Листа на активности пред подготвување на завршна сметка

Дек 28, 2017 | Деловни Решенија, Новости, Општи теми, претприемништво, Сметководство

Се приближуваме кон крајот на годината, а со тоа доаѓа и крајот на фискалната година. Ова за сите правни лица и претприемачи кои вршат двојно книговодство значи дека покрај планирањето на Новогодишните празници, тие треба да работат и на подготовка на завршната сметка. И додека другите уживаат во предновогодишната еуфорија, подготвувањето на редовните годишни финансиски извештаи е нешто што нас не фаќа паника.

Крајниот рок за поднесување на завршната сметка е 15.03. и се доставува до УЈП по електронски пат. Обврска за доставување на завршната сметка имаат сите: компании, јавни претпријатија, банки, друштва за осигурување, финансиски службеници за лизинг, доброволни пензиски фондови и задруги.

Завршната сметка претставува финансиски одраз на работењето на компанијата во претходната година и затоа е многу важно да се направи на вистински начин.

Како одразот на вашата компанија биде беспрекорен и како да избегнете дополнителен стрес, ние од  Даталаб одлучивме да ве ослободиме од стресот , со тоа што подготвивме листа на активности што треба да ги пополните пред да ја креирате вашата завршна сметка.

Следете ги следниве чекори и нема да имате грешки:

  1. Направете попис на основните средства, како и попис на побарувања, обврски и други билансни ставки
  2. Усогласете ги салдата на побарувањата и обврските кај клиентите и добавувачите (испраќање на ИОС)
  3. Проверете дали активните конта имаат должничко салдо, а пасивните конта побарувачко за да можете да отидете на следниот чекор – број 4
  4. Признавање на курсни разлики кои произлегуваат од побарувањата и обврските во странска валута по среден курс на Народна банка на Република Македонија на датумот на билансот.
  5. Признавање на приходите и расходите врз основа на побарувањата и обврските со договорната валутна клаузула на датумот на билансот.

Се разбира, сето ова е многу поедноставно со деловната програма што повеќето работи ги работи наместо вие.

Со деловната програма, дури и консолидираните биланси и извештаи за филијали може да се добијат со “кликање”, што во поголема мера ја олеснува работата.

6. Шестиот чекор е да се евидентираат долгорочните пласмани и обврски (финансиски лизинг, кредити…) на начин да се прекласифицира дел од долгорочните обврски што доспеваат со рок од една година од датумот на билансот на краткорочните.

7. Не смееме да заборавиме да извршиме обезвреднување на сомнителни побарувања во согласност со деловните политики

8. Доколку досега е сè во ред, наредните чекори се само проверки:

  • дали исправката на вредноста е наплатенa, а претходно обезвредните побарувања се отпишани
  • дали салдото на деловните и депозитни сметки одговара на состојбата на изводот од сметките на банките кои ги поседуваат средствата
  •  дали се пренесени на активни и пасивни пресметки, расходи и приходи кои не се однесуваат на периодот за кој се составува билансот

9. Сметководствени резервации – признавање и утврдување на износот на резервациите и повторно разгледување и ревидирање на неискористената резервација од претходната година, е тоа што треба да го направите пред да продолжите со понатамошните проверките.

10. При подготовка на завршната сметка, потребна е голема прецизност. Затоа, неопходно е да проверите неколку пати:

  • дали сите конта ни се затворени
  • дали е направена пресметка на просечната набавна цена на крајот од сметководствениот период
  • дали на датумот на билансната состојба се пресметани сите плати и надоместоци на плати за периодот кога се подготвени финансиските извештаи, без оглед на тоа дали е извршена исплата во истиот период
  • дали е направена пресметка на сметководствената амортизација и дали за новоснабдените средства е запишан добриот период на користење средства во согласност со сметководствените политики.

11. Откако сите работи ги проверивме, неопходно е да се изврши пресметка на амортизација во согласност со Законот за данок на добивка.

12. Само неколку чекори не дели од целта. Погледнете повторно:

  • Да се усогласат состојбите со даночните обврски со картички од УЈП
  • Дали имало некои промени во капиталот во Централен регистер
  • Проверете дали потврдените компензации имаат датум на доспевање
  • Проверете ја финансиската состојба со материјално
  • За извештај за готовински тек проверете дали се сите конта (за книжење директно на 4 * и 7 *) се вклучени во формулите

13. Обврзникот кај кој е отворена постапка за ликвидација, постапка на стечај или кај кој настанале статусни промени, образецот “ДБ” го доставува во рок од 60 дена од денот на отворањето на постапката, односно од денот на настанувањето на статусните промени.

Кога ја пополнувате завршната сметка, поголемиот дел од работата е во подготовката, затоа осигурајте се дека не пропуштате никакви предмети.

Толку од нас за денес. Се надеваме дека барем малку ви ја олеснивме работата. За повеќе корисни информации, пријавете се на еден од нашите онлајн семинари.

untitleddatalabДаталаб тимот 

Со симболичен потпис сакаме да ги опфатиме сите поединци, вработени, соработници, партнери и корисници со кои учиме, собираме и разменуваме искуства, знаења, проблеми и решенија секој ден. Без  сите нас заедно сето ова не би ни било. Редовно следете ги нашите објави и предложете кои теми и информации ве интересираат. Денес често можеме да слушнеме: кој ја има информацијата, ја има моќта. Даталаб тимот своето знаење го дели со вас! Споделете понатаму…

X