Функционалности на системот PANTHEON Јавни Претпријатија

Blagajna

 

Благајна

При продажба или давање услуги практично неминовна функцијата благајна. Овозможува издавање на сметки за конечните корисници на основа на шифрарникот купувачи, артикли и залиха. Можете да користите предефинирани исписи за сметки и на тој начин секоја сметка да ја направите по сопствените желби. Едноставната употреба на рачните терминали и бар-код читачи времето за изработка на документите значително ќе се заштеди. Тоа значи, вашите купувачи може брзо да остварат купување на производи. 

Предности
  • Издавање ПОС (Point-of-sale) сметки,
  • Шифрарник на купувачи,
  • Преглед на артикли и залиха,
  • Заклучок на благајна и автоматско книжење на документите,
  • Интеграција на бар код читачи и рачни терминали.

Naročila kupcev in dobaviteljev

 

Нарачки на купувачи и добувачи

Во модулот нарачки можеме да ги следиме примените нарачки, понуди или профактури од купувачи и дадени нарачки, требувања или примени профактури од добавувачи. Нарачките се составени и од статуси, со што можеме да ги следиме низ целокупниот животен циклус. Отпремната листа ја поедноставува работата во поголемите складишта, истовремено има можност за >>цврсти резервации<<- доделување на производи на точно одредени купувачи. ЦРМ купувачите ни овозможуваат тековен пристап до целата документација, поврзана со купувачите. Нарачките може да бидат и основа за фактурирање и издавање производи и за работните налози во производство. Прирачните и едноставни функции можеме од нарачките на купувачи и добавувачи едноставно и без многу внесови на податоци да изработиме сметка за прием или сметка за издавање на производи, а од нарачките на купувачи можеме да изработиме работен налог за производство. На основа на сигналните (минимална, максимална или оптимална) залиха или нарачка на купувачи, програмот потврдувајќи го рокот на испорака,  автоматски генерира соодветна нарачка до добавувачи. Многу корисен е и прегледот на издавања, поради тоа што за секоја позиција на нарачките гледаме и динамика на набавките. Водењето нарачки на купувачи можеме да ја поврземе со интернет трговија B2B или B2C. 

Содржина
 Нарачки на купувачите

  • Произволен број на типови нарачки до купувачи (на пример: понуди, профактури итн.).
  • Можност за одредување на два партнери на документ (купувач, приемач).
  • Точен преглед на финансиската состојба на купувачот.
  • Можност за додавање на опциони производи (алтернативни производи со доплата).
  • Менување на нормативи на материјалните средства во нарачки.
  • Испис на нарачки на повеќе (на пример словенечки, англиски, црногорски итн) јазици, облик на испис комплетно прилагоден.
  • Можноста на додавање напомена на нарачката и на поединечна позиција.
  • Опис на позициите на понуди непосредно од шифрарникот.
  • Додавање на нарачки од купувачи во нарачки до добавувачи.
  • Можност за резервации на залихи.
  • Можност за половични набавки.

Нарачки до добавувачи

  • Повеќе видови нарачки на добавувачи (на пример: домашни, странски, комисија).
  • Обликување на нарачки на купувачи од нарачки на добавувачи.
  • Обликување на нарачки на купувачи од податоци за залиха (минимална и оптимална).
  • Обликување сумарни нарачки до добавувачите за повеќе нарачки од купувачите.
  • Испис во облик на нарачките на повеќе јазици.
  • Следење на половични достави.
  • Пресметка на нарачки.
  • Преглед на нарачаното и сеуште неиспорачано од страна на купувачите и добавувачите.
  • Преглед на материјалните потреби.
  • Аналитика на побарувања.

Пресметка на нарачки

  • Преглед на нарачаното и сeуште неиспорачано од страна на купувачите и добавувачите.
  • Преглед на материјалните потреби.
  • Аналитика на побарувања.

Elektronsko in spletno poslovanje

 

Електронско и онлине работење

Корисниците на PANTHEON ги користат сите предности, кои ги нуди електронското работење – на располагање се сите облици на работење со сметководствените сервиси, другите деловни субјекти. Ова работење е брзо и ефикасно, пред се претставува помал трошок за корисникот. Електронското работење е интегрирано во деловно-информациониот систем и е на располагање со еден клик. Корисникот на пример прави профактура, избира клика >>извоз во PDF<<, потоа го испраќа на својот купувач/клиент. Многу едноставно е и електронската состојба на обрасците по држава (ДДВ итн). Во последните неколку години многу брзо расте популарноста на онлине продавниците и останатите услуги. Дури и за овие овие дејности PANTHEON е одличен избор – голем број на партнерски претпријатија ги нудат своите или откупени онлине технологии, кои го надоградуваа деловно-информациониот систем. Доказ за добрата работа се бројните претпријатија, кои веќе на големо го користат PANTHEON за BACK-END програм во својата онлине продавница, аптека итн. 

