Obračun plač

Вклучено во лиценците

SE
ME
GE
MF

Пресметка на плати

Пресметката на плати во системот PANTHEON се одликува со единствена прилагодливост, која овозможува пресметка за различни типови на претпријатија, работни односи, основни и дополнителни исплати на бонуси со нив.

Со тоа е можно едноставна пресметка на плати и единствен внес на податоци, за потоа како што сме ги поставиле параметрите за првата пресметка така продолжува да тече процесот. Основата за пресметка на платите се персоналните мапи на вработените и шифрарниците на деловните места како и останатите шифрарници. PANTHEON самостојно ги пренесува податоците за отсутност и присутност на работа, плаќање превоз, кредити, плаќање чланарини во синдикати, премии… со фактички видови на приходи.

Во склоп на пресметката на платите на располагање имаме и законски предефинирани образци како и голем број на други исписи кои ни помагаат да ги добиеме рекапитулациите на исплати, приходите, кредитите, шифрите на вирманите за плаќање, годишна работна книшка, книшка на вработениот со осугурителен стаж со зголемување….

Програмот ни овозможува изработка на плати непосредно од истата форма, каде сме ја креирале и пресметале платата. Исто е и со книжењето, со што програмот автоматски ја книжи платата во главната книга.

За сигурност на личните податоци, ограничен е пристапот до податоците со помош на механизмот за авторизации/

Содржина на платите
  • Флексибилно дефинирање на поставувањата за пресметка
  • Можност за внес, поправка и бришење на повеќе вработени
  • Историските податоци овозможуваат повторна пресметка
  • Пренос на стандардните видови на приходи во пресметките
  • Водење краткорочни и долгорочни кредити како и други одбитоци
  • Алатка за пресметка од нето, бруто пресметка
  • Различни типови на пресметки во однос на типот на установа
    • плати за економски организации и јавни институции
  • Различни типови на пресметка според типот на односот
    • редовна работа
    • авторски хонорар
    • деловна спогодба
    • наемнини
    • работа на приправници, средношколци и студенти
  • Различни типови на пресметка на основа плата
    • Појдовна пресметка во бруто месечна плата
    • Појдовна пресметка во неколку валути
    • Појдовна пресметка на основа на бројот на вработени
    • Појдовна пресметка на основа на оцена
    • Појдовна пресметка на основа на платното ниво
    • Повторна пресметка на основа на параметрите за деловното место
    • Појдовна пресметка на основа на параметрите во персонални мапи
    • Појдовна пресметка на основа на параметрите за носители на трошоци
  • Различни типови на пресметки на дополнителни исплати
    • повеќе деловни места
    • синдикална чланарина
    • бонитети
    • регрес за летен одмор
    • инвалиднини
    • јубилејни награди
    • отпремнини
    • самостојно дополнително осигурување
    • задолжително дополнително здравствено осигурување
    • неплатена отсутност
    • минат труд
    • бенифициран стаж
    • разлика до минимална плата
    • пресметка на храна и превоз
    • стимулирање на вработените
    • боледување на товар на работодавецот
    • боледување на товар на Заводот за здравствено осигурување на Македонија
  • Исписи на плати
    • различни платни листи
    • различни рекапитулари
    • образци М1/М2
    • подготовка на годишни пријави
    • данок за пресметаните плати
    • пресметка на чланарини
    • рефундација на Заводот за здравствено осигурување Македонија
    • рефундација на Заводот за пензиско и здравствено осигурување
  • Можност за изработка на костумизирани образци
  • Можност за извоз на исписите во MS Excel и Word
  • Автоматска подготовка на платни налози
  • Црпење на податоци од други бази
    • патни налози
    • персонални мапи, производство
    • присутности
    • календар
  • Автоматско книжење во главната книга
X