Даталаб настан на годината

Меѓународна PANTHEON Конференција 2017 и забава во Холивудски стил во знак на 20 годишното постоење на Даталаб

Позади нас е успешната Меѓународна PANTHEON конференција, која се случуваше на 16. и 17. ноември 2017 во Grand хотел Bernardin во Порторож. Главна цел на годинешната конференција беше претставувањето на ефикасни методи и чекори на патот до ваша дигитална трансформација со помош на PANTHEON. Веруваме, дека со себе понесовте една нова идеја, која ќе ја употребите во вашата деловна пракса уште од денеска.

 

Горди сме, на тоа што ни се придружија повеќе од 350 учесници, на 36 интересни работилници, како и поддршката на нашиот труд од голем број покровители, кои се погрижија, гостите да уживаат на паузите помеѓу предавањата и на забавата, меѓудрогото добија и голем број на интересни информации за голем број деловни решенија

Се заблагодаруваме и на новинарите, кои учевствуваа на нашата прес конференција пред настанот, каде со Андреј Мертељ, претседател на управниот одбор, Морено Родман, главен извршен директор, Санди Боршо, директорт за маркетинг и продажба и професорот Joe Peppard, кој беше почесен гостин на настанот и експерт за дигитални трансформации на претпријатијата. На пресот беа претставени почетоците на Даталаб, кои се плановите и предизвиците во иднината како и моменталната состојба на дигитализацијата на малите и средните претпријатија.

 

20. годишнината на претпријатието, како што доликува на слични јубилеји, ја одбележавме со гламурозна холивудска забава, каде со добра храна и пијалок, долго низ ноќта се забавувавме и танцувавме во придружба на музичката група Табу и гламурозните Концерт Мајстори од Србија.

Сите слики можете слободно да ги погледнете на нашиот Facebook профил.

untitleddatalabДаталаб тимот Со симболичен потпис сака да ги потенцира сите соработници, вработени, партнери и корисници со кои секојдневно се развива, учи, собира и разменува искуства, знаење, проблеми и решенија. Без сите проблеми сето ова не би било. Редовно следете ги нашите објави и предложете кои теми и информации ве интересираат. Денес често ќе слушнеме: кој ја има информацијата, ја има моќта. Даталаб тимот своето знаење го дели со вас! Споделете понатаму…

X