Содржина
  • Автоматски извоз на профактури, понуди и сметки во PDF и нивно праќање на епошта.
  • Скенирање на сметки и праќање на истите до сметководствените сервиси.
  • Електрнско архивирање на документи.
  • Можност за извоз на податоци во MS Word, MS Excel и во PDF.
  • Електронско поврзување (ДДВ и др.).
  • Поддршка на работење со еСлог (нарачки на купувачи, добавувачи, понуди, потврди на понуди, издадени и примени сметки, одобренија).
  • Едноставна интеграција со различни онлине портали (Е-продавници, интранет портали).

Izdaja in prejem računov

 

Издавање и прием на фактури

PANTHEON овозможува прием и издавање на сметки, меѓускладишни преноси, материјално сметководство и следење на залихата, за потребите на малопродажба овие функционалности се поврзуваат со ПОС благајната. Главни предности на прием и издавање сметки се можностите, кои ги нуди PANTHEON на своите корисници. Јасно е дека е поддржана и тоа како обемна трговска или производствена организација – информациите за материјалните текови се толку прецизни, што можеме да ги следиме дури до поединечна единица. Потполно прилагодлив механизам за следење на поединечно парче, како и можност за шифрирање со сериски броеви поддржува и најстроги стандарди на следливост. Во програмот може да се обликуваат документи промена на цена. Истите може и рачно да се обликуваат за поединечни производи, групно или непосредно од самите документи на прием и издавање. PANTHEON овозможува и периодично фактурирање, во програмот поставуваме, што и на кого сакаме да пресметаме во редовнивременски интервали (на пример: наемнина или претплата), а програмот ќе се погрижи за генерирање на сметки. Следењето на носители на трошоци овозможува поврзување на примените и издадените сметки, патните налози, платата, непосредните трошоци… Тоа е идеалната алатка  за инженеринг на претпријатија, и организација со ABC методологија за следење на трошоци, поради тоа што секоја работа содржи свој микробиланс. Во програмот е овозможен и целосен преглед над документите, што многу придонесува на продуктивноста на корисниците при работа со програмскиот пакет. Во секој документ ги следиме сите записи и други документи, кои се поврзуваат на избраниот документ. Бројни пресметки на издадени и примени сметки, материјални промети и прегледи на залиха ни овозможуваат разновидно распоредување на податоците и анализите, кои се многу потребни во секојдневното работење. На ова место автоматски ја пратиме и евиденцијата на ДДВ. 

Содржина
 Издадени сметки

  • Различни типови на фактурирање (малопродажба, големопродажба во домашна или странска валута).
  • Автоматско раздолжување на складишта.
  • Можност за следење на нормативи или амбалажирани производи (на пример: ентериерни производи).
  • Рачно или автоматско издавање на сериски броеви.
  • Можност за произволно обликување на исписи од издадениот документ.
  • Испис на отпремници и транспортни листи без додатнно впишување.
  • Можност за периодично фактурирање.
  • Поддршка на комисиска продажба.
  • Издавање отпремница и обликување на збирни сметки на основа на нив.
  • Автоматско претворање на нарачките во сметка со можност за корекција.
  • Автоматско обликување на благајнички приеми кај плаќања во готово.
  • Прилагодена маска за ПОС благајна.
  • Плаќање на промет со кредитни картички, можност за следење на лојалност.
  • Можност за плаќање на рати.
  • Можност за обликување на авансните сметки и автоматско обликување на негативните авансни сметки на основа на издадени сметки и можност за обликување на сметки за сопствена потрошувачка.
  • Можност за распоредување на документите по одделенија и носители на трошоци.

Примени сметки

  • Обликување на примени сметки со додавање на нарачки и контролирање на испорачаното и нарачаното.
  • Задолжување на примените производи со непосредни (непосредни трошоци, транспорт…) и зависни трошоци (царина, итн.).
  • Обликување на отпремници и збирни сметки.
  • Можност за обликување на авансните сметки и автоматско обликување на негативните авансни сметки на основа на примени сметки.
  • Одредување конто на трошок на ниво на документ или на ниво на позиција.
  • Можност за распоредување на документи по одделенија и носители на трошоци рачно или автоматски со клучевите за распределба.
  • Можност за плаќање на рати.
  • Автоматско обликување на благајнички издатоци при плаќање со готовина.
  • Автоматско обликување на налози за плаќање од документот за прием.

