ГДПР и во Македонија!

1. 6. 2018. | Blog MK, Кориснички Агол, Новости, Општи теми |

Дали знаете зошто на Вашите мејлови деновиве пристигнаа пораки во кои компаниите Ве известуваат дека нема да ви праќаат пораки и известувања, доколку не дадете јасна согласност за тоа?

Сето ова е поради новата Европска регулатива за Заштита на Личните податоци која стапи на сила на 25ти Мај, 2018 година.

Што е ГДПР (GDPR)?

ГДПР (GDPR – General Data Protection Regulation) e новата регулатива на корисниците која им дава поголема контрола врз сопствените податоци. Меѓу најважните промени што ги носи оваа регулатива е тоа што од сега компаниите ќе мораат јасно да им ги објаснат правилата за приватност на корисниците, за разлика од досегашните долги и комплексни упатства, кои најчесто корисниците ги прифаќаат без да ги прочитаат.

Со новите правила, компаниите ќе мора да обезбедат двојна согласност од потрошувачите за користење на податоците, да имаат записи за сите обработени податоци, да нудат детални описи на целите на собирањето податоци. Ако потрошувачот побара пристап до своите податоци, компанијата или организацијата ќе мора да ги обезбеди во рок од 30 дена.

ГДПР (GDPR) ги предвидува следниве работи?

  • Компаниите да бидат јасни и концизни при собирањето и користењето на личните податоци, како целосен назив име и презиме, адреса, локација, ИП адреса, како и идентификаторите кои се употребуваат за следење на смартфоните за употреба на веб апликации
  • Компаниите ќе мора јасно да наведат за што ги собираат податоците и дали тие ќе бидат искористени за создавање профили од навиките и постапките на корисниците
  • Корисниците ќе имаат право да добијат увид во податоците што компаниите ги чуваат за нив, право на корекција на некоја нивна неточна информација, и право да ја ограничат употребата на одлуки направени од алгоритми
  • Оваа навика ќе важи на цела територија на ЕУ без разлика на кој дел од светот ќе бидат обработувани информациите. Ќе бидат опфатени сите обични сајтови, сајтови на банки, универзитети, Гугл, Фејсбук, Амазон и Епл.

 

„Генерално мислам дека вакви регулативи се позитивни. Имаме намера сите тие контроли и сетинзи да ги направиме достапни секаде, не само во Европа“

Марк Закерберг

Марк Закерберг ги поздрави новите правила на ЕУ и најави дека тие ќе бидат на располагање за сите корисници во светот, не само во ЕУ. Фејсбук смета дека законите за заштитата на личните податоци во одредени земји можат да се судрат со правилата предвидени во европската регулатива, но дека намерата на социјалната мрежа е европските правила да им бидат достапни на сите.

Уредбата важи за сите компании во ЕУ, но и за странски компании кои делуваат на просторот на Унијата. Казната за непочитување на овој закон е 20 милиони евра.

untitleddatalabДаталаб тимот 

Со симболичен потпис сакаме да ги опфатиме сите поединци, вработени, соработници, партнери и корисници со кои учиме, собираме и разменуваме искуства, знаења, проблеми и решенија секој ден. Без  сите нас заедно сето ова не би ни било. Редовно следете ги нашите објави и предложете кои теми и информации ве интересираат. Денес често можеме да слушнеме: кој ја има информацијата, ја има моќта. Даталаб тимот своето знаење го дели со вас! Споделете понатаму…

 

X