Какви промени носи AI во сметководствената индустрија и каква е улогата на ERP системите?

23 Јун 2025

Сметководството какво што го познаваме и применуваме изминативе неколку години, повеќе не е доволно ефикасно, а во голема мера ни точно за потребите на современиот бизнис. Познато е дека вештачката интелигенција (AI) сè повеќе влегува во светот на бизнисот, а со самото тоа и во сметководствените процеси каде значително ја намалува потребата за рачно внесување податоци, анализа на трошоците, а најмногу помага во креирање извештаи.

 

Многумина се прашуваат дали е ова ‘почеток на крајот’ за сметководителите?

Нашето гледиште е дека не, ова не е почеток на крајот за сметководителите, туку е почеток на нов вид сметководство.

Примената на AI не значи дека сметководителите ќе станат вишок – туку дека ќе добијат алатка која им овозможува поумна и поефикасна работа.

Ова е добро пред сè за самите клиенти на сметководствените, односно книговодствените бироа од едноставна причина – добиваат услуга со која ќе можат да им ослободат време на клиентите потребно за работа со административни задачи кои генерално не им се примарни, по природа на работата.

Но, за да биде AI навистина корисен, мора да има сигурен извор на податоци и место од кое може да „учи“. Токму затоа ERP системи, како што е PANTHEON ERP, играат клучна улога во дигиталната трансформација на сметководството.

Како AI оперативно ја менува сметководствената индустрија?

 

Замислете свет во кој фактурите не се внесуваат рачно. Вештачката интелигенција автоматски го чита, класифицира,и го поврзува документот со соодветната сметка и притоа го книжи .

Звучи футуристички нели?

Ова веќе е реалност во фирми кои користат современи ERP решенија во комбинација со AI модулите.

Некои од предностите вклучуваат:

  • Автоматско препознавање и книжење на документите
  • Анализа на финансиските трендови и предвидување на трошоците
  • Откривање на неправилности и грешки во евиденциите
  • Напредно известување прилагодено за менаџментот

Адекватен ERP како предуслов за примена на AI

Повеќето AI решенија не можат да функционираат без структурирани и квалитетни податоци. ERP системот како што е PANTHEON служи како централно место каде што се генерираат, поврзуваат и користат податоците за анализа.

PANTHEON не е само алатка за евиденција – тој е дигитален мозок на компанијата кој овозможува реална примена на AI.

Кога вештачката интелигенција функционира внатре во ERP системот, таа им овозможува на компаниите:

  • Автоматизирани и забрзани процеси
  • Намалено рачно внесување податоци кај сметководителите
  • Донесување одлуки врз основ на точни и брзи податоци
  • Конкурентност и отпорност на промени

Што значи ова за сметководствените бироа и дали треба да се “плашат” од овие промени?

Без грижа! AI нема да ги замени луѓето – но ќе ја замени рутината. Сметководствените бироа кои користат современ ERP систем и ги следат технолошките трендови, ќе бидат во можност да им понудат на клиентите многу повеќе од обичното книжење – стратегиска поддршка, анализи и советодавни услуги.

Сметководителите на иднината се деловни партнери, не само администратори. Со ERP и AI, тие имаат алатки за подобрување на бизнисот на своите клиенти – и можност да се истакнат во однос на конкуренцијата.

Како вашата компанија може да ја искористи оваа прилика?

  1. Дигитализирајте ги сите деловни процеси – без тоа нема напредок.
  2. Воведете ERP систем кој овозможува понатамошна автоматизација и интеграција на AI.
  3. Обучете го тимот да ги користи новите технологии за анализа и донесување одлуки.
  4. Соработувајте со партнери кои ја разбираат технологијата и сметководството.

Иднината е дигитална. Дали сте вие подготвени?

Доколку вашата компанија цели кон тоа да биде една помеѓу лидерите кои ги користат предностите на AI во финансии, првиот чекор е изборот на ERP решение кое овозможува напредни интеграции. Еден од правилните чекори за започнување на дигиталната трансформација е тестирањето токму на PANTHEON ERP решението со цел да видите дали истото може да стане основа за вашата дигитална трансформација.

 

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X