме од нарачките од купувачите и добавувачите едноставно и без повторно впишување на податоци да изработиме сметка за прием или сметка за издавање на производи, а од нарачките на купувачите можеме да изработиме и работен налог во производство. На основа на сигналните (минимални и оптимални) залихи или нарачки на купувачи, програмот уважувајки го рокот на испорака, автоматски генерира нарачки од добавувачи кои одговараат. Многу е корисен и прегледот на издавања, поради тоа што за секоја позиција ја гледаме динамиката на набавката. Водењето на нарачки од купувачи можеме да ги поврземе со Интернет трговија B2B и B2C. 

Содржина
Издавање и прием на сметки

Izdaja in prejem računovPANTHEON поврзува прием и издавање на сметки, меѓускладишни преноси, материјално книговодство и следење на залиха. За потребите на малопродажбата во програмот е воспоставен и модул Пос, за благајничко работење. Главни предности при приемите и издавањата на сметки се можностите, кои ги нуди PANTHEON на своите корисници. Потполно прилагодливиот механизам на следење на поединечна единица, како и можност за шифрирање со сериски броеви поддржува и најстроги стандарди за следење. Во програмот е можен и мануелен запис на документите за промена на цена. Истите може да се обликуваат рачно за поединечни производи, групно или непосредно од самите документи на приеми и издавања. PANTHEON овозможува и периодично фактурирање, во програмот подесуваме што и на кого сакаме да пресметаме во редовни временски интервали (на пример: наем или претплата), а програмот автоматски со еден клик генерира фактури. Пратењето на носителите на трошоци овозможува поврзување на примените и издадените сметки, патните налози, плата, непосредни трошоци… Тоа е идеална алатка за инженерските претпријатија и организации со Абц- методологија за следење на трошоци, затоа што секоја работа содржи свој микро биланс. Во програмот е овозможен и комплетен преглед на документите, што битно придонесува за продуктивноста на корисникот при работа со програмскиот пакет. Во секој документ постојат сите документи и останати записи, кои се надоврзуваат на избраниот документ. Бројните пресметки на издадените сметки, материјалните промети и прегледи на залиха ни овозможува споредба на податоците и анализи, кои се потребни во секојдневното работење. На ова место автоматски следиме и евиденција на ДДВ. 

Содржина
Патни налози

Potni nalogi

 

Патните налози ни овозможуваат следење на патувањата на кои се настанати трошоци во повеќе валути. Исплатата можеме да ја направиме непосредно од патниот налог на различни начини (благајнички издаток, налог за плаќање итн.). На располагање ни се извештаи, од самите патни налози до пресметка на (не)исплатени патни налози. Како и во пресметката на плата, така и во патните налози на корисникот му е овозможено автоматско книжење. 

Содржина
Сметководство

Računovodstvo

 

PANTHEON Сметководство во себе ја вклучува главната книга на салдоконтата и овозможува автоматско и рачно книжење на документи. Поголем број книжења се одвиваат автоматски по претходно предефинирани предлози. Помошните книги се потполно интегрирани во главната книга, без поединечно внесување податоци. Книжењето дополнително се олеснува со користењето на клучевите за распределба по претходно подесени предлози. Во програмот е вклучен и основниот контен план, кој може да се дополнува и менува, како и предефинираните предлози за автоматско книжење. Во менито >>Биланси<<, можеме да припремиме различни видови на исписи за Биланси, за различни периоди, одделенија и носители на трошоци, и за споредување во домашна и странска валута. Често се користат и >>Контролни исписи<< на автоматски книжења и неизрамнети налози за книжење. Програмот поддржува и затворање на класа 4 и 7 по одделенија и носители на трошоци и автоматска припрема на налози за книжење во главна книга. Во менито >>Заклучок на година<<, на тој начин автоматски се обликува налогот за книжење, затворање на годината и отварања. На располагање се исто така консилидирани сметководствени податоци, кои нудат поддршка при консолидација на сметководствените податоци и сметководствените извештаи. Групните сметководствени извештаи се составени на основа на поединечните сметководствени извештаи со поврзани претпријатија,со превземени консолидирани исправки, кои не се предмет на книжење во сметководствено поврзани претпријатија. Консолидацијата се припрема така што претпријатието со посебно дозволи од избраното претпријатие ги превзема книжењата, кои датумски одговораат на критериумите за припрема на консолидираниот сметководствен извештај. 

Содржина
Сервис

Servis

 

Сервисните функционалности се наменети за претпријатија кои во своето работење содржат и сервисни услуги или за продадените производи даваат гаранција. За Сервис е карактеристично што прометите на приеми и издавања мора да бидат израмнети. Колку единици се примени, толку мора да се издадат, да се заменат со други или да се затворат со издадените, или примените одобренија. Поради тоа за сервисната работа е зададено Складиште рекламација на кое водиме залиха количнски и вредносно. За следење на рекламациите на купувачите во програмот постои и Сервисен налог, каде на едно место место во сервис превземаме рекламиран производ, по исправката го издаваме назад, заменуваме со друг производ или затвораме со одобрение. Кај приемите на рекламираните производи во сервис програмот проверува дали купеувачот навистина купил производ од нас, со кој документ и дали производот сеуште има гаранција. Притоа имаме, во поглед на тоа дали се производите под гаранција или не, во програмот можност за пресметлив или непресметлив поврат на рекламираните производите на купувачите. Следењето на рекламации од добавувачи, производите, кои ги праќаме на добавувачите назад на рекламација, се одвива преку документот издавање на рекламирани производи до добавувачи, кој притоа го добиваме назад со прием, односно во случај на примено одобрение од страна на добавувачите рекламацијата ја затвораме. Преглед на отворени, односно затворени рекламации и барања, како до купувачите, така и од добавувачите, и нивната содржина можеме да го пронајдеме во пресметка на модулот Сервис. 

Содржина
Кадрова евиденција

Kadrovska evidenca

 

Посебно внимание во PANTHEON е посветено на човечките ресурси, кои често се запоставени во деловната информатика. Основа претставува персоналната мапа на вработените. Во неа водиме различни евиденции за вработените резиденти или нерезиденти, кои може да имаат различни облици на вработување: постојано вработени, хонорарно, авторски хонорар или друго. За секој вработен составуваме персонална мапа во која внесуваме лични податоци, потоа податоци за членовите на семејството, евиденција на работен стаж, гледаме движење на вработениот по работни места во претпријатието, како и податоци за работниот стаж. Тука се и податоци за одмор и користење на одмор, како и евиденција за отсутност на вработени. Исто така, можеме да водиме евиденција на здравствените прегледи на вработените, поминати курсеви и обуки. Посебен дел претставуваат податоците за плати на вработените, членство во синдикати, работно време на вработените… Во однос на вработувањата постои модул, што овозможува следење на распишани за работни места. На истите се пријавуваат кандидати, кои може да останат во база и за наредниот конкурс. На основа на направениот разговор правиме проценка и тој кандидат што одговора го избираме. Потоа, тие податоци едноставно се пренесуваат во персонална мапа. За сигурност на личните податоци, обезбеден е механизам со авторизации. 

Содржина

Побарајте не на 02 3079 231

Побарајте ги нашите вработени и заедно изберете го најдоброто решение за оптимизација на деловните процеси во вашето претпријатије!

info@datalab.com.mk