Феномен “lipstick on a pig”: Избегнете ја илузијата на дигитална трансформација

“Еден од загрижувачките трендови е дефинитивно трендот кој го нарекувам “lipstick on a pig” (поим за лажно претставување на нешто) изјави Проф. Peppard, и додаде “Во тие случаеви организацијата дава лажна слика дека е дигитална”

Joe Peppard е Професор на ESMT, Германија

Професор Joe Peppard ќе биде гостин говорник на Меѓународната PANTHEON конференција 2017 во Grand Хотел Bernardin Порторож во Словенија на 16. ноември. Тој е професор на ESMT Берлин во Германија и професор на Универзитетот во Јужна Австралија. Неговата најнова книга е Стратегисмо управување со информационите системи: Градење на дигитална стратегија, а во моментов ја пишува следната книга, Дигитално Лидерство за Водечки Инстанци и Водечки Позиции.

Кога организацијата создава илузија дека е дигитална?

Во текот на изминатите денови ги прегледав некои од моите податоци за тоа како претпријатијата управуваат – или не – со своите таканаречени Дигитално трансформациски патувања. Импресионирам сум од амбициите на некои од нив, тоа што направиле и тоа што постигнале. Другите, за жал, или си ја ставаат својата глава во земја, без конкретен смер или си даваат илузија за својот напредок. Еден загрижувачки тренд кој го гледаме е тоа што јас го нарекувам “lipstick on a pig” (поим за лажно претставување на нештата). Ова е место каде организацијата дава илузија за себе дека е дигитална. За надворешниот свет можат да претстават некои прекрасни апликации, но интерно во претпријатието всушност се далеку во мракот. Многу работи се случуваат под знакот “наша дигитална иницијатива”, но во реалноста постои мала кохезивност и минимален напредок.

По податоците на Altimeter Group, повеќе од 80% од компаниите денеска проаѓаат одредена дигитална трансформација. Дали мислите дека сите овие компании знаат што значи дигитално?

Мислам дека не знаат. Да се биде дигитален вклучува повеќе од само примена на дигиталните технологии како што се социјалните медиуми, мобилните уреди, Cloud, аналитиката, интернет работите, когнитивно пресметување, вештачка интелегенција или blockchain технологија. Дигиталноста нуди прилика за фундаментално повторно организирање на компанијата од моментот на стратегија до нејзина реализација на оперативно ниво. Исто така овозможува да го ревидираме нашиот бизнис модел и понудата, како управуваме со ризиците, како се однесуваме со купувачите и другите екосистемски партнери. Дигиталната технологија како што е “blockchain”, на пример, претставува суштина на тоа што денеска го разбираме во организацијата, овозможувајќи за прв пат дистрибуција на автономна организациска структура. Таа исто така има импликации на корпоративната стратегија, на пример, пратформите предизвикуваат доминантна перспектива на понудата и потенцирање на важноста на управувањето со мрежни ефекти. Дигиталноста може да биде возбудлива, сензационална – меѓутоа е тешко да се постигне.

 

Дигиталноста нуди прилика за фундаментално повторно организирање на компанијата од моментот на стратегија до нејзина реализација на оперативно ниво.

Споменавте дека “дигиталноста” е тешко да се постигне. Мислите ли дека еден од најтешките предизвици за било која организација на патот до “дигиталното небо” е да се преовлада отпорот кон промените на внатрешноста?

 

Да, се согласувам. Моите истражувања открија дека е најтешко да се постигнат кулуролошки и колективни промени кои се неопходни за организацијата да биде навистина дигитална. За вработените кои не се спремни за промени, промените значат неизвесност, предизвик за нивниот идентитет и може потенцијално да ги чини работата. “Трансформацијата” е само синоним за промена и знаеме дека постигнувањето на промени, особено културолошки, е неверојатно тешко.

 

Морате да ги прилагодите своите нови идеи визии во однос на тоа како вашиот клиент сака да комуницира со вас и како ќе му дозволите тоа да го направи. Можеби мислите дека имате голем бизнис модел со добитна вредност, но купецот е краен судија.

 

Дигиталната трансформација исто така значи и изградба на силна стратегија и јасна визија. Дали разбирањето на потребите на нашите купувачи е дел од таа визија?

 

Апсолутно! Визијата која ја води иницијативата за дигитална трансформација не се појавува самата од себе. Секогаш е можно да се погоди извонредна бизнис идеја, но тоа е помалку веројатно дека ќе се случи без поставување на одредени значајни мисли во истата. Ако сеуште сте изгубени во мракот, морате да ги расветлите своите идеи, да го проучите пазарот и својата конкуренција, па пред се да го разберете однесувањето на вашиот купувач. Морате да ги прилагодите своите нови идеи визии во однос на тоа како вашиот клиент сака да комуницира со вас и како ќе му дозволите тоа да го направи. Можеби мислите дека имате голем бизнис модел со добитна вредност, но купецот е краен судија.

На пример, погледнете го Uber. Тие создадоа најголема светска услуга за автомобилските услуги без купување на сопствени возила, додека eBay и Alibaba создадоа некои од најопсежните малопродажни канали на светот без чување на залиха. Двата примери се концентрираат исклучиво на купувачот и “нивниот проблем кој треба да се реши”.

Повеќе ќе зборувате за дигиталната трансформација и како да се избегне илузијата за дигитална трансформација на Меѓународната PANTHEON конференција на 16. ноември во Grand Хотел Bernardin Порторож, Словенија. Пред лично да се сретнеме, дали можете да ни дадете одредени совети како да се преживее и како да се примемиме за “Дигитализацијата”?

Важно е да се разбере дека дигиталната трансформација е неизбежна, тоа само по себе бара учество на целата организација. Дополнително, дигитализацијата не е баш млада, туку нешто што се случува неколку децении, иако во последните неколку години убрзано се движеше благодарение на мобилните телефони, социјалните медиуми, интернет работите и аналитиката. Постојат различни патишта за да се постигне дигитална трансформација кои јас детално ќе ги претставам и ќе бидат разработени во текот на презентацијата. Доколку пристапите во процесот на дигитална трансформација со сомнеж во вашиот ум, тогаш е предодредено да не успеете. Морате да знаете дека дигитализацијата не е само средство за подобрување на резултатите на вашиот бизнис, туку и апсолутна потреба за опстојување на вашата компанија.

 

X