Визија, Мисија, Вредности

Визија и Мисија на Компанијата

Претпријатието Даталаб е посветено на развој на ефикасен деловно инфирмационен систем PANTHEON, кој овозможува целокупно управување и преглед на сите деловни процеси во претпријатието. Брзи и точни информации се од суштинско значење значење за претпријатието, поради тоа што својата способност може да ја оддржат и развијат само со помош на информациона поддршка.

PANTHEON е денес најдобар деловно-информационен систем од својот вид во регионот, но тука не застануваме. Наша крајна цел е да развиеме најдобар ERP систем во светот.

Нашата мисија е со иновациите да обезбедиме квалитетен деловно информационен систем за сите, дури и за малите претпријатија. Наша желба е да им помогнеме на корисниците во развојот и реализација на стратегијата, и помош за оптимизација на работните процеси и со автоматизација на работните процеси да го зголемиме профитот.

 


Вредности

Посветени сме на својата работа

Работата на деловно-информациониот систем директно влијае на преживување и конкурентност на нашите корисници. Поради тоа нашите задачи не ги сфаќаме лесно: знаеме дека цената на погрешните многу скапа. Напротив, нашата работа – развој на високо квалитетниот информационен систем, ја сфаќаме многу сериозно.

Нашата работа подразбира прецизност

Работиме со информациони техонологии каде што состојбата е или 1 или 0, што се одразува на нашиот однос со производот, или е завршен или не е во понуда. Половичност не толерираме. Посветеноста има огромна тежина во нашиот развој, поради тоа не бараме препреки, наместо тоа градиме стабилна програмска опрема. Одговорноста, која доаѓа со нашата работа, диктира прагматичност, а понекогаш и конзервативност. Тежиме кон прецизност – да не доцниме со реализацијата на новите верзии и исправки и се трудиме да ги испочитуваме роковите.

Веруваме во отворена комуникација и размена на знаење

Сфативме дека Share-knowledge, овозможува многу повеќе користи него кога ги криеме или ограничуваме. Од тие причини нашата структура на податоци е јавна, а пристапот до неа е бесплатен. Овој став го имаме и за соработка со клиентите и партнерите. Нашите грешки отворено ги признаваме, објавуваме и исправаме. Не ги криеме, поради тоа што развојот на програмската опрема е невозможен без грешки. Исто очекуваме од сите корисници, поради тоа што само тоа води до пониски трошоци на проектите и постигнување на целите. Веруваме, дека добрата соработка е клуч на успехот за опстанок, поради тоа што во денешно време компаниите, тешко може да планираат успех. Поради тоа изградивме многу блиска соработка, како со партнерите, така и со клиентите.

Вработените се наше клучно богатство

Се трудиме да оствариме пријатно работно окружување на нашите вработени како би го смалиле стресот, кој во информациониот сектор е неизбежен. Во нашата струка, 40 часа неделно е повеќе исклучок него правило, но тоа не важи за Даталаб. Вработените не сакаме да ги исцедиме со претерана работа и прекувремени часови, затоа што тоа директно влијае на пад на квалитетот на работата. Знаеме дека кога сме одморени, сме и покреативни. Од таа причина вработените ги охрабруваме на самостојно креативно размислување и активно учество во менаџментот на фирмата. Веруваме во учество на вработените во сопственоста на претпријатието и поделба на профитот со нив. Големо внимание придаваме на обуката и стручното усовршување на вработените. Со благодарение на константното усовршување, даваме се од себе да покрај употребата на најсоврмената техонологија на нашите вработени осигуруваме пристап на знаење, кое им е потребно.

Нашите планови се долгорочни

Се трудиме да ја видиме пошироката слика, а не само моменталните резултати. Вложуваме повеќе од 60 проценти од нашиот профит во равој, што јасно покажува значајот колку се грижиме за иднината. Исто така веруваме и во еко-економија во претпријатијата. Така, покрај профит, ги прифаќаме и сите други влијанија на окружувањето, во кое работиме. Дел од општествената одговорност е исто пружање помош и на оние, кои немаат можност за живот. Поради тоа, секоја година насочуваме дел од профитот и за хуманитарни настани и помагаме преку спонзорства на разни школски натпревари.