Стратегија и Развојна Филозофија

Стратегија на Развој

Даталаб се фокусира на развој на деловните решенија кои се отворени, прилагодливи и моќни. Сакаме нашите решенија да работат во сите информациони окружувања и на корисникот да овозможи слободен избор на технологија во однос на работната стратегија.

Даталаб е посветен на постојано подобрување и иновации. Веруваме во способноста и грижливоста на нашите вработени и партнери. Негуваме култура на тимска работа, вработените користат најсовремена техонолошка опрема и дополнителни знаења кои им отвораат пат за оптимална експлатација и раст на нивниот потенцијал.

Развиваме деловен информационен систем, кој е модуларен и овозможува едноставно проширување со екстерните решенија на нашите партнери. На нашите корисници им нудиме напредни функционалности, кои им овозможуваат да напредуваат во своето работење.

Од 2006 г, Даталаб е вклучен во стратешко партнерство со Oracle. Даталаб решенијата на тој начин поддржуваат сервер ORACLE 10G, со што се прошири спектарот на технолошки платформи, кои крајните корисници можат да бираат.

Развојна филозофија- KAIZEN и еволуционен софтвер

Во Даталаб веруваме во еволуционен развој на софтвер. Нашата развојна филозофија најдобро го опишува јапонскиот термин KAIZEN – постојани подобрувања и напредувања. Овој концепт е широко распространет во opensource заедницата, затоа што еволуцискиот развој овозможува брзо надградување по ниски цени. Содржината на надоградбата одредува повратни информации од корисниците, јавното тестирање и корисничките групи. Предлозите ги проценуваме и ги користиме како основа за промена на спецификацијата. Спефицикационата промена оди со развој, тестирање и локализација. Така е се припремено за пуштање на новата надоградба. Корисниците се во можност сами да одлучуваат дали надоградбата ќе биде направена.

Во минатите 8 години развивавме методологија до совршенство. Имаме посебни алатки, кои автоматски ја повлекуваат бараната локализација на програмот. Механизмите за следење на корисничките барања е тесно поврзан со помош на (HelpDesk), и ни овозможува планирање, распоредување на средства и известување на корисниците. Наменските интернет сервиси, овозможуваат и објава на видео упатства. Развивме сопствени алатки за пишување упатства – DatalabDocuMentor, кој ни овозможува уредување и ускладување обемните повеќе јазични упатства за користење.

 

Производството на наменските алатки и последично зголемување на продуктивноста на пограмерите е еден од главните причини за успехот на Даталаб.


KAIZAN е Јапонска деловна филозофоја, која е насочена кон континуирано подобрување во сите аспекти на животот. Уствари тоа е животна филозофија, која објаснува дека секој аспект во животот треба постојано да се подобрува. Инаку, во деловниот свет означува напредок на сите работни функции – од производство до управување. Благодарение на Kaizen пристапот, Јапонското стопанство по Втората светска војна успеа да се извади од хаосот во кој западна, а денес претставува составен дел на работењето на многу компании ширум светот. Клучни елементи квалитет, труд, учество на сите вработени, спремност за промени и комуникација.