Од идеја до автоматизиран процес со PANTHEON ERP

2 Ное 2026

Дали знаете кои деловни процеси во Вашата компанија можете да ги автоматизирате и од каде да започнете?

Одобрување фактури, барања за набавки, патни налози, интерни барања и управување со документација се само дел од секојдневните активности кои често бараат многу рачна комуникација, проверки и одобрувања.

Со еПроцесите (Workflow) во PANTHEON ERP, овие активности можат да се организираат во јасно дефинирани дигитални процеси, со поголема контрола, транспарентност и ефикасност.

Во нашиот нов бесплатен прирачник ќе дознаете како чекор по чекор да пристапите кон имплементација на еПроцеси и како да ги искористите веќе подготвените Workflow сценарија во PANTHEON, приспособувајќи ги на потребите на Вашата компанија.

Што ќе научите од прирачникот?

✅ Како да ги препознаете процесите кои имаат најголем потенцијал за автоматизација.

✅ Како да ги анализирате постојните процеси и да ги идентификувате непотребните чекори и застои.

✅ Кои готови еПроцеси се достапни како основа во PANTHEON.

✅ Како да ги дефинирате улогите, одговорностите и правилата за одобрување.

✅ Како да започнете со еден процес и постепено да ја проширувате дигитализацијата.

✅ Како да ја измерите успешноста на имплементираниот еПроцес.

Запознајте ги подготвените еПроцеси во PANTHEON

Не мора секој процес да го креирате од почеток. PANTHEON нуди подготвени Workflow сценарија кои можат да послужат како основа за автоматизација на:

  • Одобрување набавки – од барање и проверка до одобрување и реализација.
  • Одобрување влезни фактури – организиран тек од прием до финансиска обработка.
  • Патни налози – од поднесување барање до обработка на трошоци.
  • Интерни барања – јасно насочување, обработка и следење на статусот.
  • Договори и документација – од подготовка и проверка до одобрување и архивирање.

Со правилна имплементација, овие процеси можат да придонесат за помалку рачни активности, побрзи одобрувања и подобра координација меѓу вработените.

Започнете со дигитализација на Вашите деловни процеси!

Преземете го бесплатниот прирачник и откријте како со готовите еПроцеси во PANTHEON можете да го направите работењето поедноставно, поорганизирано и поефикасно.

 

За дополнителни информации и советување околу имплементацијата, контактирајте нè на 02 3079 231 или на info@datalab.com.mk.

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X