Даталаб Блог – Нов канал за новото време

Сеп 7, 2016 | Новости |

Во последните 20 години сведоци сме на драстични промени на начинот на кој што работиме, коминцираму, соработуваме и, на крајот живееме. Причина за тие драстични промени е вртоглавиот развој на информационите-комуникацуини технологии (ИКТ). Во нашето општество се е различно во споредба со тоа што беше пред 5, 10 или 15 години. Технологијата го има главниот збор, а информациите станаа крвоток на современиот живот.

Што се случува кога и технологијата и информациите во толкава мера доминираат на секој аспект од нашите животи со тоа постануваат се поголем товар наместо предност и што можеме да направиме?

Еден од клучните проблеми во современото деловно окружување е количината, обемот и брзината на податоци и информации кои пристигнуваат секој момент до секој поединец.

  • Ако порано клучен проблем беше да се пронајде информацијата, денес е проблем брзината и количината со која информациите нам ни пристигнуваат.
  • Времето потребно информациите да се обработуваат и филтрираат, да се раздвојуваат важните од неважните и употребливите од неупотребливите претставува огромен трошок.
  • Кредибилитетот, вербата и релевантноста денес се прашања кои се најчесто отворени.

Како брзо и едноставно да добијам информации релевантни за моето работење?

Поради тоа се одлучивме да се обидеме да направиме место на кое може да се пронајдат филтрирани, рачно обработени и лично напишани и разбирливи информации кои вас е многу веројатно да ви помогнат во секојдневното работење.

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот)

Овој пристап за Даталаб не е нов. Даталаб оддамна вложува значајни средства во креирање на итерни публикации за Pantheon™ Е-Новости што во измантиот период ја добивавме, првично на печатена форма, а потоа и во електронска (епошта) и ПДФ форма.

Времето покажа дека печатените публикации се помалку ги читаме, а епошта користиме скоро само за важен деловен разговор, а сето останато следиме ад-хок и кога нешто баш ќе не зинтересира, а е корисно за нашето работење.

Денеска е време на нови медиуми, нови канали, интерактивни и содржински. Поради тоа споменатата стара идеја ја освежуваме и ја пакуваме во ново ‘одело’.

Ако имате време и можност но и желба да продрете во историјата топло ви препорачуваме ги погледнете како некогаш изгледаа Pantheon™ Новостите.

Cloud сметководство, електронско работење, претприемништво

Блог формата, која ја стартуваме, е во моментов доминантен начин на кој се комуницира, а содржината претставена на блог платформата е категоризиран, означен и може да се пребарува. Додатно, во контекст на поврзаната содржината на посетителите и читателите ќе им пружи поврзани и сродни информации со што и на тој начин, се надеваме, полесно и поедноставно е да се пребараат информации и на нашите страници.

Ќе се потрудиме да собереме, филтрираме и објавиме корисни текстови на нашиот блог од областа на електонското работење, електронски фактури, претприемништво, деловен софтвер, сметководство, cloud и многу други актуелни области во кои веруваме дека, со нашите соработници, имаме што да кажеме.

Денес компаниите и поединците претприемачи се среќаваат со многу повеќе предизвици во споредба со пред неколку години. Во Даталаб многу сме свесни за последиците. Соработуваме со приближно 50.000 од нив во регионот.

Дополнително, самите ние секојдневно имаме искуство со слични предизвици. Поради тоа се одлучивме да го поделиме она што го знеме. Искрено веруваме дека може да се оди напред само ако го делиме нашето знаење. Слободни сме да веруваме дека нашето регионално искуство може да ви користи и на вас!

Дали знаевте?

Како илустрација и обид да ви ја претставиме количината на информации и обемот на промени со која денес се среќава секој од нас препорачуваме да го погледнете следното видео:

За крај: јавете ни се!

Ако ве интересира некоја посебна тема или сакате да одработите нешто од посебно значење за вас, јавете се и споделете ги со нас идеите, размислувањата и дилемите, а ние ќе се потрудиме да истражиме, анализираме и да ги споделиме со вас филтрираните, корисните и употребливите информации.

Се читаме на Даталаб блогот,

Даталаб Тим

X