Да се свртиме кон иднината: најнови совети за сметководители!

Јан 27, 2018 | Новости, претприемништво |

Дали можеби Вие сте книговодител или сметководител? Ако сте, тогаш Вие сте на вистинското место. Освен што стандардно ќе Ви посакаме успешна деловна година, исто така, ќе се обидеме да составиме неколку совети или препораки за тоа како работат современите сметководители и на што тие ќе обратат внимание во оваа 2018 година.

Се чини дека деловното опкружување оваа година ќе биде малку поповолно и во Македонија, а сите ние треба да го искористиме тоа. Подобар бизнис, се разбира дека вклучува повеќе работа во фирмите, а со тоа и крајниот резултат – повеќе работа за сметководителите.

Ние ги истражувавме некои од најдобрите практики на сметководителите ширум светот, размислувајќи за се она што го прават тие и смисливме неколку совети за кои мислиме дека би можеле барем малку да ви ја олеснат работата.

Погрижете се да имате резервна копија на податоци во секое време

Бекап на податоци е најважниот дел од паметното управување во деловната работа. Превземете одговорност за сопствените деловни податоци и податоците на вашите клиенти, осигурувајќи ѓи дека имате структурирана политика која се занимава со заштита. Ако ја препорачувате вашата работа на клиентите, исто така треба да им препорачате и бекап на податоците. Имајте на ум дека сигурноста на податоците зависи од вас. Не заборавајте да им објасните на клиентите дека ако немаат бекап, тие се изложени на можност на губење на податоците поради паѓање на системот, непогода, кражба или било која друга причина.

Проширете ги своите услуги – советувајте!

Развијте ја својата пракса слушајќи го она што вашите клиенти сакаат да ви го кажат. Ставете конструктивна критика и во акција. Клиентите се во срцето на секој успешен бизнис, каде што сте и вие заедно со нив. Користете ги сите информации што вашите колеги и клиенти можат да ви ги кажат и употребете ги во оваа 2018 година, за да ја запамтите како најдобра деловна година. Да се биде книговодител / сметководител, сега вклучува многу повеќе броеви – вашите сметководствени услуги можат да вклучуваат и ИТ поддршка, процена на ризик, лични финансии, стратегии за сукцесија и стратегии за претприемништво. На тој начин можете да додадете вредност во вашето работење и да станете не само сметководител, туку и доверлив бизнис советник – препознавајќи ги потенцијалните проблеми пред да се појават, изнаоѓање начини да ги известите вашите клиенти за даночните обврски и да им помогнете во финансиското планирање во иднина. Овие работи се многу повеќе корисни за вашите клиенти отколку само да ги исполнувате услугите.

Инвестирајте во професионален развој

И сами сте свесни дека често мора да работите на себе и на своите вештини за да бидете во тек со законите, новите технологии и начините за поефикасно работење. Во последниве неколку години, во областа на сметководството дојде до напредок во подрачјето на технологијата што започна да им го олеснува работењето на сметководителите и секојдневната работа. А дали Вие знаете како да го искористите сето она што ви се нуди? Значи, јасно е дека треба постојано да се едуцирате. Без разлика дали станува збор за модерни начини на собирање информации за да ги искористите предностите на дигитализацијата или да научите некои нови вештини во својата секојдневна работа. Размислете за курсеви на операции и програми што ги користите на секојдневна основа.

Вклучете се во групи и сајтови каде можете да дознаете повеќе за својата работа

Оваа година споделете го вашето знаење, но исто така откријте и нешто ново од вашите колеги. Социјалните мрежи ни нудат многу опции, така што лесно можеме да добиеме информации, да споделиме искуства или да му помогнеме на некој во неволја. На интернет во рок од неколку минути можете да пронајдете се што ви треба, и доколку се регистрирате на сајтови и групи кои редовно објавуваат корисни содржини, може да добиете некои информации што дури и не сте знаеле дека ви се потребни. Ние веруваме дека и сами сте свесни што и да побарате, веројатно веќе некој друг го пребарал истото и веќе го споделил. Зошто тогаш не ги послушате неговите совети. Ако знаете нешто добро да направите, нема причина да не научите уште подобро. Гледајќи го сето ова, можеби можете сами да напишете некој блог и да го споделите вашето знаење?

Само треба да ги прифатите услугите на облак!

Луѓе, време е да го практикуваме она што ни следува. Без разлика дали некој сакаал или не, иднината на бизнисот е во облакот (cloud) или во програмите на интернет. Порано или подоцна, сите водечки компании ќе користат услуги на облак (cloud). За сметководителите, овој принцип на работа го олеснува работењето, а истовремено ви дава подобра врска со вашите клиенти. Замислете дека како сопственик или работник во сметководствена агенција, имате многу клиенти, а некои од нив работат на облак (cloud), а вие сеуште не? Технички може да биде изводливо, а што е со претставувањето за вашите услуги. Пренесувајќи го вашиот бизнис на облак (cloud) ќе ја зголеми продуктивноста и значително ќе го намали времето на администрација – а да не спомнуваме за работа од било кое место.

Да заклучиме, Вие дефинитивно сакате 2018 да биде најдобрата деловна година досега. Сите го сакаат тоа. Но, разликата е колку навистина ќе се посветите на промените што треба да ги направите и одлуките што мора да ги донесете!

Искористете ги сите предностите што Ви се нудат, и покрај тоа, ние сме Ви секогаш на располагање, во секое време.

AAEAAQAAAAAAAAgXAAAAJDJlM2U4MjJhLWY5MWYtNDQ5Ny1hNjc5LTk1ZDU1ODFkZTgxOQ

Автор на текстот: Срѓан Курељушиќ – Маркетинг во Даталаб академија БиХ

Верувам дека клучните фактори за успешен бизнис се во отворената комуникација и во добриот маркетинг. Да се едуцираш, да бидеш во тек и да работиш на нови вештини е нешто што треба да го правиш секој ден. Сè е модернизирано, зошто да не бидеме и ние!

X