Раководство

Управен Одбор на Акционерското Друштво

Андреј Мертељ

Андреј Мертељ

Претседател на Управниот Одбор

Андреј е најдобро да се опише како страствен претприемач за информациони технологии. По завршено математичко средно училиште, се запишува на Факултет за Компјутери, но непосредно пред дипломирањето го остави факултетот поради претприемништвото. Со шеснаесет години ја објави првата стручна работа, а во наредните неколку години следеа повеќе.

Повеќе

Скоро 30 години искуство во ИТ и 25 години во претприемништво, се состои од единствена мешавина на информации и деловно знаење, кое како Извршен Директор на компанија Даталаб го пласира во PANTHEON, еден од водечките деловни програми во Југоисточна Европа. Моментално, страствено гради Cloud услуга за мали и средни претпријатија, заедно со Telekom и земјоделците носи предности на модерните информациони алатки.

Андреј е претседател на Здружението на Словенечки Производители на програмска опрема KODA.SI, беше претседател на Здружението за Информатика и Телекомуникации во Стопанската Комора на Словенија и е член на неколку тела за стандардизација во областа на информационите технологии. Се советуваше со Владата околу воведување на Евро, Данок на додадена вредност и фискалната каса. Еден е од најгласните противници на Европската директива за патентирање на ED и корпоративните работилници.

Морено Родман

Морено Родман

Главен извршен директор и член на Управниот одбор

Морено Родман го водеше Даталаб помеѓу 2002 и 2008 година, и покрај повеќегодишното отсуство, одлично го познава претпријатието. Во текот на овој период, го водеше ширењето на странските пазари, го изгради партнерскиот канал и ја зголеми продуктивноста и профитабилноста. Морено е повторно со нас од Декември 2016 година.

Лојзе Зајц

Лојзе Зајц

Член на управниот одбор и претседател на ревизорската комисија

Лојзе Зајц е роден на 13.02.1954 во Дорфарја кај Шкофја Локе во Словенија. Основно и Средно Училиште завршил во Љубљана, а во 1978 година дипломирал на Економскиот Факултет, на смер Надворешна трговија. Постдипломски студии има завршено за менаџмент. Покрај активниот англиски, зборува и германски и италијански (конверзациски).

Повеќе

Додатно се школувал во Лондон, Business School of Economics. Има оддржано семинар за процена на вредност на претпријатијата како и бројни обуки низ банки во Италија и Германија.

Прво вработување има во Југотекстил-Импекс, каде во 1985 година го превзема управувањето и контролата на финансиското работење во странство и исполнуваше работи со интерни ревизии во претпријатијата, кои беа сопствеништво на Југотекстил-Импекс. Во 1995 година, е именуван за в.д. Генерален Директор, и 1996, именуван е за претседател на управниот одбор на претпријатието IBN-IT дд.

2001 година се вработува во градежно претпријатијем како интерен ревизор, а покасно како извршен директор за економско подрачје. Во последните години во тимот претпријатија успешно водеше имплементација на PANTHEON. Со Даталаб соработува од март 2009 година.

Недим Пашич

Недим Пашич

Потпретседател на Управниот Одбор

Недим е во Даталаб БА од самото основање на претпрјатието. Со PANTHEON меѓу првите се приближи во ИКТ сектрот и мали и средни претпријатија во БиХ. Во 2004 година дипломирал Менаџмент на Информациони Системи на Економскиот Факултет во Сараево. Со претприемништво се занимава од 1997 година.

 

Повеќе
Покрај ИТ, со нагласување на деловен софтвер, со кој и ден денес работи со задоволство и потполно нови деловни предизвици, пронајде деловно искуство во менаџментот, деловното советување, маркетингот и истражување на пазарот.

 

 

На 42. Седница на Управниот Одбор на на компанијата Даталаб д.д., Недим Пашич е именувам за потпретседател на Управниот Одбор (УО).

