Десет работи кои ќе ги привлечат клиентите

Мар 26, 2018 | Blog MK, Општи теми |

Доколку досега мислевте дека добрата цена и најголемата вредност се она што најмногу ги привлекува купувачите, сте погрешиле – тоа е на дното на листата на приоритетите. Од истражувањето што го направи „The Raing Group“, дознаваме кои се десетте работи кои ќе ги привлечат клиентите во Ваша насока, а не кај некоја друга конкурентска компанија.

1. Нови Перспективи и Идеи
За клиентите да ги дијагностицираат и решат проблемите, нема да ви се обратат на вас. Заклучокот е дека тие се определуваат за вас поради тоа што им е потребна помош. Морате да бидете во состојба да воведете нешто ново.

2. Бидете Спремни на Соработка
Клиентите не сакаат само нешто да им се продаде. Тие сакаат со нив да се работи за да се постигне заедничка цел. Во идеален случај клиентите сакат да станете составен дел на нивниот успех.

3. Имајте верба во Вашите способности да ги постигнете посакуваните резултати
Купувачите нема да купат од вас доколку неможете да ги убедите дека вашето претпријатије и вашата понуда навистина ќе им ги донесе ветените резултати. Невозможно е во тоа да ги уверите клиентите, доколку самите не верувате дека сте способни тоа да го направите. Вашата верба мора да биде заразна.

4. Внимателно слушајте ги Вашите клиенти
Кога клиентите се опишуваат себе си и своите потреби, често се чувствува како некој да треба да им ја даде истата таа понуда, која ја замислиле. За навистина да ви успее ова, мора да го потиснете внатрешниот глас и да ги заборавите своите цели. Запомнете – се работи купувачот, а не за вас.

5. Обидете се да ги разберете сите потреби на вашиот клиент
Не е доволно ‘да ги поврзете точките’ помеѓу купувачот и понудата на вашето претпријатије. Важно е да се поврзете со луѓето на кои вашата понуда ќе им влијае и да ги разберете како вашите клинти на основа на тоа што го нудите ќе ги задоволат своите лични потреби, како што е напредок во кариерата и сигурност во работата.

6. Помогнете им на клиентите да ги избегнат потенцијалните стапици
Клиентите знаат дека секоја деловна одлука подразбира ризик, но исто така сакаат ваша помош за тој ризик да се намали. Тие сакаат да знаат што може да тргне во погрешна насока и што било погрешно во слични ситуации и на основа на тоа да се превземат чекори за проблемите да не се повторат.

7. Понудете ги вашите решенија
Клиентите сакаат и очекуваат да имате основни продажни вештини, дефинирање и предлагање на реални решенија. Таа способност е „цена за влез“ но сама по себе не е доволна да победи во конкретна ситуација на продажба.

8. Комуницирајте и правовремено поделете ги сите информации
Клиентите не сакаат „спинови“ околу клучните ставови на понудата. Тие сакаат на едноставен начин да им се пренесе се што е битно. Без изненадувања и информации во последен момент.

9. Поврзете се со клиентот
На крајот на краиштата, секоја продажна ситуација подразбира воспоставување врска помеѓу две особи кои веруваат една на друга. Кога еден голем мајстор на продажбата рекол: „За сите страни во продажбата да бидат еднакви, поголем дел од луѓето повеќе би купиле од некого кого го сакаат…и тоа е вистина дури и кога сите работи не се еднакви“..

10. Понудете вредност која вреди повеќе од другите опции
Доколку не можете да му докажете на клиентот дека купувањето од Вас е правилна деловна одлука, тој можеби треба да се обрати на некоја друга компанија за помош.

Извор: Bizlife

X