Најчести прашања

Инфраструктура

Потребна опрема

Мали претпријатија  (пр. 5-10 PANTHEON SE лиценци)

Сервер:

  • CPU: 1 x Intel Xeon procesor со 4 јадра – 6.4 GT/s QPI
  • RAM: 16 GB
  • Storage: 1 x Raid 1 (Vsaj 512 GB) SAS но SSD табли
  • LAN: 1 x 1Gbps
  • OS: Windows 2012 R2 Standard
  • SQL: SQL Server 2016 Standard (исто така работи SQL 2017, 2014, 2012)
Интернет пристап:

  • VDSL 10/4 MB
  • Интернет рутер, Интернет провајдер
Работни станици:

  • RAM: 4GB
  • CPU: Intel i3 ali AMD A6
  • Storage: 10 GB слободен простор
  • OS: Windows 7 SP3
  • LAN: Gbit
Архива:

  • NAS storage
  • Datalab Cloud Archive

 

Мали претпријатија ( пр. 5-10 PANTHEON ME/MF лиценци)

Сервер:

  • CPU: 1 x Intel Xeon procesor со 6 дадра –  6.4 GT/s QPI
  • RAM: 24 GB
  • Storage:2 x Raid 1 (со 512 GB) SAS ali SSD табли
  • LAN: 1 x 1Gbps
  • OS: Windows 2012 R2 Standard
  •  SQL Server 2016 Standard (исто така работи SQL 2017, 2014, 2012)
Интернет пристап:

  • VDSL 10/4 MB
  • Интернет рутер, Интернет провајдер
Работни станици:

  • RAM: 4GB
  • CPU: Intel i3 ali AMD A6
  • Storage: 10 GB слобод3ен простор
  • OS: Windows 7 SP3
  • LAN: Gbit
Архива:

  • NAS storage
  • Datalab Cloud Archive

 

Средни големи претпријатија  (пр. 10-30 PANTHEON SE лиценци)

Сервер:

  • CPU: 1 x Intel Xeon procesor со 4 јадра – 6.4 GT/s QPI
  • RAM: 32 GB
  • Storage: 2 x Raid 1 (со 512 GB) SAS но SSDтабли
  • LAN: 2 x 1Gbps
  • OS: Windows 2012 R2 Standard
  • SQL: SQL Server 2016 Standard (исто така работи на SQL 2017, 2014, 2012)
Интернет пристап:

  • Optika 100/10 Mbit/s
  • Интернет рутер, Интернет провајдер (Cisco, Fortigate, Zyxel, PfSense,…)
Работни станици:

  • RAM: 4GB
  • CPU: Intel i3 ali AMD A6
  • Storage: 10 GB слободен простор
  • OS: Windows 7 SP3
  • LAN: Gbit
Архива:

  • NAS storage
  • Datalab Cloud Archive

 

Средни големи претпријатија ( пр. 10-30 PANTHEON ME/MF лиценци)

Сервер:

  • CPU: 2 x Intel Xeon procesor со 6 јадра –  6.4 GT/s QPI
  • RAM: 32-64 GB
  • Storage: 3 x Raid 1 (со 512 GB) SAS но SSD табли
  • LAN: 2 x 1Gbps
  • OS: Windows 2012 R2 Standard
  •  SQL Server 2016 Standard (исто така работи на SQL 2017, 2014, 2012)
Интернет пристап:

  • Optika 100/10 Mbit/s
  • Интернет рутер, Интернет провајдер (Cisco, Fortigate, Zyxel, PfSense,…)
Работни станици:

  • RAM: 4GB
  • CPU: Intel i3 ali AMD A6
  • Storage: 10 GB слободен простор
  • OS: Windows 7 SP3
  • LAN: Gbit
Архива:

  • NAS storage
  • Datalab Cloud Archive

 

Големи претпријатија ( над 50 PANTHEON лиценци)

* За да можете да изберете соодветен хардвер и софтвер, потребна е прелиминарна анализа на компанијата.

Сервер:

  • CPU: 2 x Intel Xeon procesor со 12 јадра – 9.6 GT/s
  • RAM: 256 GB
  • Storage: 5 x Raid 1 (со 512 GB) SASно SSD табли
  • LAN: 4 x 1Gbps
  • OS: Windows 2012 R2 Standard
  •  SQL Server 2016 Standard (стандарт до 128 GB RAM) (исто така работи на SQL 2017, 2014, 2012)
Интернет пристап:

  • Optika 100/100 Mbit/s
  • Интернет рутер, Интернет провајдер (Cisco, Fortigate, Zyxel, PfSense,…)
Работни станици:

  • RAM: 4GB
  • CPU: Intel i3 ali AMD A6
  • Storage: 10 GB слободен простор
  • OS: Windows 7 SP3
  • LAN: Gbit
Arhiv:

  • NAS storage
  • Datalab Cloud Archive

 

* Инсталирањето на сопствена структура бара соодветен хардвер и софтвер. За целата опрема за хардверски сервери, таа треба да има резерви за напојување, дискови за Hot Swap, мрежата на Gbit Fans и др. Горенаведената конфигурација е само општа ориентација. Ви препорачуваме да го консултирате вашиот системски техничар и нашите консултанти за да го најдете оптималното решение за вашите потреби.