Skladišče, zaloge, carina

 

Складиште, залиха, царина

Складиште и залихи

PANTHEON ги поддржува сите клучни процеси во складиштата и овозможува потполн преглед над вашите производи. Прегледот на залиха и нарачките е брз и едноставен, вид на автоматизирани постапки се грижат за оптималната состојба на производите и залихата.

PANTHEON исто така ги поддржува и останатите процеси во претпријатието, складиштето е поврзано со другите одделенија во претпријатиети (на пример: продажба, производство, сметководство, итн.).

Содржина
  • Едноставен пренос на производи помеѓу складишта,
  • Повеќе начини на следење на залихите,
  • Можност за автоматско обликување на меѓускладишните преноси од нарачка или друг документ,
  • Следење пресметки по складиште,
  • Поддршка на царински складишта.

Царина

PANTHEON овозможува целосно царинско работење. Поддржани се царинските складишта од типот D и за нив потребните евиденции.

Како и другите модули, така и модулот царински складишта работи на принципот на видови документи. Така имаме едноставна поддршка за повеќе царински складишта и за произволен број различни законски дозволени промети на нив.

Два модели на евиденција приеми и издавања

Основен принцип на модулот царинско складиште е обезбедување на приемот и издавањата по документи. Користиме поедноставен или проширен модел, во зависност од потребите кои ги има претпријатието.

Кај поедноставниот модел ги следиме само приемите и издавањата. Овде важи принципот, при секое издавање од царинското складиште да направиме соодветна царинска пријава, така да можеме производите од царинското складиште да ги пуштиме во слободен промет или да ги извеземе. Проширениот модел претставува поддршка за неделно или месечно царинење. Во тој случај на една царинска пријава впишуваме повеќе издавања односно книговодствени записи.

Покрај тоа, програмот соддржи поддршка за сопствено царинско складиште и декларирање. Поддржана е и функцијата увозно декларирање и поедноставено декларирање на увозот и извозот.

Освен тоа, програмот содржи и голем број на налози и пресметки, со кои ги следиме производите во царинските складишта.

Содржина

Царински складишта

  • Поддршка на царински складишта од видот А,Б,Ц и Д,
  • Прием и издавање во царински складишта,
  • Автоматско обликување на книговодствени впишувања,
  • Следење на проекти и изјави,
  • Водење на постапна царинска евиденција.

Potni nalogi

 

Патни налози

Патните налози ни овозможуваат следење на патувањата на кои се настанати трошоци во повеќе валути. Исплатата можеме да ја вршиме непосредно од патните налози на различни начини (благајнички издаток, налог плаќање, плати…). На располагање ни се извештаи, од самиот патен налог до пресметка на (не)исплатени патни налози. Како во пресметката на плата, така и во патните налози на корисникот му е овозможено автоматско книжење. 

Содржина
  • Поддржува едноставни и кружни патувања во земјата и странство,
  • Различни начини на исплата:
    • Благајна (аконтација и исплата),
    • Налози за плаќање,
    • Плата,
    • Компензација,
    • Збирно часовна исплата ПН,
  • Пресметка во различни странски валути,
  • Водење шифрарници на релации, цена на гориво, дневници,
  • Исписи (патен налог, рекапитулација по критериуми),
  • Евиденција на податоците за прилозите на патните налози и додатни трошоци,
  • Автоматски книжење група на налози или поединечен налог,
  • Едноставни внесови со повлекување податоци од шифрарникот (шифрарник на партнери, персонални мапи),
  • Контрола на пристап до податоци со помош на авторизации,
  • Можност за дефинирање повеќе видови на документи од патниот налог.

Obračun DDV

 

Пресметка на ДДВ

PANTHEON овозможува следење на даночните евиденции соодветно со важечкото законодавствто. Даночните книги во програмот се обликуваат автоматски на основа на податоците, кои претходно се внесени во модулот материјално. Податоците соодветно се пренесуаат во однос на избраната даночна стапка и начинот на набавка односно продажба, со тоа мислиме на домашна или странска набавка или продажба на крајните купувачи. Во книгите на сметки спаѓаат: книгите на издадени и примени аванси за домашни издавања и книгите на примени сметки и дадени аванси за домашна набавка и извоз. Даночните книги можеме за потребите на различните анализи и контроли да ги имаме и за период, кој е различен од даночниот, на пример: за една седмица, за поединечен партнер, одделение… Пресметката на ДДВ-то (ДДВ) се одвива автоматски во програмот. Можеме да го испишеме непосредно од програмот. Така обликуваната  даночна пријава во програмот може да се прокнижи автоматски. Можеме да го испишеме непосредно од програмот или да го извеземе во во програмот еДаноци. Кога пресметката на ДДВ ќе ја испратиме до даночната управа, во програмот го затвораме даночниот период, што значи, дека за тој период исправките во програмот неможе да се направат. Така обликуваната даночна пријава во програмот може да се прокнижи автоматски. 

