Вработување во Даталаб
Даталаб е најголемиот понудувач на деловен софтвер во југоисточна Европа, со повеќе од 79.000 корисници во 12 држави со постојан раст на бројот на задоволни корисници.
Доколку сакате вашиот труд да допридонесе, а резултатот од вашата работа да го користат илјадници луѓе, придружете ни се!
Доставете го вашето CV на info@datalab.com.mk со наслов за работата за која аплицирате.
Слободни работни места:
- Искусен ЕРП Консултант за деловен софтвер:
Даталаб од Словенија, преку својата фирма ќерка – Даталаб МК, е лидер за деловен софтвер во Македонија и неколку држави од југоисточна Европа. Тимот на Даталаб има потреба од искусен ЕРП консултант за деловен софтвер.
Консултант за деловен софтвер е мултидисциплинарна професија, и од идеалниот кандидат ги очекуваме следниве карактеристики:
- Завршен економски факултет
- Одлични ИТ вештини
- Одлично познавање на англиски јазик
- Позитивна и комуникативна личност
- Спремност за постојано учење и надградување
- Предност имаат кандидати со добро познавање на Pantheon ERP
Дополнителни карактеристики за консултант за деловен софтвер, кои во текот на интерната едукација ќе се надградуваат се:
- Познавање на сметководствени процедури
- Познавање на организација на бази на податоци
- Познавање на некој од балканските јазици
- Тимски игра
- Познавање за процесот на водење на проекти
Ние Ви нудиме одлични услови за работа и пријатна работна атмосфера. Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови да испратат CV на следниот меил info@datalab.com.mk , со наслов Апликација за – Искусен ЕРП Консултант за деловен софтвер!
Потребни ви се повеќе информации?
Јавете ни се или испратете ни меил. Со задоволство ќе ви одговориме на сите прашања.