Оперативен систем и бази на податоци

PANTHEON поддржува голем број (но не сите) различни комбинации на информационо опкружување. Така можеме продуктивно да ја искористиме постоечката инфраструктура без дополнителни вложувања во нова опрема за работа или оперативен систем.

Друга верзија може да користите на сопствена одговорност, за нив не превземаме одговорност и НЕ ГИ ПОДДРЖУВАМЕ.

База на податоци

Даталаб PANTHEON користи клиент/сервер технологија и затоа му е неопходен добар мрежен сервер.

Поддржани сервери

PANTHEON ги поддржува верзиите на серверите:

  • Microsoft SQL Server 2008
  • Microsoft SQL Server 2008 64 bit
  • Microsoft SQL Server 2008 R2
  • Microsoft SQL Server 2008 R2 64 bit
  • Microsoft SQL server 2012 64 bit
  • Microsoft SQL server 2012 32 bit
  • Microsoft SQL server 2014 32 bit
  • Microsoft SQL server 2014 64 bit
  • Microsoft SQL server 2016 64 bit

За најновите верзии на PANTHEON X препорачана верзија на сервер е минимум Microsoft SQL server 2014.

Оперативни системи

PANTHEON првенствено е наменет за да го користат повеќе корисници. Во овој домен ги поддржува следните оперативни системи:

  • Microsoft Windows 2008
  • Microsoft Windows 2008 R2
  • Microsoft Windows 2012
  • Microsoft Windows 2012 R2За работа на корисничкиот компјутер ги поддржува следните оперативни системи:
  • Windows 7
  • Windows 8*
  • Windows 8.1*
  • Windows 10 – PANTHEON Деловното Решение е компатибилно и поддржува Windows 10. PANTHEON is supported by Datalab Tehnologije d. d. on the following editions of Windows 10 (Windows 10  Home, Windows 10 Pro, Windows 10 Enterprise and Windows 10 Education). PANTHEON is supported on the in-market supported Windows  10: Current Branch (CB), Current Branch for Business (CBB) and Long-Term Servicing Branch (LTSB) and will be supported for the lifetime of the app (no end date foreseen).

PANTHEON на Mac (Apple) оперативен систем

PANTHEON е наменет за Windows опкружување, но може да се користи на повеќе начини на компјутерите со оперативен систем Mac OS X и мобилни уреди со iOS.

  • Емулација на Windows окружување со еден од наменските емулатори, на пример WineHQ или CrossOver.
  • Виртуелно окружување: виртуелизација (на пример: Parellels) овозможува, од еден оперативен систем да преминете на друг оперативен систем. Така од OS X окружување на виртуелен компјутер можете да оспособите Windows окружување и да употребувате PANTHEON.
  • Повеќе оперативни системи во исто време (тнр multi-boot). Кога го вклучувате компјутерот можете да одберете окружување што го сакате. Така, можете да наместите окружување Windows и да го употребувате PANTHEON./li>

Пристап преку терминал

Даталаб PANTHEON ги поддржува следните начини на терминален пристап:

  • Microsoft Windows 2008
  • Microsoft Windows 2008 R2
  • Microsoft Windows 2012
  • Microsoft Windows 2012 R2
  • Cytrix
  • Microsoft Windows RAS
  • Virtual Private Network
  • Virtual Private Network за употреба на SSL енкрипција на SQL сервер (од build 55.35.00)
Видови на инсталација во однос на конфигурациската мрежа

Даталаб PANTHEON можеме да го инсталираме на различни конфигурации на повеќе системи. По правило разликуваме единствена корисничка и мрежна (инсталација). Мрежната (повеќекорисничка) инсталација може да биде изведена на два начина.

  • Помали корисници (до 5 корисници во мрежа) може да користат како сервер најдобрата (и најмалку користена) работна единица и така да заштедат на трошоци за наменска системска единица и серверска опрема.
  • Поголема инсталација (преку 5 корисници) препорачуваме инсталација со наменски сервер, каде што серверот не го користиме при работа со PANTHEON.

