Кои се разликите помеѓу сметководство на „cloud“ и традиционално сметководство?

Апр 23, 2018 | Новости, претприемништво, Сметководство |

Во последниве неколку години, многупати сме слушнале за нов, поефикасен и побрз начин на водење бизнис – сметководство на „cloud“. Но, иако ова е релативно нов пристап кон бизнисот, многу од компаниите и сметководствените агенции не се запознаени со сите придобивки на Cloud бизнисот во нашата област.

Светските трендови долго време покажаа дека сметководството на „cloud“е посовремена и понапредна опција према „on-premise“ или решенија инсталирани и поставени на локален сервер во рамките на компанијата. Зошто треба да се прилагодиме на новитетите во светот?

Прво да ви објасниме….

Традиционалното (on-premise) сметководство користи традиционален сметководствен софтвер, што подразбира софтвер кој е инсталиран на компјутер на претпријатието и кој го користи за да води деловни книги и други административни задачи. Податоците првенствено се спремаат и се складираат на овие компјутери.

Cloud сметководство е сметководство каде сметководствениот софтвер, како и податоците, се наоѓаат на оддалечен сервер кој не е во сопственост на одредена компанија. Cloud сметководствениот софтвер ја врши истата функција како и традиционалните сметководствени софтвери, разликата е само во неговата локација, мобилност и цена.

Cloud сметководствениот софтвер не бара инсталација и одржување на софтвер на поединечни компјутери и претпријатија. Сè е тоа направено за вас.

Главната разлика е во тоа што Cloud сметководствениот софтвер е “хостинг” на оддалечени сервери и дека деловните податоци се испраќаат до “Cloud-от”, каде што се обработени, складирани и каде што корисникот може да ги “повлече” во секое време. Затоа, за функционирањето на cloud сметководствениот софтвер, потребен е само интерне.

Трошоци?

Токму поради овој факт може да се истакне една од разликите што дефинитивно ги интересира сите корисници на деловни решенија.

Во случај на “on-premise” сметководство, потребно е компанијата веднаш да инвестира во целата потребна опрема, вклучувајќи ги и серверите каде што се чуваат и обработуваат податоците, а потоа и уредите за складирање копии на податоци. Износот на инвестицијата зависи од функционалноста што треба да ја поседува хардверот. Покрај тоа, почетната инвестиција исто така вклучува и стекнување на лиценци за одреден софтвер (оперативен систем, антивирусни програми итн.)

Со Cloud решението е сосема различно. За сметководствените цели на Cloud, првичните трошоци се многу пониски: не е потребно да се набават сервери за складирање и обработка на податоци, уреди за складирање на копии од податоци, лиценци за антивирус… Покрај тоа, поединечните компјутери на кои се создаваат податоците и од кои податоците се испраќаат до “cloud” (односно, оддалечениот сервер) може да имаат помала ефикасност отколку традиционалното сметководство, што значи дека тие се поевтини.

Мора да се одржува купениот хардвер и опрема, што ќе ве доведе до трошоци за одржување. Овие трошоци се значително пониски од Cloud сметководството, поради поевтиното користење на хардверот. Освен тоа, кај “on-premise” сметководството мора да се обезбеди чување на податоци што создава дополнителни трошоци.

Во Cloud сметководствотo, цената на користење се наплаќа по услуга на месечно ниво.

Колку е сето ова сигурно?

Ајде да поедноставиме и да се запрашаме вака: – Дали парите што ги поседувате Ви се посигурни во вашиот паричник или во банка? Ние сме сигурни дека поголемата сума на пари ја чувате во банка.

Поплави, пожари, грабежи, земјотреси и други форми на уништување на материјалните средства се реално потенцијални опасности за хардверот, софтверот и сите податоци во традиционалното сметководство.

Cloud сметководствениот софтвер и податоците се чуваат подалеку од претпријатието на безбедни сервери кои се под контрола на компанијата што ги чуваат безбедно и сигурно од мрежни напади.

