eRačun

еФактура

Едноставно, брзо, поволно, а пред се еко

Со еФактурите вашето работење ќе го поедноставите, притоа ќе заштедите време а и пари. еФактурите од ден во ден започнаа да се користат од страна на се поголем број корисници кои се свесни дека хартиеното работење е минато. еФактурирањето наскоро целосно ќе ги замени писмата и редиците во поштите.

Што е еФактура?

Тоа е фактура, која целосно ја заменува класичната хартиена форма на фактурата. Издавачот на фактури му издава на примателот фактури за услуги обезбедени или производи продадени во електронска форма. Покрај поедноставна, потранспарентна и еколошка работа, таа носи значителни намалувања и за издавачите и за примателите:

  • материјални трошоци ( нема повеќе употреба на хартија, коверти или принтери),
  • трошоци за поштенски услуги (нема повеќе поштарина),
  • рачни трошоци за работна сила (подобрување на процесите и намалување на грешките при внесување),
  • потрошено време (заштедување на време)

Зошто да користите еФактури?

Придобивките се јасни – електронската фактура е поефтина за издавање и дистрибуирање, полесно е да се следи нејзината регуларност, преземањето може да биде автоматско и може да се достави на повеќе е-адреси во различни форми. Откако ќе се преземе, може да се плати без да се копира.

За кого се наменети?

За сите што сакаат да работат бизнис на едноставен, транспарентен, модерен, еколошки и економичен начин.

eRačun

Како да започнете со еФактурите?

За да започнете да ги користите услугите на електронското работење, Ве замолуваме да го  пополнете образецот подолу. Врз основа на информациите што ќе ни ги дадете, ние ќе ви испратиме потребно упатство за започнување со користење на избраните услуги.

Пакети Цена на пакети (месечно)
еФактура Light 689 ден.
еФактура Pro 3,250 ден.
еФактура Enterprise 23,199 ден.

 

еФактура Micro (40 трансакции) 930 ден.
еФактура Mini (до 100 трансакции) 1,395 ден.

Процесот на работа со еФактури и неговите придобивки

Z

Потврда и припрема на еФактури во програмот PANTHEON

Потврдата за еФактурите е исто како и за хартиеното фактурирање, процесите за издавачите не се менуваат.

Изработка на еФактура во форма согласна со законот

Изработката и промената на еФактурата со формалното електронско доставување заменува хартија, печатење, пакување, поштарина и повратница.

Достава на еФактура по електронски пат

Автоматизираното издавење, испорака и превземање го забрзува работењето и ги намалува трошоците. Во процесот нема препишување, помалку грешки, поголема прегледност и контрола.

Преземање и ликвидација на еФактура

Преземањето, обработката и валидацијата се автоматизираат, мобилноста и достапноста се зголемуваат.

Јавете ни се на 02 3079 231

Доколку Ви е потребен совет за пакетите и сите дополнителни услуги, слободно јавете ни се или испратете ни е-пошта.

X