Osnovna sredstva

Вклучено во лиценците

SE
ME
GE
MF

Основни средства

Во делот на Основните средства ги евидентираме деловните настани во врска со купување, искористување и оттуѓување на основните средства.

Регистарот на основни средства вклучува податоци за секое поединечно основно средство, негово активирање и сите активности до оттуѓувањето. Историјата на активностите е лесно видлива.

Важна е евиденцијата на вредносните промени на основните средства, кои поради пресметката на амортизација лесно ги вклучува промените поради ослабување или засилување на основното средство.

За основното средство можеме да поврземе локација во поврзувањето со податоците од деловниот субјект како и промените на одговорните вработени за тоа средство. За основните средства, кои имаат други деловни алати, лесно водиме евиденција и прегледи за пресметка.

Пресметката на амортизација ја изведуваме за избраните основи средства или за сите, и со потврдувањ на пресметката податоците се заведуваат во регистарот. Програмот пресметува амортизација со почитување на промените поради намалување или зголемување на вредноста.

Книжењето на сите настани (промени и пресметка на амортизација) во главната книга настанува автоматски, по контата, претходно подесени во шифрарникот на амортизациски групи т.е. регистарот на основни средства и ситен инвентар. Книжиме со помош на почитување или без почитување на одделите и носителите на трошоци.

Пребарувањето по регистарот на основните средства е брзо и прегледно, при што е овозможено пребарување по повеќе критериуми. Инвентарот на основните срества уште повеќе се олеснува со помош на интеграција на бар код читач. Програмот овозможува автомарски пренос при набавка на основни средства и ситен инвентар од документите за прием во регистарот на основни средства и регистарот на ситен инвентар.

Содржина на Основните средства
  • Овозможен автоматски пренос на набавката на основни средства и ситен инвентар од документите за прием во регистарот на основни средства и ситен инвентар
  • Во регистарот на основни средства овозможено е раздвојување на еднакви основни средства
  • Водење на регистарот на основни средства по оддели и носители на трошоци
  • Зголемување и ослабување на основните средства
  • Ликвидација на основните средства со претходно направено зголемување или намалување на основното средство
  • Испис на картици и регистер на основните средства и ситниот инвентар, регистар на структурите, ликвидираните основни средства и инвентар
  • Автоматско пресметување на амортизација на основните средства за сите средства или поединечно средство, за определен временски период, со соодветна пресметка на амортизација на контата на набавка или амортизација по контата на зголемување или амортизација по контата на ослабување
  • Исписи на пресметката на амортизација по конта, амортизациски групи, инвентарни броеви, оддели и носители на трошоци
  • Едноставно бришење на пресметката на амортизација и воспоставување на претходната состојба пред пресметката на амортизација
  • Автоматско книжење на промените на регистарот на основните средства и ситниот инвентар како и пресметка на амортизација
  • Овозможен попис на основните средства и ситниот инвентар со читач бар код како и увоз на податоците во регистарот од надворешна обработка на податоци
  • Водење на документација
  • Подготовка на сервисни и периодични прегледи
  • Задолжување и раздолжување на вработени
  • Самостојно пребарување на состојбата на залиха за некое складиште
  • Едноставен внес на инветарот во програмот
  • Самостојно обликување на инветарните вишоци
  • Обликување на документите за промена на цена, самостојно поставување на залихи и книжење
X