Servis

Вклучено во лиценците

SE
ME
GE
MF

Сервис

Сервисните функционалности се наменети за претпријатија, кои во рамките на своето работење нудат сервисни услуги или издаваат гаранции за одредени производи.

Значајно за сервисот е тоа што издавањата и примањата мораат да бидат еднакви. Колку парчиња сме примиле, мораме истите да ги издадеме, да ги замениме со други или затворање со издавање т.е. припрема на одобрение и обратно. Поради тоа за сервисните претпријатија е предефинирано Складиште за рекламации, на кое ги водиме залихите количински и вредносно.

За подготовка на рекламации од купувачите во програмот постои Сервисен налог, со кој на едно место во сервис го превземаме рекламираниот производ, по правило го враќаме назад, го менуваме со друг производ или затвораме со одобрување. Програмот од превземените рекламации во сервис проверува, дали купецот навистина купил некои производи од нас, со одредени документи и дали производот е сеуште под гаранција. Со тоа имаме преглед, дали артиклите сеуште се под гаранција или не, програмот потоа овозможува пресметка на пресметливи и непресметливи рекламации на производи до купувачите.

Припрема на рекламации до добавувачите, тие производи, кои ги испраќаме до добуавувачите назад на рекламација, потоа преку документите за издавање на рекламациите до добавувачите, кои потоа ги прибираме назад со поврзување т.е. на пример со одобрение од страна на добавувачот рекламацијата ја затвораме.

Преглед на отворени т.е. затворени барања за рекламации со купувачи како и добавувачи и нивно водење со овозможување на пресметка на истите.

Рекламации од купувачите

  • Поддршка во сопствен сервис
  • Поддршка за рекламации и сервисни налози
  • Водење на производи по сериски броеви и гаранатни рокови
  • Преглед на долговите на купувачите, издавање на надоместни производи, фактурирање на сервисни барања, поврзување на сервисните барања со одобрение

Рекламации до добавувачи

  • Самостојно дизајнирање на испратници за испраќање на рекламации до добавувачи на основа на претходни фактури и состојбата на магацините
  • Можност за затворање на сервисни барања со производи за замена и поврзувања на сервисните барања со одоборение
  • Пресметка на долговите до добавувачите на основа на рекламациите
X