PANTHEON RT и RE

Програмските пакети се наменети за малопродажни објекти. Опфаќаат комплетно следење материјално-финансово книговодство со следење на продажба и издавање фискални сметки.

PANTHEON RE

PANTHEON RE

ПРОГРАМСКИ ДЕЛОВЕН ПАКЕТ PANTHEON RE Е НАМЕНЕТ ЗА ПОГОЛЕМИ МАЛОПРОДАЖНИ ЕДИНИЦИ

Замислен е како централна точка во малопродажните единици за сите благајни. Тие единици може да добиваат роба и да издаваат сметки на правни и физички лица.
Овозможува следење на нарачки од купувачи, издавање профактури, непосредно нрачување на роба од добавувачи и поврзување на нарачките до добавувачи со влезни сметки.

PANTHEON RT

PANTHEON RT

ПРОГРАМСКИОТ RT Е НАМЕНЕТ ЗА ПРОДАЖНО МЕСТО ВО РАМКИТЕ НА ПОГОЛЕМИ МАЛОПРОДАЖНИ ЕДИНИЦИ

Замислен е како крајна точка на поголемите малопродажни единици (ПОС). Со нив се овозможува опремата на малопродажното место да работи и во целост да издава сметки, прегледи на моментална залиха во малопродажба и следење на купците, LOYALTY програмата.

Разлика помеѓу RT и RE лиценците

RT лиценцата е наменета само за работа со благајна и со самото тоа е прилагодена на послабите единици. RE лиценцата е наменета за малопродажните единици или главно благајните. Покрај функционалностите во благајна има и додатни функции, кои се потребни во малопродажба.
Во секоја дислоцирана малопродажна единица мора да има барем едно работно место кое користи PANTHEON RE. RE лиценцата ја контролира на RT благајната и служи како централно место за размена на податоци помеѓу благајните. Наместо PANTHEON RE како централна точка во малопродажба можеме да користиме лиценци SE, ME, MF, но во тој случај не можеме да ги користиме функционалностите во случај престанок на работата на мрежата.

Како да започнете со употреба на PANTHEON Retail?

Контактирајте не

Контактирајте не на 02 3079 231 за заедно да го одбереме примарното решение за вашето претпријатие.

Испратете прашање

На епошта info@datalab.com.mk испратете ни прашање. Ќе ви одговориме во најкраток можен рок.

Цени на програмска опрема PANTHEON Retail

PANTHEON RT*

(Купување)
ден19.430/799 ден/месечно
  • Издавање ПОС сметки
  • Благајнички приеми и заклучоци
  • Шифрарник на купувачи
  • Преглед на артикли
Прашање

PANTHEON RE

(Купување)
ден37.435/1.299 ден/месечно
  • Благајна
  • Нарачки на купувачи и добавувачи
  • Електронско работење
  • Залихи и складиште
Прашање

Под наем PANTHEON (хостинг)

Податоците кои ги внесувате во програмот PANTHEON (на пример фактури, залихи, сметководство, плати и тн.) се сочувани во базата на податоци, која најчесто се наоѓа на посебен компјутер-сервер. Серверот е секогаш активен, со што податоците да бидат секогаш достапни, а на серверот е подесен автоматска копија за да може да се спречува можноста на губење на податоците. PANTHEON Хостинг плаќате во склоп на месечен надомест и вклучува употреба на програмот, законски промени, архивирање на податоците и закуп на серверот.

Повеќе за PANTHEON Хостинг (линк до страната за Хостинг)

Купување PANTHEON

Доколку се одлучите за купување на програмот, истиот е инсталиран на вашиот комјутер/сервер и во тој случај сами водите сметка за редовните надоградби на програмот на нова верзија (законски промени и нови функционалности), како и архивирање на податоци. Купувањето е подмирено во еднократен износ, програмот станува ваша сопственост, додека еден пат во годината се пресметува надоградба (освежување) на програмот.

*Лиценцата RT не е самостојна и може да се користи во комбинација со RE, SE, ME, MF. RT е дополнета со основните верзии на PANTHEON, од лиценца RE до подобрите верзии, каде што има потреба од поврзување со ПОС благајна.

Побарајте не на 02 3079 231

Побарајте не за заедно да го избереме соодветното решение за оптимизација на деловните процеси во вашрто прептријатие.

info@datalab.com.mk