PANTHEON функционалности – Поврзување со надворешни решенија
Во напредните верзии на PANTHEON е вклучен модул што ви овозможува да ги надградите и прилагодите постоечките функционалности според потребите на вашето работење. Овој модул се вика PANTHEON ARES.
ARES е моќна развојна средина во која може да се креираат процедури за деловни процеси кои работат заедно со функциите на PANTHEON. Практично, најпрво се инсталира PANTHEON, а потоа, доколку е потребно, се поврзува со другите решенија што корисникот сака да ги задржи. На овој начин се освежува и надградува деловниот систем, а не се губат специјалните функции кои не се вклучени во основниот PANTHEON.
Модулот ARES овозможува и понатамошен развој и поврзување на ваши сопствени решенија со деловниот систем PANTHEON. Исто така, ви дозволува да користите надворешни динамички библиотеки (DLL), пристап до други бази на податоци преку ADO интерфејс и автоматизација на задачи во Windows со помош на COM објекти.
