, ,

5 совети за управување со залихите кај малите претпријатија

30 Јун 2025

Ефикасното управување со залихите во компанијата е еден од клучните аспекти за успешен раст и развој на бизнисот. При ефикасно управување со залихите, ќе ги избегнете непотребните трошоци кои доаѓаат со вишок на материјали и несовпаднатост на залихите и побарувачката.

Истражувањата покажуваат дека само 18% од малите претпријатија користат ERP решение за управување со залихите, а дури 43% воопшто не водат евиденција или истата ја водат рачно.

Кај малите претпријатија, кои често немаат големи складишни капацитети ниту ресурси за сложени системи за управување, оптимизацијата на залихите може да биде предизвик.

Ние ви издвоивме пет клучни совети кои ќе ви помогнат подобро да управувате со залихите со цел да го подобрите бизнисот.

1.Следете ги залихите со помош на бар-кодови

Системите за управување со залихи често користат бар-код технологија со цел да го оптимизираат следењето и ефикасното управување со залихите. На пример, кога вработениот скенира бар-код на некој артикл, системот автоматски го евидентира движењето на производот, ги ажурира залихите во реално време и го намалува ризикот од грешки поврзани со рачно внесување податоци.

Имплементацијата на оваа метода бара иницијална инвестиција во означување на артиклите и внесување на податоците во ERP системот, но потоа носи бројни предности на долгорочен план. Автоматизацијата ја намалува потребата од рачна работа, го забрзува процесот на попишување и ги отстранува грешките направени при рачното куцање на податоците.

Деловните програми како PANTHEON овозможуваат лесно поврзување со системите за управување со залихи (WMS) преку API. Преку API интерфејсот, податоците од складиштето се усогласуваат со програмата.

Тоа значи дека сите податоци се усогласени, а контролата на бизнисот во складиштето е значително поедноставeна.

upravljanje zalihama u malom poduzeću

2. Користете FIFO (First in – first out) метода

Оваa метода е корисна за производи кои имаат определен рок на траење или мораат да се продадат во одредено време. FIFO методата избегнува пропаѓање на постари артикли така што најстариот се продава прв, а најновиот последен – од каде и потекнува називот “first in – first out” или  „прв влезен – прв излезен“. Предност кај оваа метода е тоа што го следи природното кружење на залихите, едноставна е и ја одразува моменталната  состојба на залихите.

3. Имплементирајте Just in time (JIT) стратегија

Just in time – „точно на време“ методата е корисна за повеќе различни индустрии, а најмногу за производството. Овој систем на управување со залихи се базира на усогласување на нарачките на материјали од добавувачи со распоредот на производството. Предноста кај оваа метода е што го минимизира проблемот со вишокот залихи и ветува дека нема да дојде до распаѓање на материјалите.

Малите претпријатија често немаат големи складиишта, што ја прави оваа метода исклучително погодна за нив. Недостатокот е што не е секогаш можно комплетно прецизно да се предвиди побарувачката и може да дојде до задоцнувања поради различни фактори.

Интересна информација е дека оваа метода се нарекува и „Toyota метода“ бидејќи овој производител на автомобили прв ја реализирал и искористил со цел да ги намали трошоците и отпадот и да го оптимизира процесот на продажба.

4. Cross – docking за соработка со различни добавувачи

Крос-докинг е логистички систем кој се темели на што пократко време задржување на залихи во складиштето, односно, пристигнатите артикли се пренесуваат директно во возилата за транспорт без претходно складирање по магацини. Оваа стратегија овозможува побрза распределба на стоката, ги намалува трошоците за складирање и ги оптимизира логистичките процеси.

Постојат различни видови крос-докинг како: малопродажен, производствен и E-commerce крос-докинг, во зависност од видот на производот и потребите на ланецот на залихи.

Малопродажен крос-докинг ги поедноставува залихите кај ланците од добавувачите до малопродажните продавници, додека производствениот крос-докинг ги поддржува just-in-time производните процеси, каде компонентите се примаат и веднаш се пренесуваат на производните линии, со што се минимизираат залихите и потребата за складирање.

E-commerce крос-докинг овозможува брзо менаџирање и распределба на онлајн нарачки избегнувајќи го традиционалното складирање, што резултира со побрза испорака до клиентите.

Клучот на успешниот крос-докинг лежи во прецизна координација помеѓу добавувачите, доставувачите и крајните корисници, како и во користењето на напредни системи за следење на производите во реално време.

Предностите на овој систем вклучуваат побрза испорака, олеснето управување со производите и оптимизација на трошоците за транспорт и складирање.

5.Одржувајте го нивото на залихи на оптимално ниво

Корисен метод за одржување оптимално ниво на залихи е ABC анализата. Овој метод дели одредени артикли во категории според вредноста што ја имаат за деловното работење во претпријатието.

На пример, категоријата А може да содржи најскапи и највредни артикли, категоријата Б помалку вредни и Ц најмалку вредни.

На овој начин добивате поголема прегледност над вашите залихи и согласно тоа адаптација на вашиот бизнисот.

Вака се олеснува донесувањето на одлуки бидејќи ќе знаете каде треба да ги насочите ресурсите односно, кои производи носат најголема добивка.

Постојат ли достапни ERP решенија за мали претпријатија?

Деловната програма може значително да го олесни работењето кај малите претпријатија бидејќи овозможува автоматизирано следење на состојбата и целосна прегледност над складиштето. На овој начин се добива на драгоцено време за компаниите кое може да се искористи за работа на стратешки важни задачи.

Онлајн деловните програми како што е PANTHEON Web Light се идеални за мали претпријатија бидејќи не бараат голема почетна инвестиција и овозможуваат се што ви е потребно за автоматизација кај помалите претпријатија. Лесен е за користење и за работа ви е потребен само компјутер и интернет.

Покрај тоа, овозможува и поврзување на залихите со останатите оддели како продажба и сметководство. На тој начин се олеснува планирањето на бизнисот и се намалува времето потрошено на административни задачи.

Модуларниот дизајн на PANTHEON овозможува адаптација на решенијата по мерка и потребите на компанијата без оглед на големината.

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X