Секторски Директори

Simon Klemen

Simon Klemen

CDO

Кристијан Братуша - Директор

CIO/COO

Кристијан Братуша дипломирал на Факултетот за Информатички науки во Марибор. Тој се среќава со PANTHEON во 2008 година како поддржувач на модулот ARES и паралелно започнал со тестирање на верзиите. Во 2012 година, тој ја превземал улогата на Менаџер за операции за проверка на квалитетот на производите во PANTHEON, каде го надгледувал и успешно ги извршувал сите сценарија за тестирање, поддршка за тестерирање и го оптимизирал системот за само-тестирање во секое време. По четири години станува менаџер на производи за развојни операции и успешно го водел унапредувањето на процесот на градење и воведување на нова алатка за превод. Во 2019 година, тој завзема нова позиција како Директор по операции во PANTHEON. Една од неговите цели е да го приближи PANTHEON до клиентите со воведување нови е-услуги.

Анка Лебен

Анка Лебен

Извршен Директор за Финансии

Анка Лебен дипломира на Факултетот за Биотехнологија во Љубљана, а потоа специјализира на насоката Економика на Земјоделието. Од своето прво вработување, таа работи со броеви – првично во планирањето, анализите и контролингот, за на крајот да се постави и во сферата на сметководството и финансиите. Нејзините претходни вработувања вклучуваат Agroemona Domzale, Jata Ljubljana, Liko Vrhnika, Energoplan. Таа е меѓу првите кои се класифирцирани во групата на “Квалификувани Смекотовидтели”, сертификат издаден од страна на Словенечкиот Институт на Сметководители.

Во Даталаб се приклучува во Септември 2016 а сега е на позицијата Извршен Директор за Финансии.

Раководители на Оддели

Вања Варл

Вања Варл

Раководител на одделение за услуги

Вања започна со работа во Даталаб во 1999 година, кога за прв пат учествуваше во развојот на програмата за оптика (Helios). Набргу потоа, таа го започнала да работи како проект менаџер за кадровскиот модул (HERA). Во исто време, таа успеала да ја води целата маркетинг компанија, во сите земји каде што е присутна Даталаб компанијата. За осум години организирала и реализирала неколку социјални и професионални собири, од кои четри беа конференции на PANTHEON. Таа ја напуштила Даталаб компанијата и наредните седум години продолжила да работи во сметководствена фирма, каде што ги продлабочила своите знаења во сметководството и даночниот консалтинг, ISO стандардите.Таа исто така работела на развивање на систем за управување со документи. По враќањето во Даталаб во мај 2015 година, таа ја превземала функцијата шеф на Одделот за унифицирани сервисни служби. Нејзината цел била да го подобри искуството за корисници кога комуницираат со поддршката и да ги подобрат внатрешните работни процеси на одделот.

Од декември 2017 година, таа е одговорна на сите подрачја во Даталаб, како Корпоративен раководител на УСД. Како таква, таа продолжува да ја следи нејзината мисија “да овозможи непречено користење на PANTHEON,  нејзината законска усогласеност и остварувањето на нејзиниот целосен потенцијал со професионално и темелно обезбедување на услуги”.

Маја Фујан

Маја Фујан

Корпоративен раководител на Маркетинг

Маја се приклучи во Даталаб во 2008 година како шеф на маркетинг. Има диплома по маркетинг и продажба на Економскиот факултет на Универзитетот во Љубљана. Таа ја започна својата кариера во рекламните агенции каде што доби скапоцени искуства во справувањето на различни видови на клиенти, индустрии и маркетинг пристапи.

Според неа, две работи се исклучително важни кога сакате да бидете успешни: 1. Бизнис фокус, и 2. Разбирање на вашата публика. Разбирањето на деловните мотивации и контекстот, како и соединувањето на луѓето со вклучување во проекти е она што ја прави нејзината маркетинг позиција уникатна и ценета.

