Даталаб настан на годината

PANTHEON конференција: Дигитализација 2019

Позади нас е уште една успешна PANTHEON конференција која се одржа на 14ти мај во хотел Мериот, Скопје. 

Целта на конференцијата беше да се истакнат актуелните иновации во областа на законодавството, претприемништвото и економијата, како и иновациите кои се носители на дигитализацијата практично применети во PANTHEON.

Конференцијата ја отвори ТВ водителката Елена Митева, каде го најави директорот на Даталаб Македонија, Владо Митев, кој ни ги претстави накратко целите на компанијата Даталаб како и PANTHEON во дигиталниот свет.

 

На конференцијата се претставија реномирани експерти од областа кои дискутираа на теми за состојбата на  дигиталната трансформација во Македонија, факторите за подигање на свесноста за дигитализацијата во различните индустрии, начините како ИКТ компаниите можат да помогнат во процесот на дигитализацијата, улогата на државата за стимулирање на економијата во областа на дигитализацијата, како и за дигитализацијата со PANTHEON денес и визијата за иднината.

Дел од учениците на оваа PANTHEON конференција беа: Анита Никоваизвршен директор на МАСИТ, Mорено Родмангенерален менаџер на Даталаб Технологија, Дамјан МанчевскиМинистер за информатичко општество и администрација, Анета Антова Пешевапретседател на Управниот одбор на МАСИТ, Дарјан Раденковиќдиректор за маркетинг во Браинстер и д-р Мијалче Сантадоцент на Економски факултет, УКИМ.

Горди сме на фактот што повеќе од 250 учесници ни се придружија, кои покрај нашите експерти тука беа и нашите спонзори кои се претставија со неколку новитети.

Конференцијата ја завршивме со наградна игра каде што сите активно се приклучија од сопствените паметни телефони да учевствуваат во наградниот квиз, а главната награда беше Електричен Тротинет.

untitleddatalabТимот на Даталаб

Со симболичен потпис сакаме да ги опфатиме сите поединци, вработени, соработници, партнери и корисници со кои учиме, собираме и разменуваме искуства, знаења, проблеми и решенија секој ден. Без  сите нас заедно сето ова не би ни било. Редовно следете ги нашите објави и предложете кои теми и информации ве интересираат. Денес често можеме да слушнеме: кој ја има информацијата, ја има моќта. Даталаб тимот своето знаење го споделува со Вас! Споделете понатаму…

 

X