eMessages: Како персонализираните SMS и Viber пораки испратени од PANTHEON може да ви го сменат секојдневието !?

29 Јул 2025

Во динамичниот свет на деловното работење, времето е пари. А токму информациите, кога се навремени и точни, можат да бидат клучот за брзи и правилни одлуки. Затоа PANTHEON ERP нуди напреден систем за автоматски и персонализирани пораки испратени преку SMS и Viber, со кои вашата компанија останува организирана, ефикасна и чекор пред другите. Еве неколку клучни активности кои ние сметавме дека се интересни и ги издвоивме:

Дневен промет – секој час

Следењето на дневниот промет е клучно за носење на брзи стратешки одлуки. Со PANTHEON, директорите и менаџерите можат да добиваат автоматска порака со прометот по локации, магацини или продажни места. На пример:

„Скопје 1: 342.000 ден., Битола: 198.000 ден.“

Наместо да се логираат во системот, информацијата доаѓа до нив – јасна, концизна и во реално време.

Испраќање структура на отворени ставки

Следењето на навременото плаќање од страна на клиентите е секојдневен предизвик во секоја компанија. Наместо рачно да проверувате и анализирате, PANTHEON ви овозможува автоматски да добивате известувања за сите отворени ставки – директно на вашиот мобилен, преку SMS или Viber.

Ова овозможува брз увид во доспеаните побарувања по купувач и ви помага веднаш да преземете акции. Финансиските тимови штедат време, а менаџерите носат побрзи одлуки

Автоматско известување за документи и резервации

Во динамичното работење, често се случува резервирана стока да пристигне, но никој да не забележи. Затоа PANTHEON автоматски испраќа порака кога стоката повторно е на залиха.

Комерцијалистот веднаш добива известување: „Артиклот ABC123 е повторно достапен. Проверете ја вашата залиха.“

Истовремено, клиентот добива потврда дека неговата нарачка е спремна. Ова значително го подобрува искуството со клиентите.

Маркетинг кампањи до потрошувачите преку Viber и SMS

Промотивните активности имаат најголем ефект кога се директно насочени и навремено доставени. PANTHEON овозможува автоматско испраќање маркетинг пораки до вашите клиенти преку SMS и Viber.

Пример: „Само овој викенд: 20% попуст на сите производи во нашата продавница во Аеродром!“

Пораките може да се сегментираат според локација, историја на купување или интереси. Ова води кон зголемена продажба со минимален напор.

Сервисни налози – известување по статус

Кога клиентот остава уред на сервис, тој очекува навремени информации.

PANTHEON автоматски испраќа известувања за секоја промена на статусот:

„Вашиот уред е примен“,

„Во тек е чекање на дел“,

„Сервисот е завршен“.

Клиентот е информиран, не мора да се јавува, а компанијата покажува професионализам и транспарентност.

Месечна плата и одмор

Секој вработен сака да знае колку заработил и колку одмор му преостанува. Преку PANTHEON, секој месец автоматски можете да испраќате информации за нето -плата, број на неискористени денови од годишен одмор, и (по потреба) внатрешна оценка. Сето тоа преку приватна порака, директно на телефонот на Вашиот вработен.

Ова создава чувство на информираност и доверба кај вработените.

Список на активни задачи

На почетокот на секој работен ден, системот може автоматски да испрати порака до секој вработен со список на задачи кои се сè уште активни или долго време чекаат. Пример:

„Имате 4 задачи кои чекаат на вас!.“

Овој систем ја подобрува продуктивноста и помага при поставување приоритети.

Известување за артикли со истечен рок

Во магацините, голем број од артиклите имаат рок на траење.

Со PANTHEON, комерцијалистите и магационерите можат да добиваат дневни известувања за производи на кои рокот ќе им истече наскоро.

Благодарение на ова, може навреме да се организираат акции, попусти или вратен промет – минимизирајќи ја загубата.

Било каков извештај на Viber

Сите извештаи што ги креирате во PANTHEON – продажба, финансии, магацин, човечки ресурси – можат да се испратат преку Viber како кратка, структурирана порака.

На пример: дневен извештај за продажба по категории. Не мора да се испраќа по е-пошта или да се отвора PDF – ова овозможува брза прегледност преку вашиот мобилен телефон.

Известување за минимална залиха

Во реално време, системот алармира кога одреден артикл паѓа под зададената минимална залиха. Супервизорите и набавниот тим добиваат порака:

„Артиклот X е под минималната количина.“

Благодарение на ова, може веднаш да се започне со набавка на истиот и да се избегнат доцнења во производствениот процес или продажба.

Дополнително: известувања за продажба и човечки ресурси

  • Топ 10 артикли и купувачи: Комерцијалистите секојдневно добиваат увид во тоа кои артикли и клиенти се најпродуктивни, што им помага подобро да планираат понуди и комуникација.
  • Продажба по комерцијалисти: Секој ден – увид во продажбата по лице, а на месечно ниво – салдо и споредба. Ова поттикнува здрава конкуренција и транспарентност во тимот.
  • Известувања до вработените: Автоматски пораки за годишен одмор, преостанати денови, евиденција на работно време или роденденска честитка. Малку внимание, но голема мотивација.

Повеќе информации за eMessages услугата од PANTHEON, можете да прочитате ТУКА, или пишете ни на info@datalab.com.mk.

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X