Poslovna inteligenca – analize, poročila, načrtovanje

Вклучено во лиценците

ME
GE
MF

Бизнис интелигенција – анализи, извештаи, планирање

Анализи

ZEUS анализата е наменета како за неактивните корисници, за кои е наменет начинот на работа >>повлечи и спушти<<, така и за по ангажираните корисници. Пред се поактивните корисници ќе бидат во можност максимално да ги искористат сите можности, кои ги нуди ZEUS анализата. Аналитичките способности на ZEUS анализите се составени со помош на виртуелни табели и виртуелни графици, кои нудат функции, како што се вртење во длабочина, низ различни димензии и филтрирање, потоа со користење на дополнителните фукнционалности, како што се вртење преку (поврзување на материјалните документи и шифранти), индекси, извоз во Excel, зачувување, итн.

Содржина
  • едноставна употреба
  • виртуелна табела со OLAP функционалности (drill down, pivot, филтрирање…)
  • голем број на можности за подесување (сортирање, ограничување, индекси, суми …)
  • можности за зачувување на подесувања
  • анализирање на количини, вредности, РВЦ …
  • преглед на модуларна структура (продажба, набавка, финансии, залихи …)
  • >>на клик<< извоз во Excel
  • виртуелни графици за сите OLAP фукнционалности (drill down, pivot, филтрирање …)
  • графички прикази (столбови, вектори, пити, плочкасти …)
  • можност за 3D графички анализи
  • >>на клик<< извоз на график во датотека >>.gif<<
  • функција drill-through – поврзување на документите и шифрантите, кои се дел од анализата
  • анализа по денови, месеци, квартали, години

Бизнис извештаи

При развојот на Извештаите на прво место си поставивме, да развиеме нешто за корисниците кое ќе има едноставна и добра употреба, поради тоа развивме постапка >>Изработка на извештаи во 4 чекори<<. Како што самото име кажува, со помош на ZEUS Извештаите е можно од предложен облик на извештаите со дополнителни подесувања да се искреира друг извештај  во четири едноставни чекори. Секако е можно секој од овие новоизработени извештаие да се испринта, зачува, извезе во Excel и тн. Извештаите можат да бидат табеларни или графички.

Содржина
  • едноставна изработка (>>ZEUS извештаи во четири чекори<<)
  • голем број предложени извештаи
  • голем број можности за подесувања (филтрирање, сортирање, ограничувања, индекси…)
  • можности за зачувувања на подесувањата
  • следење на количини, вредности, РВЦ …
  • преглед на модуларна структура (продажба, набавка, финансии, залихи …)
  • >>на клик<< извоз во Excel
  • графички прикази (столбови, барови, пити, плочкасти …)
  • можност за 3D графички извештаи
  • извештаи по основа на ден, месец, квартал, година
  • сеопфатни инструкции со примери за сите извештаи

План

Желбите на корисникот за поедноставна употреба не ги заборавивме ниту при развојот на Планот. Планирањето е овозможено за одделите продажба, набавка, плати и финансии, за посакуваната временска рамка и по посакуваните параметри (субјект, држава, артикли, класификации, оддели …). Планирањето на податоците со помош на индексите, разликите и кумулативите може брзо да се споредат со реализираните податоци. Покрај наведеното, Планирањето се одликува и со други напредни алатки, како што е генераторот на планови, кој на основа на претходните реализации и зголемувања/намалувања планира автоматски.

Содржина
  • едноставна употреба
  • посакувано детално планирање по најразлични параметри
  • преглед по модуларна структура (продажба, набавка, финансии, плати …)
  • алатка >>Генератор на план<< – за едноставно (>>автоматско<<) планирање на основа на претходна реализација
  • >>на клик<< извоз во Excel
  • едноставни примери на планови со реализација (разлики, индекси, кумулативи …)
  • поврзување со соодветни шифрарници
  • планирање по месеци, квартали, години
X