Содржина
  • Даночна евиденција: книги на издадени, примени сметки и сметки од увоз,
  • Книги на дадени и примени аванси,
  • Книги на издадени/примени сметки,
  • Автоматско обликување пресметка на ДДВ,
  • Автоматско книжење на ДДВ,
  • Автоматско обликување на ДДВ образецот.

Računovodstvo

 

Сметководство

PANTHEON сметководство поддржува главна книга со салдоконтата и овозможува автоматско и рачно книжење на документите. Повеќето книжења се обликуваат автоматски по предефинирани предлози. Помошните книги се потполно интегрирани во главната книга, без додатно впишување податоци. Книжењето додатно го олеснува користењето на клучевите за распределба по претходно подесени предлози. Во програмот е вклучен и основниот контен план, кој може да се дополнува и менува, како и предефинирани предлози за автоматско книжење. Во менито >>Биланси<<, можеме да направиме различни видови на исписи за Билансни состојби за различни периоди, одделенија, носители на трошоци, како и одредување на периоди, во домашна и странска валута. Често се користи и >>Контролен испис<< автоматски книжења и неизрамнети налози за книжење. Програмот поддржува затворање на класи 7 и 4 по одделенија и носители на трошоци и автоматска припрема на налози за книжење во главна книга. Во мените >>Заклучок на година<< на тој начин автоматски се обликува налогот за заклучок на година и отварање на нова година. На располагање се исто така и консолидирани сметководствени податоци, кои нудат поддршка при консолидација на сметководствените податоци и сметководствените извештаи. Групните сметководствени извештаи се составени на основа на поединечните сметководствеи извештаи на поврзаните претпријатија со соодветните консолидациски исправки, кои не се предмет на книжење во сметководствено поврзаните претпријатија. Консолидацијата се припрема така што претпријатието со посебни дозволи од избраните зависни претпријатија превзема книжења, кои датумски одговараат на критериумите за припрема на консолидациски сметководствен извештај во PANTHEON. 

Содржина
  • Посакуваниот број типови на налози за книжење со превземени подесувања за книжење,
  • Потполн интегритет на помошните книги со главната книга, без двоен внес на податоци,
  • Автоматско книжење на пренесени и издадени сметки, пресметка на ДДВ, плата, патни и други лични примања, производство и употреба на материјалните средства,
  • Салдоконта во домашна и странска валута,
  • Преглед на сите книжења во главната книга/салдоконта со можност за филтрирање по конто, датум, вид на документ, деловен партнер, број на документ итн,
  • По промена на контниот план овозможен е автоматски пренос односно книжење од стариот контен план на новиот контен план и истовремено обликување на налози за книжење,
  • Автоматско затворање на класа 4 и 7 и припрема на налози за книжење,
  • По заклучокот на деловна година обликување на налогот за книжење за заклучок и отворање нова деловна година,
  • Дневник на книжење детално и сумарно, по број на налог, датумски критериуми, конто референт, во домашна и странска валута,
  • Испис на конто картица во однос на одбраните критериуми како што се: за едно конто или за повеќе конта, датум книжење, датум на ДДВ, документ, во домашна и странска валута или во двете валути, во различни облици на исписи,
  • Извештај од банка за краткорочните побарувања и обврски од работењето со нерезиденти,
  • Контролни исписи на неизрамнети налози, автоматски книжења и други контролни прегледи,
  • Бруто биланс на посакуваниот распон на конта и посакуваниот период, аналитички по поединечни конта, по синтетика на конта, по групи на конта,
  • Билансни прегледи со можност за посакувани промени,
  • Припрема на билансните прегледи по одделенија и носители на трошоци, се поредени по период, итн,
  • Следење на трошоците и приходите по поединечни носители на трошоци (проекти),
  • Сите документи (нарачки, сметки, патни налози, плати) поддржуваат следење преку носители на трошоци,
  • Анализа на носители на трошоци, вклучително со билансот на состојба.