Посебен начин за инсталација е PANTHEON Хостинг системите, каде што серверот не се инсталира ви нашето претпријатије наместо тоа користи независен систем на услуги за чување (хостинг) SQL Server. Повеќе информации за инсталирање

Пристап до Интернет

Пристапот до интернет денес е основно за секое претпријатије. На интернет се одвива поголем дел деловна комуникација (електронска пошта), а се повеќе се проширени и разни методи на електонско работење.
Секој корисник на Даталаб PANTHEON програмската опрема е должен да направи пристап до интернет. Пристапот може да преку обичен модем, ISDN, кабел или стандардна врска. Без интернет неможе да се активира и надогради нашата програмска опрема. Кај PANTHEON Хостинг важно е да имаме брзина на upload. Препорачана брзина е најмалку 10/2 (10 Мб пренос и 2 Мб upload). Најдобро се покажа симетрична поврзаност каде брзината на преносот и upload се исти.

Тестирање на брзината на вашето поврзување

Тестирајте ја вашата интернет врска со со потенцијалниот сервер PANTHEON Хостинг, кој ќе влијае на вашата работа со PANTHEON. Тест на брзина

Купување на лиценци

Лиценци и сериски броеви

PANTHEON за својата работа треба да има соодветна лиценца, која се повлекува од нашиот мрежен сервер по впишување на сериските броеви.
Лиценците можете да ги распоредите на произволен број сериски броеви, кои во исто време ќе означуваат и локација (работна единица, поврзани претпријатија…), на кои одредени лиценци се користат. Распоредувањето зависи од вашите работни потреби како и од конфигурацијата на системската мрежа на која PANTHEON се инсталира.

Повеќе информации за лиценцирање
Докупување и надоградба на лиценците

Доколку имате веќе PANTHEON лиценци и Ви се потребни уште повеќе, или лиценци со повеќе можности и функционалности, едноставно можете да купите додатни лиценци, или да ги надградите (замените за повеќе), плаќате само разлика. Одредени примери за докупување

Што е PANTHEON Хостинг

Во склоп на PANTHEON Хостинг соработуваме со водечкиот телекомуникациски оператор во Македонија-Телеком Македонија, во понудата на серверскиот систем. Серверот е постојано активен, со што вашите податоци се достапни насекаде и во секое време. Покрај тоа на серверот се поставени соодветни сигурносни алатки, кои што го спречуваат губењето на податоци, пред се со автоматско креирање сигурносни копии заедно со физичка и програмска заштита. Повеќе информации за PANTHEON Хостинг

Почеток со работа

Инсталирање на PANTHEON

Упатството за инсталирање на деловно информациониот систем PANTHEON, се детално опишани на Корисничката страница. Почеток на инсталација

Подесувања на корисник

Упатствата за додавање, менување, бришење, и дополнување на корисници, детално се опишани на Корисничките страници. Додавање и бришење на корисници

Додавање и бришење кориснички групи

Упатствата за додавање и бришење на кориснички групи, се детално опишани на Корисничките страници. Додавање и бришење групи

Оддржување на системот

Освежување и оддржување на PANTHEON

Деловно информациониот систем е ‘жив организам’, кој мора да се менува и прилагодува. Додатните барања (на пример законските промени) бараат нови верзии на програмската опрема, додека уште повеќе промени и подобрувања се последица на сопствениот развој и напредок на информациониот систем, кои го прават уште подобар, пофункционален, постабилен и поефикасен. Истовремено се менува и технологијата, која е основа на информациониот систем.

Поради наведеното, неопходно е програмот да се освежува со нови верзии, односно треба да се направи надоградба. Право на надоградба имате со склучен Договор за надоградба на програмскиот пакет Даталаб PANTHEON. Надоградбата, освен кај PANTHEON Хостинг, не е вклучено во цената на лиценците.

Повеќе информации за надоградба на следниов линк
Дали можеме да го промениме Даталаб партнерот?

Сигурноста и задоволството на нашите корисници е наша примарна цел. Ако го земеме во предвид нашиот начин на работење, каде што Даталаб ја развива програмската опрема, а покрај Даталаб, одржување, инсталација и поддршка вршат партнерите, може да се појави ситуација одреден корисник да не е задоволен од услугите, кои ги нуди партнерот. Даталаб остава на корисникот да избере партнер без никакви препреки. Корисникот може да го избере партнерот сам, а исто така може и да го промени. Доволно е само писмено да го известите Даталаб, дека корисникот го прекинува деловното работење со партнерот А и преоѓа со партнерот Б или на матичното претпријатие Даталаб. Лиценците и сите платени услуги се сопственост на корисникот и не се врзани за партнерот и се со вредност без оглед на бројот на промени. Само сакаме да Ве предупредиме дека секој партнер најдобро ги познава своите корисници. При премин од еден партнер на друг, потребно е да се земе предвид дека новиот партнер повторно мора да се запознава со начинот на работа на корисникот, што може да доведе до додатни трошоци.

Повеќе информации

За повеќе информации во врска со деловно информациониот систем PANTHEON побарајте не на телефон 02 3079 231 или на е-пошта: info@datalab.com.mk.

X