Datalab Chronos za izračun skritih stroškov

 

Даталаб Chronos

Идеално решение за пресметување на скриените трошоци

Chronos е систем, кој ги снима потрошените предвидени часови на секој вработен и на тој начин овозможува правилно вреднување на користените временски ресурси. Едноставно речено: Chronos е стоперица, која го евидентира времето поминато на одредена работа.

Дали знаете, колку трошоци ви носи секој купувач? Колку време трошат вашите вработени за презентации? Со кои клиенти имаме повеќе, а со кои помалку работа? Зашто се сите соработници секогаш потполно зафатени, а реализација нема? Chronos е идеално решение за претпријатијата, на кои значаен трошок им претставуваат нивните облици на соработка со деловните партнери. Идеален е за:

  • Сметководствени претпријатија, во кои има премногу телефонски советувања, кои остануваат скриени,
  • Адвокатски канцеларии, каде што се пресметува потрошеното време,
  • Советодавни претпријатија, каде што не интересира за секој деловен партнер не само времето поминато кај него, туку и припремата на документација,
  • Проектни бироа, маркетинг агенции…
  • Накратко, секаде каде што сакаме следење на трошоците, поврзани со работата и кои во обичните системи остануваат недефинирани.

Како работи Chronos

Chronos е систем, кој го снима проектниот час на секој работник и на тој начин овозможува правилно вреднување на користените временски ресурси. Едноставно речено, Chronos е стоперица, која евидентира искористено време на определена работа.
Секој настан кој лесно го поврзуваме со одреден деловен партнер или со проект, автоматски е опремен со ознаката на вработениот, кој го има креирано настанот. Во поле напомена едноставно го впишуваме додатниот опис на настанот. Деловните работи во шифрарникот на видови настани ги раздвојуваме во посебни групи и подгрупи.
Chronos креира основа за пресметка, која можеме да ја употребиме за внатрешна контрола на трошоците, кои на друг начин остануваат неевидентирани.
Користењето е многу едноставно и не бара преголем дополнителен ангажман.

Пресметки

Внесените податоци можеме да ги пресметуваме преку исписи. Можни исписи се:

  • по деловен партнер,
  • по вид на настан,
  • и комбинација на сите можности заедно со датумски ограничувања.

Интеграција со PANTHEON

Chronos е тесно интегриран со програмскиот пакет PANTHEON. Не само, што ги користи истите бази на податоци, истотака и во PANTHEON прегледот на документи кај деловниот партнер ги гледаме сите Chronos настани.

PANTHEON Претпријатие

Само за 3000 ден

Лиценцата Даталаб Chronos можете да ја купите по многу пристапна цена.

Цени

Побарајте не на 02 3079 231

Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за додатните решенија на Даталаб, секогаш сме Ви на располагање!
Побарајте не или пратете прашање по пат на епошта.

info@datalab.com.mk
X