Celotna kadrovska evidenca

Вклучено во лиценците

SE
ME
GE
MF

Celotna kadrovska evidenca

Посебно внимание во PANTHEON е наменето за управувањето со кадрите, кои се многу често занемарено подрачје на деловната информатика. Јадрото претставува персоналната мапа на кадрите. На тоа место е можно да се водат различни евиденции за работниците кои се резиденти или нерезиденти, потоа редовно вработени, хонорарно, студенти, приправници или исто така некогашни вработени во претпријатието.

За секој вработен поединечно креираме персонална мапа, каде ги впишуваме неговите лични податоци како и податоците за семејните членови, податоците за претходните работни места, креираме историја на работењето во самото претпријатие, поставуваме податоци за работниот стаж, бенефициран работен стаж, работен стаж за пензија, креираме формули за одсутност, податоци за остатокот од времето за одсутност во одреден период, здравствени прегледи како и други обврзувачки податоци во согласност со Законот за Пензиско и Здравствени Осигурување, податоци за натпреварувања и сколушвања како и поврзаните можни трошоци.

Во модулот Кадри посебно место имаат податоците за платата на вработениот, податоци за почетокот на работата, податоци за исплата на премии на основа на осигурување, податоци за членство во синдикати и плаќање на чланарини, работното време на вработениот …, со што ги користиме секаде во програмот.

За потребите на работењето, постои модул кој овозможува подготовка на огласи за работни места. На тие огласи се пријавуваат кандидати, кои потоа остануваат во нашата база како оние кои бараат работа. На основа на разговорите правиме оценка и го бираме соодветниот кандидат. Подоцна тие податоци едноставно се пренесуваат во персоналната мапа.

За сигурност на личните податоци креирани се можности преку авторизациите да се ограничи пристапот до податоците само на оние корисници на кои тоа им е неопходно и обврзувачки достапно.

Содржина
  • Кадровска евиденција (Матичен бр, податоци за раѓање, живеалиште …)
  • Подготовка на податоци во работната книшка (пресметка на работниот стаж, јубилеји …)
  • Подготовка на податоци за членства, странци, работни дозволи, различни изјави, синдикални чланарини
  • Евиденција за натпреварувања на вработените како во екстерни институции така и интерно
  • Параметри за изработка на плати (полиња по желба, користење на формули за изработка на плати)
  • Подготовка на кариера на вработените и примања во претпријатието
  • Евиденција на награди и дисциплински мерки
  • Здравствено осигурување
  • Модул за систематизација на работните места
  • Креирање на отсутности (пресметка, исписи) по формула за пресметка на отсутности или со директен внес дополнително со испис на потребните потврди
  • Подготовка на различни отсутности од работа, на пример, болничко, студентска отсутност … (календар, табела, испис)
  • Следење на работното време и интеграција со регистратори за време
  • Податоци за здравствената состојба на вработените
  • Заштита и Здравје при Работа
  • Задолжување со основни средства
  • Пресметка на отсутности и креирање на исписи
  • Законски шифрарници
  • Предупредување за настани
  • Образци М1, М2, М3
  • Исписи (стандардни исписи, обликување на сопствени исписи)
  • Извоз на податоците за подготовка на неколку верижни писма (MS Word и OpenOffice Write)
  • Огласи за потреби за работно место (интерно …), креирање листи на кандидати и припрема на разговори за нивно оценување
X