Зошто успешните сметководствени бироа инвестираат во ERP, а не само во кадар?

3 Дек 2025

Сметководствените бироа веќе долго време се соочуваат со предизвикот со кадар. Тешко е да се најдат нови луѓе, особено помлади, кои сакаат да работат во сметководство. Често изгледа дека решението е едноставно: да се вработат повеќе луѓе. Но практиката покажува нешто друго. Успешните сервиси инвестираат во технологија, а не само во луѓе.

Не затоа што сакаат да ги намалат тимовите, туку за да им овозможат на своите вработени попаметна работа и повеќе простор за стручност.

Мит: ERP системот ги заменува луѓето

Кога ќе се спомене ERP, кај многу сметководители се пали црвено светло: „Дали тоа значи дека програмот ќе нè замени?“ Одговорот е јасен: не, апсолутно не! ERP не ги заменува сметководителите – тој ги заменува повторувачките, рутински задачи што одземаат време и енергија.

Рачното внесување на банкарски изводи, внесувањето фактури, барањето документи по папки… Сето тоа се задачи што не бараат стручност, туку само многу време. А токму тоа време ERP им го враќа на сметководителите.

ERP ги ослободува сметководителите од рутинските задачи.

Со ERP, сметководителите наместо со рутина се фокусираат на задачи што навистина носат вредност:

  • им даваат совети на своите клиенти,
  • подготвуваат анализии извештаи,
  • помагаат во планирањето на работењето,
  • нудат решенија за даночни и финансиски предизвици

ERP не ја одзема работата, туку ја подига на повисоко ниво.

Примери од праксата

Сервис со десет вработени порано трошеше и до три дена месечно за обработка на банкарските изводи за сите клиенти. По воведувањето на PANTHEON со “eКнижење“, тоа време се скрати на само неколку часа. Сметководителите не станаа „вишок“ – напротив, добија време да подготвуваат дополнителни анализи и предлози за оптимизација на работењето. Клиентите беа позадоволни, а сметководителите под помалку стрес.

Зошто да се инвестира во ERP, наместо само во кадар?

1. Недостиг на кадар.

Процесот на пронаоѓање нови вработени е долг и неизвесен, а ERP системот веднаш може да преземе дел од работата што инаку би барала дополнителен човек.

2. Знаењето се користи паметно

Вашиот тим веќе поседува знаење, но ако е заглавен во рутина, не може целосно да го покаже. ERP им овозможува време да го искористат знаењето таму каде што најмногу вреди.

3. Поголема конкурентност

Клиентите сè повеќе бараат сметководители кои се партнери, а не само вршители на услуги. ERP овозможува да им понудите повеќе увид и подобри услуги.

4. Помал стрес за тимот

Кога нема повеќе бесконечно препишување и барање документи, работата е подобро организирана. Тоа значи помалку грешки и подобра работна средина.

Честа грижа: Дали ERP систем значи помалку работни места?

Не. ERP не значи дека сервисот наместо пет лица ќе има потреба од двајца. Значи дека пет лица ќе работат попаметно и со поголема додадена вредност. Наместо цели денови да внесуваат податоци, сметководителите можат да станат советници кои им помагаат на претприемачите да донесуваат подобри деловни одлуки.

Клиентите тоа не само што го ценат, туку го очекуваат. Успешните сервиси го разбираат ова и инвестираат во ERP како алатка што им овозможува на вработените да заблескаат.

Заклучок

Успешните сметководствени сервиси вложуваат во ERP затоа што знаат дека иднината не е во повеќе рутина, туку во повеќе советување. ERP не ги заменува луѓето, туку им овозможува да го искористат своето знаење и да ја преземат улогата што клиентите најмногу ја ценат – улогата на доверлив партнер.

Подготвивме прирачник „Сметководство на иднината 2026“, каде што ќе најдете уште повеќе практични совети и примери.

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X