Организација и Деловна Структура

Нашите вработени во Даталаб активно учествуваат во разни домашни и меѓународни организации и работни тела.

Андреј Мертељ, Извршен Директор на Даталаб, е Извршен Директор на ICT Slovenian Competitiveness Council. Сојузот сочинува 7 вертикални групи (ICT, здравство, материјали, промет и опкружување и фармација) и 3 хоризонтални групи (финансиско-бизнис окружување, школски систем, и тн.). На тој начин ни е дадена можност корисно да влијаеме на насочувањето на словенската влада и помагаме во целта на поставување IT индустријата на место кое е природно за неа во модерното општество.

KODA.SI е здружение на словенечките производители на програмска опрема внатре во Здружението за Информатика при Стопанската комора на Словенија. Даталаб е еден од основачите на здружението, додека г. Андреј Мертељ е претседател на здружението KODA.SI.

PATENT.SI е организација која во 2005 г. се бореше против усвојување на директивата за софтверски патенти, која може да го загрози развојот на програмската опрема во цела Европска Групација. Даталаб е еден од основачите на PATENT.SI и покрива поголем дел од финансиските и организационите потреби.

Foundation for Free Information Infrastructure матичната европска организација која се бори против ограничувањата на инвентивностите и донимација на големите корпорации во развој на програмската опрема. Андреј Мертељ е член на собранието на оваа организација.

Даталаб е член и на Словенечкиот Институт за Стандардизација, кој работи во рамките на Техничкиот комитет за електротехника, информациони технологии и телекомуникации SIST/TCITC. ЕУРО координацијата е со Стопанска Комора на Словенија и Министерство за Стопанство, ги припремаше прептијатијата за преминување на Словенија во Еуро-Окружувањето. Претставници од Даталаб водеа работна група за припрема на Информационите системи во KODA.SI, припремија материјали и координираа одговори на отворени прашања. На семинарите претставник од Даталаб предаваше на пет работилници низ Словенија.

Работното тело за стандардизација на е-работењето при Стопанската Комора Србија, а покасно при GS1, наменето е за стандардизација и популаризација на електронското работење помеѓу правните субјекти и државни институции.

Словенечката технолошка платформа за програмска опрема и услуги, поврзана со Европската платформа NESSI (Networked European Software & Services Initiative), претставува отворено место на кое знаењето, стратегијата и потенцијалите за брз развој се преплетуваат. Словенечката Технолошка платформа за софтвер и услуги ќе влијаат на поголема поврзаност и глобална достапност на програмската опрема, Е-Услуга како и брзо влијание на новите знаења и технологија. Основна задача на Технолошката платформа е припрема и воведување на нови пристапи, кои овозможуваат развој на економијата благодарение на користењето на деловни методи, кои се насочени кон услужните дејности.

За додатни прашања, контактирајте не по пат на е-пошта или побарајте не на 02 3079 231.