Osnovna sredstva

 

Основни средства

Во Основните средства ги евидентираме деловните настани во врска со купување, употреба и оттуѓување на основните средства. Регистарот на основни средства содржи податоци за поединечното основно средство, неговото активирање и сите промени до оттуѓување. Историјата на промени е секогаш достапна. Значајна е и евиденцијата на вредносните промени на основните средство, кои пред пресметката на амортизација може да содржи и промени поради зајакнување или ослабување на вредноста на основното средство. На основното средство ги следиме промените на локацијата во врска со податоците за деловните партнери и промените за задолжување во врска со податоците за вработените. За основните средства, кои истовремено  се и средства за работа, можеме да водиме евиденција на задолжување и раздолжување.  Пресметката на амортизација ја водиме на избраните основни средства или на сите, а со потврдување на пресметката податоците се впишуваат во регистарот. Програмот овозможува амортизација со водење на сметка за промените поради зајакнување и ослабување на вредноста на основните средства. Книжењата настани (промени и пресметка на амортизација) во главната книга се одвива автоматски, по контата подесени во шифрарникот на амортизациски групи односно шифрарникот на основни средства и стен инвентар. Можеме да книжиме по одделенија и носители на трошоци. Барањето по регистарот на основни средства е брзо и прегледно, и овозможено е пребарување по повеќе критериуми. Инвентарот на основни средства уште ја олеснува интеграцијата на програмот со бар-код читач. Програмот овозможува и автоматски пренос на набавките на основни средства и ситен инвентар од документот на прием во регистарот на основни средства и регистарот на ситен инвентар. 

Содржина
  • Ликвидација на основните средства со претходен автоматски отпис на зајакнувањата или ослабувањата на основното средство,
  • Испис на картица на регистарот за основни средства и ситен инвентар, регистар на структури, на ликвидирани основни средства и ситен инвентар,
  • Автоматска пресметка на амортизација на основните средства за сите или за одредено основно средство, за избраниот временски период (месечно, годишно), со истовремена пресметка на амортизација по конта на набавла или амортизација по конта на зајакнување или ослабување на вредноста,
  • Исписи за пресметка на амортизација по конта, амортизациски групи, инвентарни броеви, одделенија и носители на трошоци,
  • Едноставно ресетирање на пресметката на амортизација и воспоставување на претходна состојба пред пресметка на амортизација овозможен автоматски пренос на набавките на основните средства и ситниот инвентар од документите за прием во регистарот на основни средства и регистарот на ситен инвентар,
  • Во регистарот на основни средства овозможено е дуплирање на исти основни средства,
  • Водење на регистарот на основни средства по одделенија и носители на трошоци,
  • Зајакнување и ослабување на основните средства и нивен опис,
  • Автоматско книжење на промените во регистарот на основни средства и ситен инвентар и пресметка на амортизација,
  • Овозможен попис на основните средства и ситен инвента со бар-код читач и увоз на податоците во регистарот за понатамошно обработување на податоците,
  • Водење на документација,
  • Плаќање на сервиси и периодични извештаи,
  • Задолжување и раздолжување на вработените,
  • Автоматско пребарување на состојба или делумна состојба на залихите на некое складиште,
  • Едноставен внес на ситен инвентар во програмот,
  • Автоматско обликување на инвентарните вишоци,
  • Обликување на документи за промена на цени, автоматска процена на залихата и книжење.

Servis

 

Сервис

Сервисните функционалности се наменети за претпријатија, кои во рамките на своето работење извршуваат и сервисна работа или за продадените производи давааат гаранција. За сервис е карактеристично прометите на прием и издавање мора да бидат израмнети. Колку парчиња имаме на прием, толку мораме да издадеме, да ги замениме со други или да се затворат со издадени, односно примени одобренија и обратно. Затоа за сервисно работење е зададено Складиште за рекламации, на кои ги водиме залихите количински и вредносно. За следење на рекламациите на купувачите во програмот на располагање е Сервисен налог, каде на еднос место во сервис ги превземаме рекламираните производи, по сервисот ги издаваме назад, заменуваме со други производи или затвораме со одобрение. Кај приемот на рекламирани производи во сервис програмот проверува дали купецот навистина купил одреден производ кај нас, со кој документ и дали производот е сеуште под гаранција или не. Притоа имаме, во поглед на тоа дали се артиклите сеуште под гаранција или не, во програмот можност за пресметливост или непресметливост враќање рекламирани производи на купувачите. Следењето на рекламациите до добавувачите, значи производи, кои ги враќаме назад на добавувачите за рекламација, се одвива преку документот за издавање на рекламирани производи до добавувачите, кои потоа ги добиваме назад со прием, односно во случај на примено одобрение од страна на добавувачот рекламацијата ја затвораме. Преглед на отворените, односно затворените рекламациски барања, како од купувачите, така и до добавувачите, нивната содржина можеме да ја најдеме во пресметката на модулот Сервис. 

Содржина
 Рекламации од купувачи

  • Поддршка за сопствен сервис,
  • Поддршка за рекламациски барања и сервисни услуги,
  • Водење производи по сериски броеви и купувачи по гаранциски рокови,
  • Преглед на долгови на купувачите, издавање заменски производи, фактурирање сервисни барања, поврзување сервисни барања и одобренија.

