PANTHEON Конектор лиценца

На сите корисници, кои покрај PANTHEON користат уште некое, додатно (вертикално) решение, сакаме да им обезбедиме најдобра услуга и во иднина. Поради тоа ја воведуваме конектор лиценцата, која на корисниците им овозможува пристап до PANTHEON база на податоци.

Конектор лиценцата од 01.04.2015 ќе биде обврзувачка за:

  • Онлине продавници, sharepoint plug-ins, интеграција на портали,
  • add-on апликации (WMS…),
  • Мобилни апликации,
  • Роботи (BPEL интеграција, DMS…),
  • Excel…во случај, кога xls автоматски се поврзува со PANTHEON база на податоци.

Конектор лиценца, не е потребна, доколку корисникот што е пријавен во PANTHEON со корисничко име и со команда од xls увезува податоци во PANTHEON или ги извезува во xls, word или PDF…).

Не е специфична за одредена апликација. Ова подразбира, дека корисникот има одреден број конектор лиценци за сите вертикални решенија заедно. Тоа важи и за истовремени корисници, што значи, во случај кога корисникот на веб-трговија во реално време повлекува одредени податоци од базата, потребни му се онолку конектор лиценци колку што истовремено има корисници во веб-трговијата.


Пример PANTHEON корисници со две вертикали

Систем за управување со складиште (WMS)
WMS нема самостојна база, затоа складиштата во реално време користат податоци од PANTHEON базата. Во таков случај е потребно онолку конектор лиценци колку што има истовремено корисници во вертикалното решение WMS во складиште. Во наведениот пример има 3 конектор лиценци.

CRM
CRM има самостојна база, која се поврзува со PANTHEON базата на податоци. За поврзување помеѓу базите доволна е една конектор лиценца. Во CRM системот може да биде опционален бројот на истоврмени корисници кои во реално време разменуваат податоци во базата на податоци на CRM системот.

PANTHEON корисникот на сликата има потреба од 4 конектор лиценци.

Цена на PANTHEON конектор лиценца

Купување на лиценци
289 ден +ддв. Редовно Надоградба 21 %.

Лиценците не е можно да се заменат со друг вид PANTHEON лиценци. Локализацијата на конектор лиценците мора да биде соодветна со локализацијата на сопствените лиценци. За разлика од сопствените лиценци, кои може да бидат замрзнати до 50% од нивната вредност, конектор лиценците не е можно да бидат замрзнати.


Побарајте не на 02 3079 231

За сите информации и понуди обратете се на својот овластен партнер или пратете епошта на info@datalab.com.mk.
info@datalab.com.mk