5 Клучни Деловни Критериуми за избор на ERP Решение

Дек 22, 2016 | Деловни Решенија, Новости

Во својата книга Парадокс на Изборот авторот Бери Шварц наведува дека проблемот на избор е стандарден проблем на современото општество кога изборот е преголем. Тоа тврдење го поткрепува со обемно истражување. Тврди дека ако бројот на опции е поголем од 4 изборот претставува проблем. Обемноста на изборот, спротивно на она што поинаку би помислиле, нема да  е направи сречни ниту задоволни. Напортив, не прави парализирани и фрустрирани. Причината е едноставна: стравот да не се погреши, да не се направи лош избор.

Како што на пазарот на деловен софтвер во регионот работи преку неколку стотина понудувачи на деловен софтвер јасно е дека изборот станува сериозен проблем. И тоа не само како техничка категорија туку и, како што авторот на книгата наведува психолошка категорија.

Што можеме да направиме за ова да го олесниме? Дали постојат пречки кои оперативно можеме да ги примениме за оваа работа да биде поедноставна?

Ние мислиме дека постои и од некои искуства ќе споделиме со вас определени пречки кои на нас и на нашите корисници ни помагаат кога избираме деловен софтвер.

Топ 5 Критериуми за Избор на ERP Решение

#1: Поддршка од Локалниот Партнер

Колку поддршката е важна се уверија сите оние на кои им била потребна. И навистина додека не ви е потребна поддршка, квалитетот на поддршката не ви е важна, но доколку некогаш сте чекале долго слушајќи одредена мелодија од говорниот автомат тогаш прилично сме сигурни дека знаете за што се работи.

Поддршката е најважниот критериум. Многу едноставно, софтверот ќе купите, платите и имплементирате и тоа е тоа. Кога ќе почнете навистина да го користите ќе видите дека квалитетот на поддршката може да значи различна работа за различни луѓе.

Сега, некој би рекол <<а зошто ми е потребна поддршка>> кога ќе научам да работам во програмот. Размислете. Фирмите растат, се развиваат, ја менуваат стратешката насока, воведуваат нови производи и услуги, ангажираат нови луѓе и слично.

Деловен софтвер од ERP категорија е измислен како алатка која помага во работата и ги следи деловните процеси, па јасно е дека за сите горе наведени активности е потребна поддршка.

#2 Следење на Перформансите на Системот од Страна на Производителот

Што ова во суштина значи? На овој начин напишано делува прилично во магла и нејасно. Во суштина е лесно за разбирање, ако ги споредите перформансите на софтверот со на пример автомобилите. Секоја година, производителот на автомобили претставува на пазарот нов модел со унапредени перформанси. Како тие знаат што треба да унапредат? Знаат на така што ги следат и тестираат перформансите на своите производи како во реалност така и во тестното опкружување.

Не секој пат погодокот е во центар, но со постепени надоградби автомобилите денес ни малку не личат на оние од пред само неколку години. Тука се компјутерите, автоматската контрола на пролизгување, рамномерната дистрибуција на силата на кочењето и други разноразни паметни работи кои производителите ги вградуваат, а кои се резултат токму на следењето на перформансите.

Да се вратиме назад на софтверот. Со софтвер е многу подобро! Затоа што, ако си купите автомобил и производителот во следната верзија направи значајни подобрувања во перформансите вие нема автоматски да добиете нов автомобил (не знаеме можеме во иднината Auto as a Service, но тоа е премногу далечно) вие ќе морате да купите нов. Со софтверот ситуацијата е значајно подобра. Едноставно, го надоградувате софтверот и имате најнова верзија. Со сите унапредувања кои во меѓувреме се појавија. Одговара зар не?

#3 Можност Системот да ги Задоволи Деловните Потреби

ERP системите се купуваат со намена да помогнат, да унапредат и поттикнат работењето. Поради тоа овој критериум е многу важен. Без разлика колку е моќен доколку не е во состојба да се прилагоди или да помогне во унапредување на вашето работење, ERP системот е безвреден за компанијата.

Веќе напоменавме дека секоја компанија се развива и расте со времето. Тоа значи дека софтверот треба да овозможи ако не се’ тогаш барем три точки од оваа листа:

  • Флексибилен и прилагодлив систем за известување
  • Поддршка за широка палта на деловни процеси
  • Поддршка за планирање – поради тоа што инаку не е ERP J
  • Можност за проширување со интерни или екстерни алатки

И тоа не е се. Деловен софтвер е алатка која компанијата ја набавила за долги стази. Тоа не е еднократна операција. Ако во стартот не помислите и ако барем еднаш не се обидете да ги предвидите своите деловни потреби во наредните години, постои голема веројатност дека решението кое е <<добро>> денеска, утре да стане претесно. Имавте слично искуство со купување на свечени одела, зар не?

