РАБОТЕТЕ ПОБРЗО, ПОФЛЕКСИБИЛНО И ПОЛЕСНО

Електронско Работење

Електронското работење или електронската трговија е општ термин за електронски начин на вршење на дејност, а тоа значи дека трансакциите се склучени во електронска форма, врз основа на електронска обработка и пренос на податоци помеѓу компјутери.

Светската мрежа и развојот на компјутерски мрежи, овозможи проширување на електронската трговија, каде што се зголеми неколку пати брзината на бизнисот од вообичаеното, доби поголема прилагодливост на промените на пазарот, попрецизен и полесен пристап до информациите за состојбата на компанијата, намалување на трошоците за материјалните и поштенските услуги, а доби помали трошоци за физичката работна сила (купување или изнајмување на деловни простории)