Крај на долгите имплементации

Постојат причини зошто воведувањето на ERP систем во едно претпријатие се нарекува долг и тежок процес. Оние кои го претставија “on-premise” решението, самите се сведоци на тоа колку долго се подготвуваа и на крајот целиот труд пак треба да го вложат со цел ефикасно да функционира системот. Додека го воведуваме Cloud решението, сеуште постои имплементација, но повеќе не е техничка, туку повеќе е деловна адаптација. Вие не треба да се грижите за структурата на вашата опрема, се што треба е да имате желба за прилагодување.

Колку ќе потрошите време на купување нови уреди, фрустрации и чекање за да добиете најефективен бизнис софтвер. Промена на уреди кои не ги задоволуваат локалните барања на системот, како и вложеното време на работникот.

Од друга страна, со Cloud сметководство е релативно лесно и брзо да се зголеми договорот, но, исто така и да се намали обемот на Cloud Computing услугите. Сè е онлајн, сè е брзо и лесно, и како што веќе посочивме, тоа бара многу помалку напредна компјутерска опрема.

Клик – клик и еве го!

Имајќи предвид дека сметководствените податоци, информации и извештаи се главните фактори за донесување голем број деловни одлуки, оваа достапност на податоците во cloud сметководство дава и уште една предност. Имено, информативниот систем на компаниите што работат на cloud сметководство им овозможува на компанијата да изготви нови стратегии, поголема флексибилност и мобилност на работната сила. Но, со цел информатичкиот систем да може да го подржува cloud работењето, мора да биде вградено во самиот програм Cloud сметководството.

Со традиционално сметководство за пристап до податоците надвор од просториите на компанијата треба да се има интернет конекција во секое време, како и континуирано работење на серверите на кои се наоѓаат податоците. Покрај тоа, потребно е да имате инсталиран софтвер.

Во Cloud сметководството до податоците може да пристапите во секое време, со било кој електронски уред што користи веб прелистувач (па така до податоците може да се пристапи со мобилен телефон, таблет итн., без ограничувања во врска со моќноста на процесорот на мобилниот уред)

Воведувањето на cloud сметководството може да придонесе на претпријатијата намалување на трошоците и зголемување на продуктивноста на вработените.

Сите придобивки што ги споменавме најдобро може да се користат само доколку информативниот систем на компанијата е базиран на cloud сметководство. Од друга страна, решенијата за cloud во Македонија ги следат регионалните па дури и светските стандарди. Овој дисбаланс помеѓу развојот на Cloud наспроти употребата на Cloud е главно резултат на недоволно познавање на компанијата, незнаење за предностите на таквиот бизнис и неоправдан страв од промени. Во овој случај, резултатите се позитивно.

Не заборавајте, лесно е да се навикнете на нешто многу подобро!

PANTHEON во Cloud

Високите трошоци за инвестирање во лиценци и имплементацијата на софтверско решение за мали и средни претпријатија често го оневозможуваат пристапот до квалитетни, модерни и сложени апликации. За да се реши овој проблем, Даталаб заедно со Телеком, ја објави приказната за Cloud сметководството и нуди прифатливо cloud решение за сите компании кои имаат потреба од висококвалитетен ERP систем и немаат потребната инфраструктура за своите сервери. Решението е за сите компании кои имаат потреба од единствен бизнис систем со кој ќе можат да издаваат нарачки и фактури, да ги следат магацините, да управуваат со сметководството, да управуваат со платите, да планираат производство и да управуваат со сите други деловни процеси.

untitleddatalabДаталаб тимот 

Со симболичен потпис сакаме да ги опфатиме сите поединци, вработени, соработници, партнери и корисници со кои учиме, собираме и разменуваме искуства, знаења, проблеми и решенија секој ден. Без  сите нас заедно сето ова не би ни било. Редовно следете ги нашите објави и предложете кои теми и информации ве интересираат. Денес често можеме да слушнеме: кој ја има информацијата, ја има моќта. Даталаб тимот своето знаење го дели со вас! Споделете понатаму…

X