Поддршка за PANTHEON директно од Даталаб

За подобро и полесно да се работи со деловно информацискиот систем PANTHEON препорачуваме имплементација од страна на Даталаб одделот за поддршка.

Основно оддржување

Услугите за основно одржување се наменети за да се обезбеди непречено и ефикасно функционирање на програмскиот пакет во рамките на постоечките функционалности и се вклучени во договорениот паушал. Во рамките на основното одржување, ќе Ви го обезбедиме и следново:

  • Предност и пократко време на одзив,
  • Одговорен консултант за секоја корисник,
  • Ажурирање на дополнителни модули, исписи, анализа или маски за програмски пакет, кој е резултат на промените во програмскиот пакет,
  • Месечен преглед на базата на податоци на програмскиот пакет, поставување на соодветни планови за оптимизирана работа на базата на податоци, следењетрансакциски дневник,
  • Одржување на референцијален интегритет,
  • Известување за промени, подобрувања и / или грешки во програмскиот пакет, и извршување на потребните надоградби во рамките на постоечкиот модул на програмскиот пакет,
  • Советување за најновите вести и решенија поврзани со програмскиот пакет, кој ќе ги олесни тековните работи на косрисникот, ќе ја зголеми неговата ефикасност и, следственоќе ги намали трошоците,
  • Совети за бараната конфигурација и капацитетот на опремата потребни за функционирање на програмскиот пакет.

Дополнително одржување

Дополнителни услуги за одржување, кои додатно се плаќаат, првенствено за да се обезбеди поефикасно користење на постоечките функционалности и имплементацијата на нови функционалности, со цел да се зголеми додадената вредност на клиентите. Водополнително одржување на понудувачот на услугата се:

  • Да ги елиминираат проблемите во функционирањето на програмскиот пакет, како резултат на неправилна употреба на програмскиот пакет,
  • Доквалификација и вовед во работната средина на нов вработен од страна на корисникот,
  • поставување и прилагодување на потребите на програмскиот пакет во рамките на стандардната функционалност на програмскиот пакет,
  • Совет за дефинирање, анализа и решенија за деловни проблеми со кои што корисникот се соочува при користење на програмскиот пакет,
  • Развој на дополнителни модули, исписи, анализа или маски за програмскиот пакет. Носителот на сите права на интелектуална сопственост за да се развиваат нови функционалности на барање на клиентот е единствениот корисник, освен ако не е поинаку договорено.

Контакти за поддршка

Примарниот канал за комуникација помеѓу корисникот и консултантот е Help Desk. Jавете ни се на телефонскиот број 02 3079 231 или пратете епошта на info@datalab.com.mk.

Help Desk (пријава)

Посебни поволности

  • Слободен пристап до PANTHEON телевизија во живо, каде што корисниците можат да видат слики од конференции, курсеви, вести и настани, како и други корисни видео упатства,
  • 30% попуст на цената на редовни семинари во склоп на Datalab академијата,
  • 50% попуст на котизација за конференцијата на PANTHEON.

Поддршка за корисниците во Македонија

Продажба на лиценци и поддршка на корисницитена Пантеон во Македонија ги врши Даталаб МК д.о.о. Тимот се состои од искусни консултанти и експерти од областа на бизнис информатиката.

Ирина Ризинска Директор и менаџер за продажба
Емилија Манасиов Директор и менаџер за имплементација
Ема Тошевска Раководител на оддел за помош и поддршка
Денис Вујадиновиќ Раководител на техничка служба
Жарко Богески Раководител на партнерски канал

Цени за поддршка

Во случај на барања за помош по телефон, Helpdesk системот, или епошта времето се пресметува според одредени интервали и цени согласно статусот на корисникот.

Цени на поддршка

Повеќе информации

За повеќе информации за директна поддршка и одржување Ве молиме контактирајте не на 02 3079 231 или на епошта info@datalab.com.mk.

info@datalab.com.mk