Рекламации до добавувачи

  • Автоматско обликување на документација за пракање рекламациски барања до добавувачи на основа на примени сметки и состобја на залиха,
  • Можност за затворање на сервисни барања со заменски производи и поврзување на сервисни барања со одобренија,
  • Пресметка на долгови на добавувачи е основа за рекламациски барања.

Obračun plač

 

Пресметка на плата

Пресметка на плата во програмот PANTHEON се одликува со голема прилагодливост, што овозможува пресметка за различни типови претпријатија, работни односи, основни додатни исплати. Податоците за плати програмот ги превзема од персоналната мапа на вработените и шифрарникот на работни места, и од други соодветни шифрарници. PANTHEON автоматски ги пренесува податоците за отсутност од работа, како  и присутност на работа, кредити, синдикални членарини со соодветен вид на заработка. Во склоп на пресметката на плата, на располагање ги имаме сите законски обрасци (ПДДГИ итн) и голем број на на други извештаи, кои нам ни прикажуваат рекапитулација на придонеси, заработувачка, пресметка, кредити, шифри на налози плаќање, годишен картон на вработениот, годишен картон на вработените со осигуран стаж со зголемување… Програмот ни овозможува креирање налози за плаќање непосредно од формата, во која сме ја припремиле и пресметале платата. Исто е и со книжењата, поради тоа што платите автоматски се книжат во главната книга. Заштитата на личните податоци е осигурана, поради тоа што пристапот до доверливи податоци можете да го затворити со авторизациски механизми. 

Содржина
  • Флексибилно дефинирање начини на пресметка – вид на заработка, доприноси и даноци,
  • Можност за внес, поправка и бришење на поголем број вработени заедно,
  • Хронолошки податоци на параметрите овозможуваат повторно пресметување (поединечно/сите),
  • Пренос на стандардни видови зарабатка помеѓу пресметките,
  • Водење на краткорочни и долгорочни кредити и други обврски,
  • Алатки за пресметка помеѓу нето, бруто,
  • Различни видови пресметки во зависност од типот на установите:
  • редовна плата;
  • авторски хонорар;
  • договор на дело;
  • јубилејни награди;
  • солидарна помош,
  • Различни типови на пресметка на основна заработка:
  • бруто месечна плата;
  • пресметка во било која валута;
  • пресметка на основа на бројот на бодови на вработените;
  • пресметка на основа на оцени;
  • пресметка на основа на стручен степен;
  • пресметка на основа на параметрите на работно место;
  • пресметка на основа на параметрите во персонална мапа;
  • пресметка на основа на параметри на носители на трошоци,
  • Различни типови на пресметка на додатни исплати:
  • повеќе работни место истовремено;
  • синдикална членарина од бруто износ;
  • бонитет;
  • регрес за годишен одмор;
  • помош за инвалиди;
  • јубилејни награди;
  • отпремнини;
  • доброволно дополнително осигурување;
  • дополнително здравствено осигурување;
  • неплатена отсутност;
  • минат труд;
  • бенифициран работен стаж;
  • разлика до минимална плата (пресметана и исплатена);
  • пресметка на топол оброк и превоз;
  • стимулации;
  • боледување на терет на работодавецот;
  • боледување на терет на здравственото осигурување,
  • Исписи на плата:
  • различни платни листи;
  • различни рекапитулации;
  • образец ПДДГИ;
  • образец М-1, М-2, М-3, М-4,
  • Можност за креирање произволни обрасци,
  • Автоматска припрема на налози за плаќање (поединечно, вкупно за банката),
  • Можност за извоз на исписи во MS Word и Excel,
  • Добивање податоци од други извори:
  • патни налози (неисплатени патни налози);
  • персонални мапи (податоци за вработените);
  • производство (параметри од производство);
  • остварено работно време (податоци за присутност на работно место)календар (податоци за отсутност од работно место);
  • календар (податоци за отсутност од работно место),
  • Автоматско книжење во главна книга.

Kadrovska evidenca

 

Кадрова евиденција

Посебно внимание во PANTHEON е посветено на човечките ресурси, кои се често во деловните системи запоставени. Овде тоа се претставува преку персоналната мапа на вработените. Во неа водиме различна евиденција за вработените резиденти или нерезиденти, кои може да имаат различни облици на вработување: постојано вработување, хонорарно, авторски хонорар или др. За секој вработен составуваме персонална мапа во која ги впишуваме личните податоци, потоа податоците на членовите на семејството, евиденција на работниот стаж, градиме движење на вработениот по работни места во претпријатието, како и податоци за работниот стаж. Тука се и податоците за одмор и користење на одмор, како и евиденција на одсутноста на вработениот. Исто така, можеме да водиме евиднција за здравствените прегледи на вработениот, едукациски курсови и обуки. Во модулот кадри посебен дел се податоците за платите на вработените, членствата во синдикатите, работно време на рабоникот…, кои покасно ги користиме на повеќе места во програмот. Во однос на вработувањата постои модул, кој овозможува следење на распишаните конкурси за работни места. На тие распишани конкурси се пријавуваат кандидати, кои потоа може да останат во нашата база и за наредните распишани конкурси. На основа на направените правиме процена и го избираме соодветниот кандидат. По ова, податоците едноставно се пренесуваат во персонална мапа. За сигурност на податоците обезбеден е механизам на авторизации. 

