, ,

Big Data и финансиско управување

12 Ное 2017

„Податоците навистина го помагаат сето тоа што го работиме“

Финансиското управување во 21. век не е така едноставно, како што беше во минатиот век. Финансиски менаџери, за да можат со што повисок степен да ја предвидат идната финансиска вредност, имаа потреба од се поголема количина на податоци. Понатаму, IT системите за чување (финансиски) податоци стануваат се подостапни на глобално ниво, така што така наречените големи количини на податоци (на пример бази на податоци за клиентите кои се користат по пат на социјалните мрежи за проекции на продажбата или вложување во дигиталните промотивни кампањи итн.) станаа дел од секојдневието, при финансиското управување.

Big Data, како термин, настанат е во 2008. година и претставува податоци чии количини ги преминуваат можностите за стандардното користење на софтвер за складирање, обработка и управување на истите. Често се споменува димензијата Big Data. Димензиите даваат одговор на ова прашање. Volume – раст на количините на нови податоци со огромна брзина и чување на постоечките доведува до тоа да се зачувуваат стотици терабајти, па дури и многу повеќе. Variety – (разновидност на податоците) повеќе не е доволно да се чуваат само структурни податоци, туку и слики, податоци од социјалните мрежи, логоа, сензорски податоци. Velocity – брзината со која пристигнуваат новите податоци е голема и е поголема од брзината на обработка на податоците.

Финансиското управување, во современото деловно опкружување, подразбира тимска работа, а членовите на тимот со финансискиот менаџер го сочинуваат и: финансиски аналитичари, маркетинг менаџери, продажни менаџер и IT специјалисти. Зошто? Големите количини на податоци т.е. Big Data, кои е потребно профитабилно да се (ис)користат за деловен развој, неопходно е да се разгледуваат од повеќе различни перспективи и деловни функции: финансии, маркетинг, продажба и IT. Дигиталната економија и финансиското управување на работењето во 21. век подразбира тоа дека кадровските потенцијали, во секое претпријатие без оглед на неговата големина и дејнст, не само што се специјалисти во својата област, туку знаат и да “прочитаат” и интерпретираат (финансиски) податоци од внатрешни и надворешни бази на податоци, како и на основа на извршените (финансиски) анализи донесуваат соодветни (деловни) одлуки. Во вака организирани претпријатија, финансиското управување кое користи Big Data концепт е едноставно да се реализира преку сопствени оперативни активности. Од друга страна, во претпријатијата кои немаат адекватни кадровски потенција, но имаат потреба при финансиското управуавње да се примени Big Data, потребо е да креираат проектен тим со надворешните соработници: сметководството, консултанти за маркетинг, IT експерти или на друг начин да воспостават ефикасно финансиско управување засновано на примена на Big Data концептот.

Во основа кога интернет алатките и “cloud” сервисите се на сите достапни за деловен развој, не смее да постои ниту една (комуникациска) препрека за финансиското управување да се заснова на адекватни и ажурни (финансиски) податоци. Прашањето кое во овие околности се поставува пред стратешките и финансиски менаџери е: Кои податоци е потребно да ги собере интерно, а кои податоци може да се искористат од надворешните бази на податоци? При тоа треба да се води сметка за непотребното друплицирање на внесовите и дистрибуција на (финансиските) податоци.

Доколку претпријатието има адекватни кадровски, просторни и други инфраструктурни предуслови, можно е своето финансиско управување да го заснова првенствено на “in house” интегрален информационен систем (IS). Во спротивно, претпријатието во некоја од развојните фази на сопствениот IS ќе определи употреба на расположливи “cloud” сервиси т.е. outsourcing решенија, наменети за овие потреби. Без оглед кое решение го одбрало претпријатието за своето работење (in house или outsourcing model), потребно е континуирано да се вложува во (не)материјални ресурси, со што би се обезбедиле функционалности и исплатливост на примена на Big Data концептот за финансиско управување. Вложувањето во набавка и примена на IT алатки, во 21. век, може да се поистовети со трошоците за потрошен и канцелариски материјали, во 20. век, кога извештајот во принтана форма беше “стандард” за деловно и финансиско управување. “Стандард” за финансиско управување во 21.век е Big Data концептот. Што порано претпријатијата го прифатат и ги извршуваат потребните измени на начинот на работење, толку порано ќе можат да ги користат своите финансиски предности со примена на Big Data концептот за финансиско управување.

Доколку стратегискио менаџмент на претпијатието има двоумења: Дали да (не) се користи Big Data концептот за финансиско управување?… предлагам да се информираат за најдообрите искуства од банкарството. Банките во 21. век се претворија во банки на податоци, а потоа и финансиски институции. Примената на дигиталните алатки и дистрибуцијата на каналите е “стандард” во банкарството. Доколку банкарскиот сектор ја пронајде својата “финансиска” пресметка во употребата на Big Data концептот, за финансиско управување, тогаш не постои ниту една (финансиски) оправдана причини овој модел да не го применуваат и останатите индустрии за модернизација на своето работење. Прашањето е едно: Дали стратегискиот менаџмент, во реалниот сектор, има знаење и вештини да ги донесе потребните одлуки, за имплементација на Big Data концептот за финансиско управување? Недостатокот на знаење и вештини потребни за ефикасна имплементација на Big Data концептот за финансиско управување, стратегискиот менаџмент од реалниот сектор може да го надомести со употреба на соодветни консултантски услуги. При тоа, не смее да се заборави значајниот персонализиран пристап за потребите на деловната организација. Big Data концептот нема да биде идентичен за: микро, мали, средни и големи претпријатија. Со непознавање на овој факт, во пракса може да се пронајдат имплементирани IT решенија и Big Data концепти кои не се креирани “по мерка” за конкретната деловна организација. Во тие околности, обично, изостануваат финансиската исплатливост на Big Data концептот во насока на финансиското управување, а имплементираното IT решение не се користи, поради тоа што е “преголемо” и неефикасно за работењето на организацијата и нејзиниот (стратегиски и финансиски) менаџмент. Во овие околности, потребно е да се изврши реинженеринг на моменталниот IT систем и Big Data концептот, кој не се користи, а со кој финансиското управување би се модернизирало и прилагодило на конкретните потреби на претпријатието.

Big Data концептот не е едноставен и “лесен” за имплементација, а неговата успешна имплементација има долгорочна исплатливост за финансиското управување на претпријатието. Да се имаат правите информации, во правиот момент и соодветен облик е основниот фактор за финансиското управување во 21. век. Финансиските податоци кои не се користат или неефикасно се користат за финансиско управување, се прв знак за несоодветен однос кон (не)материјалните ресурси во претпријатието. Доколку во претпријатието несоодветно, а тоа значи неефикасно и без резултат, се управува со финансиските податоци т.е. нематеријалниот имот, голема е веројатноста дека на ист начин ќе се врши и финансиското управување со сите останати податоци во претпријатието: финансиски, кадровски итн. Затоа е потребно стратегискиот менаџмент прво да ги направи потребните промени во наччинот на финансиското управување со примена на Big Data концептот, со што и сите (не)материјални ресурси на деловната организација ќе може да се користат на поефикасен и профитабилен начин.

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X