BetrSign – сигурен и безгрижен дигитален потпис
Електронското потпишување преку BetrSign се врши во согласност со законодавството и највисоките безбедносни стандарди, што ви овозможува да разменувате документи со вработени, партнери и клиенти без грижи.
Предизвици при потпишување документи
- Хартиените документи бараат печатење, скенирање и физичко чување.
- Далечинското потпишување одзема време и не е прегледно.
- Постојат ризици од грешки, дуплирање или губење на документи.
- Координацијата со колегите и деловните партнери често го продолжува процесот.
Решение: BetrSign
- Целосно дигитално потпишување: договори, нарачки,испратници, рекламации, службени патни налози, записници и останатите документи се потпишуваат електронски.
- Законски усогласено и сертифицирано: BetrSign е давател на услуги на доверба (EU Trusted List) и е eIDAS сертифициран.
- Безбедност и сигурност: стандардите ISO 27001 и ISO 27018 обезбедуваат висока заштита на податоците.
- Лесен пристап: поддршка за eOI и дигитален онбоардинг.
-
Интеграција со PANTHEON: документите се потпишуваат и чуваат директно во бизнис-системот
Клучни предности на BetrSign
- Побрз и поедноставен процес на потпишување.
- Без печатење, испраќање или скенирање – крај за хартиената бирократија.
- Поголема прегледност и следливост врз документите.
- Можност за потпишување во секое време и од било каде.
- Намалување на трошоци и заштеда на време.
Потпишете ја иднината со BetrSign
Електронското потпишување веќе не е иднина, туку стандард на современиот бизнис. Со BetrSign, сите процеси – од набавка до продажба и администрација – се дигитални, брзи и прецизни.