Содржина
  • Кадровска мапа (ЕМБГ, лични податоци, живеалиште…),
  • Следење на податоци од работната книшка (пресметан работен стаж, јубилеји…),
  • Следење на податоците за членовите на семејството, странците, работните дозволи, различни документи, синдикални членарини,
  • Евиденција за образование на работниците, како во рамки на образовните институции така и интерно,
  • Параметри за пресметка на плата (полиња по желба, кои може да се употребуваат за пресметка на плата),
  • Следење на кариерите на вработените во претпријатието,
  • Евиденција за награди и дисциплински мерки,
  • Доброволно додатно пензиско осигурување,
  • Модул за систематизација на работните места,
  • Следење на годишен одмор (пресметка, извештаи, минатост) по формула за пресметка на годишен одмор или внес (ниво на претпијатие, работно место, враотен, како и исписи на потребните кадровски одлуки,
  • Следење на различни одсутности од работа, на пример: боловања, одмори…(календар, табела, испис),
  • Следење на работно време и интеграција со регистраторите на време (4port),
  • Податоци за здравствената сотојба на вработениот,
  • Здравје и заштита на работа (следење испитувања, користење заштитни средства, архива на документација на вратонеите),
  • Задолжување за основни средства,
  • Пресметка на годишни одмори и креирање исписи за годишни одмори,
  • Законски шифрарници (стандардна класификација на професии, степен на образование…),
  • Предупредување за настани (на пример: роденден на вработениот, истекување на договор, здравствени прегледи),
  • Обрасци М1, М2, М3, М4,
  • Исписи (стандардни исписи, обликување сопствени исписи),
  • Извоз на податоци за припрема на последователни писма (MS Word и OpenOfficewrite),
  • Модулот вработување овозможува распишување потреби за работно место (интерно, WWW), креирање список на кандидати и следење на разговорите и нивно оценување.

Enostavna proizvodnja

 

Едноставно производство

Модулот Едноставно произвдство  ги поддржува сите процеси на едноставно производство. Центар на производството се нормативите, на кои ги имате сите податоци за материјалите и операциите, како и работни налози, со помош на кои се врши издавање материјали и прием на производи. Работата ќе ви се поедностави со воведување сериски броеви, со што ви е овозможено детално следење на производите. PANTHEON е одличен избор како за сериско производство така и за производство по нарачка. Алатките во програмот овозможуваат креирање на работни налози на основа на различни критериуми, покрај тоа, програмот врши контрола, со што е оневозможен повеќеброен пренос на одредени нарачки во работен налог. При обработка и изработка на работните налози бројот на документот на купецот има функција на врзан документ, кој овозможува, во секој момент да можете да видите статус и степен на реализација на нарачките. 

Содржина

Нормативи

  • Поедноставена работа со нормативите,
  • Нормативите ги содржат сите податоци за материјалите и операциите, кои се потребни за изработка на одредени производи,
  • Креирање и ажурирање на нормативите се изведува директно од шифрарниците на иденти,
  • Можност за копирање и пренос на податоци од другите нормативи,
  • По нивоа испис на нормативи,
  • Исписи на нормативи, кои содржат одреден материјал.

Сериски броеви

  • Изработка на производим водени по сериски броеви,
  • Следење и преглед на издадени сериски броеви,
  • Детален преглед на производите (tracking), кој е воден по сериски броеви со внес на сериски броеви,
  • Различни можности за водење на сериски броеви: поединечни, шаржни, составни, итн.

Poslovna inteligenca

 

Бизнис интелигенција

Контролни табли

Контролните табели се наменети за менаџментот, аналитичарите и сите оние, кои имаат потреба од алатки за преглед на процесите во претпријатието. Контролните табели се многу едноставни за употреба и овозможуваат уредување на функциите на поединците. На тој начин, системот е прилагоден на потребите на директорите, за прикажување само на клучните показатели и податоци, а деталите се препуштени на оперативните вработени за поддршка. Корисниците може да направат произволен број на контролни табли, на располагање имаат и предефинирани контролни табли. Припремени се различни параметри, формули и начини на прикажување на работата на претпријатието, така што потребно истите само да се пополнат со податоци. На тој начин не е повеќе потребно да се бараат клучни информации на различни локации. PANTHEON контролни табли ќе ги побараат наместо вас и уредно обликувани ќе Ви ги прикаже на екран или прати на епошта.