#4 Потенцијал за Континуираниот Развој на Решението

Овде всушност се говори за силата на софтверската компанија, континуирано да ги унапредува своите производи. За која сила зборуваме? Многу едноставно, зборуваме за силата на софтверската компанија која се мери со нејзиниот финансиски резултат (има ли доволно приходи и профи), бројот на луѓето во развојот и поддршка, како и трендовите низ времето. Денеска овие параметри е релативно лесно да се <<проверат>> поради тоа што постојат јавни објави на овие податоци кои се достапни. Дополнително, поединечни компании работат на берза (да тука спаѓа и Даталаб) и со самото тоа постојат јавно достапни годишни извештаи за работењето.

Зошто ова е важно за корисниците? Многу едноставно силата на фирмата овозможува понатамошен развој и унапредување како на фирмата, така и на производите. А унапредувањето на производите е од големо значење за крајните корисници. Јасно е дека и денеска на пазарот имаме компании кои и понатаму тврдат дека <<нема ништо како што се DOS решенијата>>, но да бидеме реални дали денеска повеќе би избрале Yugo или солиден Passat (немора дури ниту да биде најновиот модел)?

#5 Цена на ERP Решението

Последно, но не и најмалку важно е цената. Но кога зборуваме за цена не е само прашање на иницијалната цена, односно колку ќе ме чини ERP на почетокот. Прашањето е вкупните трошоци за инсталација, користење и оддржување на деловниот софтвње (ен. скратено TCO – Total Cost of Ownership).

Совет: секогаш пресметајте (или барем обидете се) колку ќе ве чини вашиот софтвер на период од 3,5 и повеќе години.

Имајте на ум, софтверската лиценца е само еден од параметрите за формирање на цена на деловниот софтвер. Имплементацијата на деловниот софтвер е друга точка за која често <<негодуваме>>. И таа најчесто не е значајна. Потоа е знајачна?

Долгорочен трошок за поддршка и нови верзии. Лиценците ќе ги купите и тоа е завршено. ERP ќе имплементирате иницијално и со тоа е готово. Сето останато припаѓа  во поддршка по имплементација. Сеедно дали е тоа едноставно барање за техничка поддршка, во смисла <<а како да го направам ова или она>> или <<каде да кликнам за да го добијам овој или оној извештај>>, па се до мини проекти кои подразбираат мини-имплементација на конкретното прошување на ERP решението во рамките на желбите за проширување на основните функционалностие со некои нови деловни процеси.

Постојат безброј примери, меѓутоа обемот на овој текст не спречува за ги обработиме сите. Сепак, имајте на ум дека за сите останати прашања сме ви на располагање.

Набројавме 5 клучни деловни параметри, по наше мислење и од нашето искуство. Тоа секако не значи дека тоа се сите критериуми. Ќе ве потсетиме на уште некои кои секако мислиме дека се значајни, но не припаѓаат во топ 5 по нашето мислење.

  • Квалитетна документација
  • Функционалноста на системот
  • Едноставно користење
  • Едноставност на имплеметацијата на новиот систем
  • Можност системот да работи со постоечката опрема

Се надеваме дека барем малку придонесовме во разбирањето на оваа сложена проблематика и дека податоците од овој текст ќе ви помогнат на патот до успехот!

За крај погледнете го предавањето на Бери Швирц на тема Прадоксот на Изборот кое го пронајдовме за вас:

Кои критериуми би ги додале или избришале. Споделете го вашето искуство ќе направиме нов Блог пост за тоа!

5 + 1 =

untitleddatalabDatalab тим

Со симболичен потпис сакаме да ги опфатиме сите поединци, вработени, соработници, партнери и корисници со кои секојдневно учиме, стекнуваме и разменуваме искуство, знаење, проблеми и решенија. Без сите заедно ова не би ни било. Редовно читајте ги објавите и јавете ни кои теми и информации ве интересираат! Денес повеќе од секогаш важи: кога имаш информација, имаш моќ. Екипата на Даталаб своето знаење го дели со вас! Споделете понатаму

X