Елмир Сикира

Елмир Сикира

Вице Директор за Контролинг

Елмир Сикира димпломира на Економскиот Факултет во Сараево, на насоката Информациони Системи за Контролирање, и Сметководство и Ревизија. Се приклучува на Даталаб во 2007 година. Тој ја започнува својата кариера во Даталаб БиХ како сметководител, а потоа преминува на профит центрите на ниво на Даталаб групација во 2011. Од 2014 година, тој работи со одговорности за оперативен контролинг.

Вања Цигој

Вања Цигој

Корпоративен раководител на Даталаб Академија

Вања Цигој поседува 20 годишно искуство со едукацикативни активности. Таа се приклучува на Даталаб во 2007 година и ја превзема Даталаб Академија, за што таа ја дефинира содржината и организациската структура. Од 2016 година, таа е корпоративен раководител на Даталаб Академија, каде што е одговорна за координација на сите едукации и настани за PANTHEON корисниците и партнерите во 6 држави. Таа е одговорни и за едукациите и настаните за вработените на Даталаб групација.

Вања е здобиена со диплома во Бизнис и Оперативни Системи. Организацијата на настани и другите активности се нејзината животна мисија. Таа е мајка на 4 деца, високо мотивирана, вредна, и комуникативна. Нејзиното мото е “Ништо не е толку тешко и се’ може да биде постигнато само доколку постои доволно желба и сила за истото”.

Амброж Јарц

Амброж Јарц

Помошник извршен директор - асистент CEO

Амброж Јарц дипломирал на Електротехничкиот факултет во Словенија, а потоа се префрлил на смер економија, завршувајќи го МБА во Австрија. Тој го стекнал своето прво работно искуство во Институтот за вакум наука и електроника како истражувач, а потоа се пресели во светот на бизнисот. За 13 години, тој изгради голема ИТ компанија, JAE, која се отворила во 2007 година. Има повеќе од 20 години искуство во B2B и B2C сегментот. Во последните неколку години, тој беше бизнис-инвеститор за разни компании, специјализирани за онлајн системи за B2B и B2C.

Амброж и се приклучи на Даталаб во 2015 година за да управува со спроведувањето на фискалната верификација за фискални каси, а потоа го прифати и предизвикот за раководење со сегментот „на мало“ на корпоративно ниво.

Директори на Филијали

Габер Церле

Габер Церле

Управен директор на Даталаб Словенија д.о.о.

Габер ја започна својата кариера во деловната информатика пред 18 години кај еден од првите интернет провајдери во Словенија. Работел во маркетинг, како и координатор на веб-страници. Неговата кариера ја започнал во Даталаб во 2004 година, кога водел анализа на организациска културата на компанијата како дел од програмата за додипломски студии. Набргу потоа, тој ги превзел одговорностите на шефот на партнерскиот канал.

На крајот од 2007 година, тој – со помош на неговите колеги и партнери – го превзема најголемиот Pantheon проект за имплементација на HRM и платен список. Во текот на следните 10 години, тој продолжил да се здобива со искуство и да ги усовршува своите вештини како бизнис менаџер за ИТ проект, координатор, продавач и имплементатор на друго место, пред да се приклучи на тимот како Управен Директор на Даталаб Словенија д.о.о.

Горан Тежак

Горан Тежак

Директор на Даталаб ХР д.о.о.

Горан е во IT бизнисот веќе во изминативе 20 години, од кои 10 години со фокус на PANTHEON. Тој има диплома како телекомуникациски инжинер. Ја започнува својата кариера во приватна IT компанија, а потоа преоѓа во ORACLE, каде станува регионален лидер за Југоисточна Европа. Во 2007 година тој ја основа својата компанија и станува Даталаб партнер. Во 2016 година станува главен дистрибутер на Даталаб и во 2017 станува Директор на Даталаб ХР.

Недим Пашич

Недим Пашич

Директор Даталаб БиХ Д.о.о.

Недим е во Даталаб БА од самото основање на претпрјатието. Со PANTHEON меѓу првите се приближи во ИКТ сектрот и мали и средни претпријатија во БиХ. Во 2004 година дипломирал Менаџмент на Информациони Системи на Економскиот Факултет во Сараево. Со претприемништво се бави од 1997 година. Покрај ИТ, со нагласување на деловен софтвер, со кој и ден денес работи со задоволство и потполно нови деловни предизвици, пронајде деловно искуство во менаџментот, деловното советување, маркетингот и истражување на пазарот.

