Datalab OTOS Поврзување дислоцирани единици

 

Даталаб OTOS

Поврзување дислоцирани единици

Податоците на дислоцираните единици не смеат да бидат недостапни. И овие единици спаѓаат во претпријатието. Даталаб Otos е идеално решение за автоматска синхронизација на базата на податоци за програмската опрема.

Што е OTOS?

Даталаб OTOS е програмски пакет за автоматска синхронизација на базата на податоци за програмската опрема Даталаб. За пренос, пргорамот употребува електронска пошта. OTOS не бара кориснички интервенции (под услов претпријатието да има постојана или ‘dial-up’ конекција.
По стартувањето програмот ја синхронизира базата на податоци и ја завршува работата. Корисничкиот интерфејс прикажува статус синхронизација, а самиот програм пишува дневник на работа, така што можеме да го прегледаме текот и по завршувањето на работата.
Со оглед на тоа, што програмот употребува интернет за пренос на податоци, трошоците за негово работење е многу мал. Без оглед на тоа каде се наоѓаат базите на податоци, цената на преносот е еднаква на цената на пратени пораки по епошта. Поради тоа се непотребни постојани и скапи врси, што посебно доаѓа до израз кај претпријатија кои имаат работа со различни држави. Со употреба на компресија и дифренцијален пренос, се смалува времето на пренос, а така и поврзаните трошоци се сведуваат на минимум.

Начин на работа

За полесно разбирање да го замислиме следново сценарио: имаме претпријатије со централна единица и три продавници (работни единици). Централата сака на работните единици да им испраќа податоци за купувачите и идентите. Од работните единици сака да добива нарачки и издадени сметки и да ги интегрира истите во централната база на податоци.

Претпријатието мора да отвори нова епошта (на пример: transfer@company.com), на која ќе се прават сите преноси помеѓу централите и работните единици. Централата е во тој случај господар (Мастер) на преносите, а работните единици се нејзини слуги. За секоја работна единица во програмот се отвара посебен профил.

Профилот ги содржи следните податоци:

  • Начин на пренос,
  • Кои податоци се пренесуваат (шифрарници и работни документи),
  • MEDT/SEDT полиња.

Работни настани

Даталаб OTOS ги синхронизира податоците на основа на додавање и менување на податоци. За да биде сигурно правилното синхронизирање на базата на податоци, мораме да се погрижиме, сите корисници во исто време да не менуваат исти податоци. Поради тоа е потребна паметно дефинирање на видови документи и авторизации за нив.
Правилото е, дека е потребно за секоја работна единица, која сакаме да ја синхронизираме, да отвориме посебен вид документ. Така во нашиот пример структурата на видови документи би ги дефинирале на следниот начин:
Гледаме дека, централата и секоја работна единица имаат отворено сопствен магацин. Покрај сопствениот магацин имаат и сопствен вид на документ за прием на производи во магацин, издавање (продажба) и благајнички прием/издавање. Истото се случува, кога сите работни единици ги следат нарачките, мораме да отвориме соодветни видови документи за нарачки.
Ова подесување е потребно поради независното работење на локациите, поради тоа што би доаѓало до можни грешки при означување на документи. А ако шемата ја подесиме така, како што е прикажано, секоја работна единица има свои документи, на кои се одвива означување независно од другите (сама се грижи за своите видови документи). Со соодветно подесување на авторизациите овој систем е сигурен и независен.

Меѓускладишни преноси

Посебно внимание кај подесувањето на видови документи треба да се насочат кон меѓускладишните преноси. Меѓускладишните преноси помеѓу централата и работните единици мораат да влијаат на состојбата на двете складишта. На располагање имаме два начина на пренос:

Неконтролиран пренос
Контолиран пренос

Залихи

Преносите на материјалните промети со OTOS влијаат на залихата. OTOS докумтентите, кои ја следат состојбата на складиштето само ги увезува податоците во базата но не ја пресметува новата состојба. Поради тоа е потребно по увоз на материјалните промети во централата по заклучување на увозните податоци, обавезно мора да се направи обновување на залиха. На работните единици, од кои ја извезуваме состојбата на залиха до централата (и по можност до останатите работни единици), мораме секогаш да направиме обновување на залиха на складиштето на работните единици. Ако во работната единица се направи обновување на залихата на сите складишта, поради непостоење на другите материјални промети (они обично не се пренесуваат на работните единици) залихата на сите останати складишта, по обновување, би покажувало состојба нула.

Пренос на податоци во Offline сметководство

Со употреба на пресметковните технологии во Даталаб програмската опрема, количината на потребната работа може да помала и поефтина. Претпијатието го следи своето работење во PANTHEON. Внесовите на предефинирани примени сметки (позиции, без или со конта) и издавање на сметки. Со оглед на тоа, што се и излезите и влезовите на производите во системот, претпријатието само води материјално сметководство, при што состојбата на залихата повеќе не е тајна.

На тој начин предефинираните податоци на претпријатието OTOS дневно ги испраќа во сервис, кој ги книжи на соодветните конта во главната книга и салдоконтата. Сервисот книжи и во банка (платен промет), пресметува и книжи плати и непосредно од пренесените податоци креира ДДВ евиденција.

Кај наредните преноси (синхронизации) претпријатието од сервис прима финансиски податоци, кои исто така се на располагање на работодавците за анализи и донесување одлука (салдоконта, РУЦ, добивка/загуба).

Заштедувањето на време во сервис кај таквиот начин на работа и минималното воведување кај коминтентите (претпријатијата) се извонредни, поради тоа што по нашето досегашно искуство со воведувањето на PANTHEON во Сметководствените сервиси може да се заштеди време од 50-85 проценти при работа.

Сметководствените сервиси се многу конкурентни и профитабилни. Задоволството е и на страна на претпријатието, кое конечно добива тековни податоци и во случај сметководствениот сервис да ја намали понудата им нуди на коминтентите помали трошоци.

Решенијата како ова, кои се градат на основа на win-win стратегија, допринесуваат и се причина за воведување на модерни информациони технологии и потврда на Даталаб слоганот “Претворете ги податоците во профит”.

Побарајте не на 02 3079 231

Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за додатните решенија на Даталаб, секогаш ви стоиме на располагање!
Побарајте не или испратете прашање на епошта info@datalab.com.mk.

info@datalab.com.mk