Вработување во Даталаб

Во Даталаб развиваме деловна програмска опрема за водење претпријатија. Оснвниот производ, деловно информационен PANTHEON, го употребуваат повеќе од илјада претпријатија во 9 земји. Нашето развојно одделение кое е едно од најголемите во Словенија, води сметка за константниот развој и подобрување на програмските решенија.

Поради амбициозноста и желбата да развиеме најдобар производ во светот, истото го очекуваме и од вас. За да се вработите во Даталаб, потребно е знаење на англиски јазик, тимска работа и јака мотивација за стекнување нови знаења, затоа што веруваме, дека секој успешен човек учи цел живот. Ако сакате вашиот труд нешто да значи и резултатите од вашето работење да ги користат илјадници луѓе, придружете ни се!
Пратете го своето CV со назнака за работно место на кое се пријавувате!

Слободни работни места

Оглас за избор на Агент за продажба во ДАТАЛАБ МК д.о.о.е.л. Скопје

Даталаб е словенечко претпријатије за развој на ERP софтверско решение кое претставува комплетен деловно-информациски систем наменет за мали, средни и големи претпријатија. На корисниците им гарантираме најнова технологија и помош за правилно насочување на нивните претпријатија. Затоа нашето мото е “Претворете ги вашите податоци во профит!”.
Ние сме водечка компанија за производство и развој на ERP во Maкедонија и во Југоисточна Европа. Нашиот програм Pantheon го користат повеќе од 48.000 задоволни корисници во повеќе од 16.000 компании од 9 држави во регионот. Даталаб MK има млад, амбициозен и иновативен тим посветен кон остварување на резултати. Во своите редови покануваме искусно лице на позиција » Агент за продажба «

Опис на работното место и одговорности:

•    Анализа на пазарот, дефинирање на цели, подготовка и спроведување на кампањи за продажба;
•    Аквизиција на нови корисници;
•    Организација на состаноци, презентации и водење на преговори со потенцијални корисници;
•    Мониторирање и следење на наплата од корисници;
•    Креирање на понуди и продажна документација врз основа на потребите на клиентот;
•    Успешна соработка со  останатите оддели во компанијата;
•    Решавање на барања од корисници;
•    Известување на претпоставените за превземени активности и продажни резултати;
•    Придонес во подобрување на работните процедури;
•    Грижа за квалитетно нудење на услуги кон крајни корисници и постигнување на јасно дефинирани бизнис цели.

Предуслови:

•    Иницијативност и проактивност, ентузијазам и фокус кон постигнување на продажните цели;
•    Одлични комуникациски вештини и вештини за преговарање;
•    Одговорност кон работните задачи;
•    Способност за самостојно решавање на проблеми;
•    Способност за работа во тим и управување со истите;
•    Познавање на пазарот за ERP софтвер;
•    Искуство во B2B продажба;
•    Основни познавања на ERP софтвер;
•    Познавање на англиски јазик;
•    Одлични компјутерски вештини (особено MS Office);
•    Возачка дозвола – Б категорија.

Ние нудиме:

•    Работа во перспективна средина;
•    Постојан развој на професионални вештини;
•    Бонуси за успешност/дополнителни приходи.

Доколку сакате својот професионален развој да го продолжите во Даталаб МК, ве молиме Вашата кратка биографија и мотивациското писмо подготвени на англиски јазик да ги  испратите на info@datalab.com.mk.

Работно време во компанијата е секој работен ден од 08:30 до 16:30.