Содржина
  • Прикази во облик на графикони, табели, бројачи, ротациони табели, ротациони графикони, како и произволен АРЕС или во облик на мапа Google Maps,
  • Предефинирани контролни табли,
  • Едноставна изработка >>по мерка<< контролни табли,
  • Приказ OLAP,
  • Бројни предефинирани табли:
  • Економичност на работењето,
  • Ликвидност на претпријатието,
  • Задолженост на претпријатието,
  • Профитабилност на работењето,
  • Активност на претпријатието,
  • Систем на показатели Модел Змијевског,
  • Систем на показатели Чересијев модел,
  • Систем на показатели Карличек Квиктест,
  • Систем на показатели Алтмен З-скоре,
  • Брз преглед на показатели на работењето.

Пример на прикажување на директорски податоци

  • Преглед на направена работа по проекти,
  • Колку пари е на сметка отворени или затворени ставки,
  • Побарувања и обврски,
  • На кои сегменти се проектите,
  • Месечен резултат на работата,
  • Груба бројка по обврски и побарувања.

На овој начин, директорот ги гледа само оние податоци, кои се за него важни, деталите се препуштени на оперативните вработени. 

Анализи

ZEUS анализата е наменета како за неспецифичните корисници, за кои е наменет начинот на работи >>повлечи и пушти<<, така и за специфичните корисници. Тие се засноваат на ротациони табели и графикони, кои пружаат функции како што се вертикална ротација, филтрирање, средна ротација (врска на шифрарници и изворни документи) индекси, снимање, извози во MS Excel итн. 

Содржина
  • Едноставна употреба (“повлечи и пушти”),
  • Ротациона табла со сите OLAP функционалности (дрил даун, пивот, филтрирање),
  • Големи можности за подесување (сортирање, граници, индекси),
  • Можност за снимање на поставки,
  • Преглед на модуларна структура (продажба, набавка, финансии, залиха),
  • >>на клик<< извоз во Excel,
  • Функција дрил-троу (средна ротација) – врска со документите и шифрарниците, кои се содржани во анализата,
  • Анализа по денови, месеци, квартали, години.

Работни извештаи

При развојот на извештаитена прво место на корисникот e да му овозможиме што е можно поедноставна употреба. Поради тоа развивме постапка >>Извештаи во четири чекори<<. Како што и самото име кажува, со ZEUS извештаите е можно од однапред припремени облици на извештаи и неколку додатни поставки, да креираме произволен извештај во четири едноставни чекори. Секако, секој извештај искреиран може да се испише, сними, извезе во excel  итн. Извештаите може да бидат табеларни, како и графички. 

Содржина
  • Едноставно изведување (>>ЗЕУС извештај во четири чекори<<),
  • Голем број предифинирани извештаи,
  • Голема можност за подесување (филтрирање, сортирање, граници, индекси…),
  • Можност за снимање на поставки,
  • Следење на количини, вредности, разлика во цени,
  • Преглед на модуларна структура (продажба, набавка, финансии, залиха…),
  • >>на клик<< извоз во Excel,
  • Графички приказ (со столбови, линиски, пита, правоаголен),
  • Можност за 3Д графички извештаи,
  • Извештаи по денови, месеци, квартали, години,
  • Детални упатства со примери и објаснувања на примерни извештаи.

Планирање

Желбите на корисниците за едноставна употреба не го заборавивме ни при развој на Планирањето. Планирањето е овозможено за подрачјето на продажба, плата, нарачки и финансии; за произволен временски период и по произволни параметри (субјекти, држави, иденти, класификации, одделенија…). Планирани податоци со помош на индекси, разлики и кумулатива корисникот може брзо да ги споредува реализираните податоци. Освен наведеното, ZEUS планирање се одликува и со напредни алатки, како што е Генератор на план, кој на основа претходните реализации и проценти зголемувања/смалувaња планира автоматски. 

Суштински детали
  • Едноставна употреба,
  • Посакувано детално планирање по најразлични параметри,
  • Преглед на модуларна структура (продажба, набавка, финансии, плата…),
  • Алатка >>Генератор на план<< – за едноставно (>>автоматско<<) планирање на основа на претходните реализации,
  • >>на клик<< извоз во Excel,
  • Едноставно споредување на планот со реализација (разлики, индекси, кумулативи…),
  • Врска со одредени шифрарници,
  • Планирање по месеци, квартали, години.

Побарајте не на 02 3079 213

Побарајте не за пробна верзија и уверете се, дека PANTHEON е право решение за вас.

X