Нена Лукиќ

Нена Лукиќ

Директор на Даталаб СР д.о.о.

Нена Лукиќ дипломирала на Факултетот за Математика во Белград во 2000 година. Следните 5 години таа работи како професор по математика и информатика во Гимназија во родниот Крушевац. Активно се вклучува во припремата на програмата за информатика со Министерството за образование и спорт, како и во едукацијата на наставниците на тема мултимедијално образование во основните и средните училишта.

Повеќе
2005. година преминува од просветата, и прв пат се среќава со PANTHEON во претпријатието Фишкал а.д., каде работи како шеф за Маркетинг.
Паралелно работи на усовршување и завршува обука за самостоен книговодител и контист. Покрај тоа, таботи и како инструктор за програмот за едукација “Xpert European Computer Passport”, и автор е на учебникот за Xpert ECDL програмата.
2006. година ја основа фирмата Јамада д.о.о., и започнува кариера како консултант со повече од 90% успешност на сертифицирањата за PANTHEON.
2009. година е добитник на признанието “Бизнис дама”, кое го доделува Успешна жена Србија, Клуб на стопански новинари, Унија на работодавачи на Србија и Регионалната стопанска комора.
Во текот на 10 години, како сениор консултант-специјалист и програмер, го имплементира PANTHEON во повеќе од 100 претпријатија.
2017 година се придружува на Даталаб тимот како директор на Даталаб Србија.
Данко Обрадовиќ

Данко Обрадовиќ

Директор Даталаб МН д.о.о.

По образование е машински инжење. Во 1988 година запоќнува со самостојно развивање на деловен програм. Наредната година основа приватно претпријатие за развој на деловен програм во Црна Гора. Со PANTHEON прв пат доаѓа во контакт во 2003 година, кога и престанува со развој на сопствени деловни програмски решенија. Иако одлично го познава делот деловна информатика, сфати дека поединецот не може да се натпреварува со акумулираните знаења на големиот број стручњаци, кои работат на развој на PANTHEON.

Владо Митев

Владо Митев

Директор на Даталаб МК & Даталаб Л.Л.Ц. Косово

Владо е роден во 1970 година во Скопје. Тој дипломирал на факултетот за машинско инженерство во 1995 година додека во исто време го стартува својот приватен бизнис во IT секторот со голем број на сродни бизниси во сферата на хардвер и софтвер решенијата. Тој станува водечка улога во развојот на добра бизнис стратегија и раст на компанијата од 2 на 30 вработени и ја прави својата компанија една од најдобрите IT компании во Македонија. Тој има раководено голем број на проекти во врска со хардвер, поврзување, неколку ERP решенија и SAP. Од Септември 2016 година станува член на Даталаб тимот како Директор на Даталаб Косово а од Септември 2017 година и како Директор на Даталаб Македонија под свое раководство.

Ивајло Јорданов

Ивајло Јорданов

Директор Даталаб Бугарија Лтд.

Ивајло можеме да го опишеме како амбициозен маркетинг стручњак со многу искуство во директна продажба и односи со клиенти. Посебно е заинтересиран во истражување на задоволството на купувачите и стратегијата на задржување ма клиентите. Го интересира и Дигитал Маркетинг. Многу позитивна особа, секогаш полна со енергија. Слободно време проаѓа во природа, а го одушевува алпинизам. Има дипломирано Маркетинг и Меѓународен Менаџмент на HenelyBusinessSchool, на Универзитет во Reading во Велика Британија. Поседува практично искуство во управување со документни системи (DMS – Document Management System). Во 2013 почнува да работи во Kontrax Бугарија, како администратор на клиенти, специјализиран за проекти кои вклучуваат решенија за управување со документи и PANTHEON. Од 2015 година е директор на Даталаб Бугарија Лтд.

X