5 PANTHEON функционалности за кои можеби не знаевте дека постојат
Откријте 5 PANTHEON функционалности што (веројатно) не ги користите – а ќе ви заштедат време, ќе ја зголемат точноста и ќе ви го олеснат секојдневното работење.
Колку пати сте си помислиле „Ние PANTHEON го користиме само за фактурирање и книжење…“? Иако повеќето корисници се фокусираат на основните функции на овој моќен ERP систем, многумина не ни знаат колку дополнителни алатки и можности им стојат на располагање – без потреба од големи инвестиции.
Без разлика дали сте сметководител, менаџер или сопственик на бизнисот, голема е веројатноста дека некои од овие функционалности ви поминале незабележани – а всушност можат значително да ви ја олеснат секојдневната работа. Во продолжение ви претставуваме 5 корисни функционалности во PANTHEON кои често остануваат во сенка, но прават вистинска разлика во работата.
1. Паметно пополнување на шаблони за документи – без рачно внесување податоци
Колку пати сте морале да правите речиси идентични понуди, предсметки или налози за ист клиент или ист сет на производи? Наместо секојпат повторно да ги внесувате податоците, PANTHEON ви овозможува да креирате шаблони што автоматски ги повлекуваат потребните информации од базата. Шаблоните можат да содржат СЀ – од името на партнерот и артиклите, до количини, цени и специфични забелешки.
Оваа функционалност не е само „луксуз“ – во компании што дневно креираат десетици документи, таа заштедува часови работа неделно и значително ја намалува веројатноста за грешки.. Особено е практична за фирми кои често испраќаат слични понуди или имаат редовни месечни фактури за истите клиенти.
Практичен пример: Компанија која секој месец испраќа иста фактура за одржување или лиценца на закупец – користи шаблон и ја креира фактурата со само две кликнувања.
2. Директно испраќање SMS или Viber пораки преку PANTHEON – еПораки
Користењето на eПораки е едноставно и брзо. Најпрво се подготвуваат пораките што сакате да ги испратите, а потоа се одредува кога и каков тип пораки треба автоматски да се испраќаат. Откако ќе се направат потребните подесувања, програмот автоматски испраќа SMS или Viber порака на мобилниот телефон на клиентот.
Со активирање на SMS-известувања, можете навремено да ги информирате клиентите преку PANTHEON за важни информации – како што се доспеани побарувања, завршени услуги, наплати, известувања за преземање на производи и слично. Повеќе детали можете да најдете на ТУКА.
Практичен пример: Фирма испраќа потсетник до клиент дека е доспеано плаќањето за одредена фактура, или дека сервисираниот уред е подготвен за преземање.
3. Прикази и визуелна анализа на податоци со BI алатки
Традиционалните извештаи се корисни, но често бараат дополнителна обработка за да им дадат попрегледна слика на менаџерите. PANTHEON BI (Бизнис интелигенција) овозможува креирање интерактивни и визуелни прегледи на најважните деловни податоци. Корисниците можат да креираат контролни табли (dashboard) што во реално време прикажуваат информации како: промет по производи/денови, ниво на залиха, наплата, продажба по региони и многу повеќе.
Со филтри, бои и графикони може лесно да се истакнат најзначајните податоци, што го забрзува донесувањето одлуки. Оваа функција е особено корисна за сопствениците и директорите кои сакаат брз и јасен преглед на работењето, без да губат време на сложени табели.
Практичен пример: Директор во малопродажниот сектор има контролна табла што во реално време му покажува промет по денови, залихи во продавниците и листа на топ 10 најпродавани производи.
4. Внатрешен систем за управување со задачи и потсетници
Заборавена уплата, неодговорено барање или пропуштен рок за понуда – сето ова се случува кога комуникацијата во фирмата се одвива преку Email или случајни разговори „во движење“. PANTHEON ви овозможува да креирате задачи и потсетници што можете да ги доделите на конкретни корисници или тимови, па потоа истите тие се поврзуваат со одреден документ, клиент или проект.
Покрај задачите, можете да поставите рокови, приоритети и статуси (на пример: во тек, приоритетно, завршено, доцни). Ова е одлично решение за компании што сакаат подобра организација, како и за менаџерите кои сакаат да имаат преглед над обврските на својот тим.
Практичен пример: Комерцијалистот си поставува потсетник да го контактира клиентот 3 дена пред да истече понудата, а притоа менаџерот може да следи дали задачата е завршена.
5. Детално управување до пристапот на корисниците
Во многу компании, корисниците често имаат “многу обемен” пристап до ERP-системот, бидејќи поставувањето на права изгледа како сложен процес. PANTHEON овозможува едноставно и прецизно управување со корисничките пристапи – не само на ниво на цели модули, туку и за поединечни функции, документи, па дури и за одредени полиња во формулари.
Ова е клучно за безбедноста на податоците, подобра организација на работата и почитување на принципот „пристап само до она што е навистина потребно“. Ова е особено важно за усогласување со стандарди и регулативи, како ISO или GDPR. Може точно да одредите кој има дозвола да прегледува, внесува, уредува или брише податоци.
Практичен пример: Сметководителот има целосен пристап до финансиските податоци, додека комерцијалистот може да креира понуди – но нема пристап до набавните цени или финансиските извештаи.