Преминување на сметководство во „cloud“: за или против?

Апр 2, 2018 | Деловни Решенија, Новости, претприемништво |

“Луѓето полесно можат да преболат доколку им ги одземете парите отколку илузијата.”

- Тенеси Вилијамс

Суштината на проблемот за преминувањето на „cloud„ работењето е во илузијата бидејќи сегашната состојба и начинот на дејствувањето е единствено можно, точно и пожелно решение. Финансиските и другите придобивки се само почеток на кршење на илузијата на непроменливоста како успешно решение за континуиран бизнис напредок. Во овие околности, илузијата станува основно средство на застапници кои се противат на транзицијата кон сметководство во cloud. Во текстот Што не(е) работење во cloud? се презентираат општи информации за бизнисот во “cloud”, не само за преминување на сметководство во “cloud”. Како тема на разработка, целта на овој текст е да ги разгледа аспектите: за и против транзицијата кон сметководство во облакот.

Сметководителот се грижи финансиски трансакции во компанијата да се вршат во согласност со применливите правила, стандарди и законски прописи. Во текот на школувањето, сметководителот стекнува бројни практични знаења, како што се деловни книги, обработката на податоците и известување, пресметување на основни статистички показатели и сл. Сметководството бара способност за логичко и аналитичко размислување, особено кога се анализира финансиската состојба информации. Сметководителите се вработуваат во големи, средни и мали приватни или државни претпријатија. Некои од нив исто така отвораат и свои сметководствени услуги.

Дефиницијата за опис на работата на сметководителот не е случајно избрана. Во повеќето случаи, во пракса, работата на сметководителот и неговиот надлежен е дефинирана на описен начин. Во овие околности, се поставуваат како логични и следниве прашања: Кој во компанијата донесува одлука за преминување на сметководство во “cloud”? Може ли стратешкиот  менаџер да биде подобро способен и да ги знае придобивките од сметководството во облак отколку сметководителот? Што се случува ако стратешкиот менаџер и сметководител имаат контра аргумент: едната страна е ЗА, а другата страна е ПРОТИВ транзицијата кон сметководството во облак?

Сметководство во “cloud”, како и секоја нова услуга на пазарот се соочува со многу потешкотии. Тековните и потенцијалните сметководители не се доволно запознаени со придобивките од сметководството во облакот. Недостаток на знаење и страв од промени се најчестите закани за усвојување и практична примена на сметководствените придобивки во облакот. Довербата потребна за да се примени сметководството “cloud” е на релативно ниско ниво, со сметководителите, за кои претставува бизнис-деловен ризик со кој не сакаат да се соочат, и затоа примената на овие софтверски алатки во пракса е во голема мера отсутна.

Со цел да се доближат слични практични ситуации до донесувачите на одлуки, во следниве редови се дадени предностите и недостатоците на сметководство во cloud, со кои стратешките менаџери и сметководители треба да бидат информирани, пред да донесат конечна одлука за премин кон сметководствено работење во cloud” или да продолжат со примената на традиционалното (on-premise) сметководство.

Аргументација за примената на сметководството во „cloud“ се следниве предности:

  • корисникот на софтверскиот пакет пристапува од оддалечена локација, од друго место, град или држава, едноставно  корисникот нема потреба да има инсталирано софтвер на неговиот или нејзиниот компјутер (или друг уред)
  • достапноста, леснотијата и брзината на управувањето со податоците го олеснуваат работењето на тимот за соработка,
  • пристапноста, брзината и начинот на обработка на податоците со цел поефикасно користење на времето и другите ресурси на претпријатијата,
  • намалување на ризикот од уништување на податоци и севкупната безбедност на системот, бидејќи постојат специјализирани ИТ професионалци кои ги обезбедуваат овие услуги,
  • пониски почетни капитални трошоци за софтвер, лиценци, сервери итн.

Основната аргументација против примената на сметководството во „cloud“ е во следниве недостатоци:

  • ризик на сопственост: софтвер, харвер, т.е. серверите и нивното одржување се преселиле во облакот, поточно  претставуваат сопственост на трети страни, а не на претпријатија кои се само закупувач на услуги,
  • безбедносен ризик: сите информации се на сервери кои не се во сопственост,
  • намалување на контролата над сметководствениот софтвер, кој е целосно управуван од давателот на услугата,
  • “зависност” од давателот на сметководствени услуги на „cloud“ и центарот за услуги,
  • несоодветна, бавна или лоша интернет конекција потребна за онлајн режим во реално време и пристап до податоци во облакот.

Во аргументите ЗА или ПРОТИВ спроведувањето на сметководството во облак може да се разгледаат и други аспекти на бизнисот, односно да се разгледа подетално секој од горенаведените аргументи, но исто така и да се набљудуваат и други потенцијални ризици за имплементација, на пример, нови верзии на софтвер потребни за традиционално (on-premise) сметководство во однос на cloud сметководство, и слично.

Суштината на аргументацијата на ЗА и ПРОТИВ примената на сметководството во облак треба да се гледа првенствено од аспект на тековната организација на сметководствената функција во компанијата и решавање на тековните “проблеми” со кои се соочува претпријатието. Доколку можат да се постигнат повеќе позитивни резултати со промена на постоечкиот начин на работа во компанијата во однос на можниот потенцијал за потенцијални ризици, компанијата треба да донесе одлука да премине кон сметководство во облак, при што ќе изготви план за мерки за спречување појава на потенцијални ризици. Инаку, преминувањето во нов начин на работа без истовремено подобрување на сметководствената функција и активност, не постои посебно значење, цел и финансиско оправдување за компанијата.

Сметководителите, според нивната основна функција, се грижат за финансиските операции во претпријатието да бидат извршени рационално и ефикасно. Одбиваат да знаат или свесно да бидат неинформирани за предностите и недостатоците на “сметководството во cloud” и да изградат аргументи против него, односно да ја негираат довербата на давателите на овие услуги не е рационално решение за компанијата. Едуцирајте се за тоа како да ги надминете потенцијалните ризици, на пр. примената на сметководството во “cloud” и стекнувањето на нови вештини и практични знаења неопходни за нејзината примена се основа за рационално деловно одлучување.

 

lejla-softic

Автор: Лејла Софтиќ  –  SoftConsulting s.p. 

Верува дека развојот на кариерата без континуирани инвестиции во личниот развој и подобрување на знаењата и вештините не може да се постигне во 21 век. Постојаната обука и стекнување на нови знаења и вештини се подеднакво важни за успешна кариера, колку што е и дишењето за нашиот живот и здравје.

X