Искусен ЕРП Консултант за деловен софтвер!

6 Апр 2026

Станете дел од ДАТАЛАБ тимот.

Дали сакате да сте дел од тимот кој е водечки понудувач на деловен софтвер во Македонија и Југоисточна Европа? Доколку сте талентирани, амбициозни, со искуство во ERP сегментот, Даталаб МК ве очекува да ни се придружите. PANTHEON ERP го користат над 4.000 компании во Македонија и претставува еден од водечките деловни системи кај средните и големите компании.

Во моментов го прошируваме нашиот тим и имаме отворени позиции за:

👉 Позиција:  Искусен ЕРП Консултант за деловен софтвер! – (2 слободни позиции)

🔎 Што бараме?

  • Завршен економски факултет или значително познавање на деловните процеси во компаниите
  • Пожелно знаење од областа на ИТ технологијата и деловните процеси (познавање на ERP PANTHEON е предност, а не услов)
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Позитивен став, креативност, способност за тимска работа, конструктивност, проактивност и постојана љубопитност и желба за нови знаења
  • Амбиција за постојано учење и надградување
  • Одлични комуникациски вештини, независност и самоиницијативност
  • Возачка дозвола – категорија Б

✅ Дополнителни карактеристики:

  • Познавање на сметководствени процеси
  • Познавање на организација на бази на податоци
  • Познавање на некој од балканските јазици
  • Познавање за процесот на водење на проекти

🎁 Што нудиме?

  • вработување на неопределено време
  • одлични услови за работа (флексибилно работно време…)
  • динамична работа во амбициозна работна средина полна со предизвици
  • работа во пријатен тим
  • работа на домашни и странски проекти
  • наградување според постигнатите резултати (на пр. шема за споделување профит, награди за деловно работење, индивидуални награди)
  • можности за професионален и личен раст
  • учество на едукативни, забавни и спортски настани

📩 Како да аплицирате?

Испратете ни:

  • CV
  • Кратко мотивационо писмо (до 1 страница)

📅 Рок: 30.04.2026
📧 info@datalab.com.mk
📌 Наслов: Искусен ЕРП Консултант за деловен софтвер!

 

 

Даталаб е најголемиот понудувач на деловен софтвер во југоисточна Европа. Нуди сеопфатни деловни и информациски решенија за малите и средни компании. Нашата програма PANTHEON ја користат повеќе од 90.000 корисници во повеќе од 30.000 компании од 12 земји. Нашиот тим е амбициозен, иновативен и посветен на целите, затоа што сакаме да го развиеме најдобриот бизнис информациски систем во светот.

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X