, ,

Зошто работењето во cloud е најефективната форма на современиот бизнис?

12 Фев 2018

Што е Cloud работње?

Cloud работење е бизнис концепт кој обезбедува нов начин на пристап до личните податоци и апликации кои веќе не се само складирани на компјутер, туку на облак (cloud) – што значи дека можете да пристапите до сите програми, записи, документи и сè што Ви треба, од било каде и во било кое време. Ова Ви заштедува време и пари. Звучи интересно?

Развојот на компјутерски решенија на „cloud“ е логично продолжување на развојот со текот на годините, но во исто време еден од најважните работи во напредокот на историјата на компјутерите.

Cloud работењето се сфаќа како архитектура, платформа, оперативен систем и услуга, или може да се сфати и како збир на сите горенаведени. Cloud работење е структура во облик на облак, каде што бизнисот, како и индивидуалните корисници, можат да пристапат до апликациите од било каде.

“Cloud е интернет во реално време, или она што Интернетот во суштина треба да биде: бесконечен компјутер, кој се состои од  компјутерски мрежи. Cloud е компјутер.”

Кои се придобивките од водење бизнис во „Cloud“ во споредба со стандардниот режим?

Една од поважните предности на “cloud” моделот во споредба со традиционалниот модел (еднократна набавка на софтверска лиценца) е тоа што услугата (лиценците) се плаќаат на еднократна основа, што значи дека нема високи почетни трошоци.

Во случај на појава на неочекувани хардверски или софтверски проблеми, само овие модели бараат помалку време и пари, за разлика доколку поседуваме ИТ инфраструктура.

Предноста на изнајмувањето на деловниот информативен систем во споредба со купувањето на таков систем и придружна опрема е намалување на инвестиционите трошоци за опрема како сервер, мрежна опрема, климатизери и систем за напојување со енергија, бидејќи во случај на лизинг податоците се складираат во облакот, се пристапува надвор од локацијата на корисникот. Ова ги елиминира задачите поврзани со инсталацијата, конфигурирањето и одржувањето на системскиот софтвер, кои се основа за сè да функционира успешно. Од суштинско значење е поедноставувањето на имплементацијата на различните платформни потребни за развој и примена на комплексни софтверски решенија, како платформа за развој на софтвер, конечна платформа за тестирање или платформа за примена на ИТ решенија во пракса.

Плаќањето се врши месечно со фиксни износи, а компаниите кои користат „cloud“ услуги не треба да се занимаваат со одржување на софтверот. На овој начин, исто така е полесно да се управуваат и планираат трошоците. До Cloud услугите се пристапува преку веб прелистувач, т.е. преку интернет, со што cloud услугите се достапни од било која локација во секое време.

ERP во cloud – значајно за малите и средните претпријатија

Најголем дел од деловните субјекти во земјата се мали или средни претпријатија кои генерираат најголем дел од општествениот производ.

Секторот на малите и средни претпријатија се соочува со многу предизвици во начинот на обезбедување деловна соработка со индустриски гиганти или влегување на нови пазари, за да го зголемат нивниот број на клиенти. За овие компании, од најголема важност е да се подобри нивното ниво на конкурентност, така што, благодарение на европската интеграција, тие ќе можат да ги нудат своите услуги на странските пазари. За да успеат, им треба модерна технологија. И токму тука, модерната технологија во cloud може да биде од голема помош.

ERP системите во Cloud можат да помогнат во секторот на малите средни претпријатија да го подобрат планирањето, контролата и управувањето со деловните функции преку кои нивниот бизнис ќе напредува и ќе стане поконкурентен.

Работа во Cloud им овозможува на малите и средните претпријатија да ги исполнат своите ИТ потреби по прифатлива цена и да влијаат на менување на начинот на кој ги користиме технологиите и како размислуваме за нив.

PANTHEON хостинг

Високите трошоци за инвестирање во лиценци и самото спроведување на софтверски решенија за мали и средни претпријатија често го спречуваат пристапот до квалитетни, модерни и сложени програми. За да се реши овој проблем, Даталаб, во соработка со Телеком Македонија, нуди прифатливи решенија за сите компании кои имаат потреба од бизнис систем кој ќе им овозможи да издаваат нарачки, да издаваат сметки, да ги следат магацините, да управуваат со сметководството, да управуваат со платите, да планираат производство итн. … со што се извршуваат деловни процеси во вашата компанија.

Повеќе за PANTHEON хостинг

PANTHEON Хостинг е онлајн решение кое им овозможува на малите и средните претпријатија да ги интегрираат деловните процеси и целосната контрола над нив. Услугата ги поддржува сите процеси во компанијата од управување со стоки, сметководство и финансии, до плати и едноставно производство, а има и дополнителни функционалности за меѓународен бизнис, како и бизнис аналитика, која им помага на менаџерските функции на компанијата.

Како PANTHEON хостинг може да му помогне на Вашиот бизнис?

  • Контрола на трошоците: нема почетни трошоци за набавка на софтверски лиценци, нема потреба да се инвестира во нова техничка опрема.
  • Го плаќате пакетот што го одбирате со едноставно додавање или откажување на замислениот пакет. По изборот на пакетот, ќе плаќате фиксни месечни суми, без никакви непредвидени дополнителни трошоци. Цената вклучува работа со PANTHEON, закуп на простор според видот на лиценцата, постојано надградување на програмата во согласност со најновите законски измени и верзии на програмата.
  • Пристапност: Со PANTHEON Хостинг, повеќе не сте затворени само во Вашата канцеларија. Можете да пристапите до програмата и до Вашите податоци во секое време, насекаде, а се што Ви треба е само интернет конекција и PANTHEON.
  • Законска доследност: нема повеќе проблем за загриженост на промените во законодавството, бидејќи секогаш сме во тек со законските промени, затоа што сега тие се имплементираат во самата програмата која автоматски ги ажурира.
  • Безбедност: апликацијата и податоците се многу сигурни така што се складирани во безбеден центар за податоци.
  • Пред-договорени документи и извештаи: За претходна работа, пред-договорените документи и извештаи се достапни за корисниците. Претходно подготвени формулари Ви овозможуваат да почнете да работите веднаш откако лесно ќе ги внесете податоците.

Заклучок

Бизнис Cloud решенија им овозможува на бизнисите од сите големини да понудат решенија кои се многу прифатливи. Со софтверот како cloud услуга, многу е полесно да се отфрли товарот на непотребната архитектура која претходно беше потребна за управување со компанијата, a неизбежно резултираше со преголеми работни оптоварувања и ограничена стагнација на работната сила. Впрочем, процесот на развој станува целосно поефтино.

Два клучни фактори се особено важни: големината и сложеноста на имплементацијата на системот.

Малите и средните претпријатија се главните кандидати за користење на ERP cloud решенија, бидејќи имплементацијата е побрза и трошоците се релативно ниски.

[1] Fingar, P.: Cloud computing set to unleash a perfect storm in business. Cordial Cloudburst, (2009)

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X